Компанија од прилепско е вистински победник! Бесплатни заштитни маски за жителите

Компанијата “Агро Рајчин” од Кривогаштани ги информира жителите дека бесплатно ќе поделат заштитни маски како превентива од коронавирусот.

“Поради потребата за превентивни средства за заштита од моменталната состојба со коронавирусот, Агро Рајчин од 16.03.2020 (Понеделник) ќе ги подели (БЕСПЛАТНО) маските за заштита што ги има на залиха во земјоделската аптека во Кривогаштани. Маските ќе бидат изложени на влезот на аптеката каде што ќе може да се послужите. Ве молиме бидете солидарни и земете само колку што ви е потребно! Ви благодариме”, напишаа од фирмата “Агро Рајчин” од Кривогаштани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.