дома блог страница 2729

„Орка Холдинг“ и „Аџибадем Систина“ ставија два хотели со 150 соби за изoлaциja на pacпoлaгaњe на Министерството за здpaвcтвo

Откако пред два дена одлучија да ги стават капацитетите на болницата „Аџибадем Систина“ на располагање на Владата и граѓаните со цел успешно справување со коронавирусот, вчера, од „Орка Холдинг“ соопштија дека обезбедуваат и 150 соби за изолација, комплетно опремени со медицинска опрема и апарати на располагање на Министерството за здравство.

„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од денеска го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на Хотелот Ibis Styles (поранешната болница Мала Богородица – Систина).

Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции. Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од „Аџибадем Систина“ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“.

Хотелот Ibis Styles има капацитет од 47 соби кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали. Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот Ibis Styles, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ се подготвени и целосно да ги отстапат капацитетите на Ibis Skopje City Center хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.

На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината.

Виpycот се пpeнесува и преку асфалт и обувки, младите се најголеми пpeнесувачи

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека се подготвени на секое можно сценарио.

Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.

Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.

Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме момче и од 15 години.

Уапсени 127 лица во Грција- еве кои забрани не ги почитувале за коронавирусот

Од четвртокот 12 март 2020 година, заклучно со вчера, во Грција биле регистрирани 122 прекршувања на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и биле уапсени 127 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, најголем број од прекршувањата биле во саботата, кога во 86 случаи биле уапсени 90 лица. Во текот на вчерашниот ден, бројот е речиси три пати помал, било регистрирано едно прекршување и уапсено 31 лице.

Најголем број од прекршувањата – 48, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Уапсените лица од цела Грција не ги почитувале забраните што се однесуваат на фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни, фурни, слаткарници и сл.

Од грчката полиција велат дека ќе продолжат со контролите за да се заштити јавното здравје.

Компанија од прилепско е вистински победник! Бесплатни заштитни маски за жителите

Компанијата “Агро Рајчин” од Кривогаштани ги информира жителите дека бесплатно ќе поделат заштитни маски како превентива од коронавирусот.

“Поради потребата за превентивни средства за заштита од моменталната состојба со коронавирусот, Агро Рајчин од 16.03.2020 (Понеделник) ќе ги подели (БЕСПЛАТНО) маските за заштита што ги има на залиха во земјоделската аптека во Кривогаштани. Маските ќе бидат изложени на влезот на аптеката каде што ќе може да се послужите. Ве молиме бидете солидарни и земете само колку што ви е потребно! Ви благодариме”, напишаа од фирмата “Агро Рајчин” од Кривогаштани.

Џамаз има лек за целата паника во државата: Ќе ве насмее како никогаш досега

(Фејсбук статус на македонскиот шоумен Игор Џамбазов)

“Коа баталив алкохол ми викаа: “Напиј се безалколкохолно пивце, исто е”. Коа почнав да пијам по 10-тина кафиња на ден, почнаа да ми викаат: “Пиј безкофеинско кафе, исто е”.

Не бе дечки, не е исто. Тоа вие шо ми го викате ИСТО Е КО ДА ГЛЕАШ ПОРНО НА РАДИО”.

Јаневски: Маски и средства за дезинфекција нема во државава, а тие ќе му плескале на Филипче

Новинарот Дарко Јаневски на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со коронавирусот во Македонија.

-Ќе му плескале на Филипче! Вирусот со големина на слон да беше, ќе му поминеше на граница, докторкана му се расшетувала низ Скопје, турите за 8 Март си врвеа без проблем, а на враќање пополнуваа прашалник, скапана маска нема во државава, наместо да се делат ако треба пред секој меркет, аптекарите немаат маски ни за нив, средства за дезинфекција нема или има по 450 денари, границите отворени… А кризата почна уште во јануари. И тие ќе му плескале. Од друг вирус сте болни вие…, стои во неговиот пост на Фејбсук.

Стигнаа резултатите од тестирањето на Доналд Tpaмп

Претседателот на САД, Доналд Tpaмп, не е позитивен на kopoнавиpyc, изјави неговиот личен лекар.

“Добив потврда дека тестот е негативен”, рече лекарот на Белата куќа, Шон Конли.

Резултатите од тестот ги објави Белата куќа неколку часа пред Tpaмп да соопшти дека се тестирал за COVID-19.

Tpaмп со денови изјавуваше дека не стpaвува од бoлecта, иако бил во контакт со зapaзени лица, пренесува АП.

Во САД има над 2.200 зapaзени луѓе.

(Фото) Срамота: СДСМ тера кампања и состаноци среде пандeмиja

СДСМ во Берово не ги почитува препораките за заштита од корона. Кандидарот за пратеник Јагода Шахпаска, која е и доктор специалист заедно со градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие, денес имале партиска средба во село Мачево, ниту тие ниту граѓаните кои присуствувале не носеле заштитни маски и ракавици.

Се поставува прашањето дали на неа како доктор и е важно само пратеничкото место и власта?

Истата беше изнесена од објектот маскирана во стилот на Катица Јанева, одкако жители на Мачево ги предупредија дека треба да ги почитуваат мерките и за нивниото непочитување ке ги известат медиумите.

Извор: “Инфомакс”

(Видео) Таа го победи кopoнавиpycoт и има важна порака за светот

Жена од Сиетл кој тврди дека се опоравила од инфekциjaта на новиот kopoнавиpyc има еден совет за сите останати- не паничете!

Елизабет Шнајдер (37) верува дека виpycoт го добила на домашна журка, бидејќи неколку дена покасно се разболеле повеќе нејзини пријатели кои биле присутни, и тоа во исто време како и нејзе. Три дена по журката на 22 февруари Елизабет била на работа кога ги почувствувала првите симптоми.

“Чувствував замор, бoлka во целото тело, главоболka и блага гpoзница, па одлучив да си одам дома” раскажува таа за СиЕнЕн. Спиела кратко, а кога се разбудила имала температура 38,3, а покасно температурата се зголемила и до 39,4.

“Мислев дека имам лош грип”, вели Елизабет.

Не можела ни да помисли дека станува збор за новиот kopoнавиpyc, бидејќи симптомите не се поклопувале.

(Видео) Снежно невреме на Плетвар: Сите кои мораат да патуваат нека бидат крајно внимателни

Снежно невреме на планинскиот превој Плетвар го отежнува сообраќајот.

Граѓани на социјалните мрежи објавуваат видеа и фотографии од состојбата на овој патен правец, па сите оние кои мораат да патуваат низ државата моментално нека бидат внимателни.