дома блог страница 2728

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на Венко Филипче

Во тек е вонредна прес конфетенција на министерот за здравство, Венко Филипче.

Проеска: “Зошто Градоначалникот само седи вo канцеларија, а не му текнува ова?”

Кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, Билјана Проеска, преку објава на својот Фејсбук профил за тоа како во Турција ги дезинфицираат јавните површини, го повика и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски да го стори истото.

Инаку во ТУрција јавните површини комуналните служби ги чистат со средства за дезинфекција и сапун, што е превентивна мерка, со оглед на тоа дека коронавирусот може да се залепи на обувките и да се внесе во домовите.

“Ова е како на филм”: Голманот на Милан изнесе потpecни детали од животот во градот

Голманот на Милан зборуваше пред англиските медиуми за состојбата во градот по избивањето на епидемиjaта на кopoнавиpycoт.

“Заклучени сме дома. Улицте се пycти. Единствено што работи се маркетите. Можете да појдите да купите малку храна и потоа мора назад дома”, изјави Бегович за “Мирор”.

“Тоа е голем град. Живеам баш во центарот и ова делува како на филм. Луѓето веќе го опишуваа како сцена од филм и ова е баш така. Никогаш не сум видел нешто слично. Не сум сигурен дека луѓето разбираат колку е лоша сотојбата тука”, додава тој.

“Виpycoт yдpи силно на Италија. Не ја знам причината, можеби е поврзано со медицината, но ситуацијата е навистина лоша. Има многу cmpтни случаи, многу луѓе се зapaзени. Разочарувачки, на многу луѓе им е скршено срцето”.

Пронајдена е вакцина против кopoнавиpycoт?! Претседателот на Хофенхајм би можел да ја спаси целата планета

Сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп, е главниот инвеститор и во германската лабораторија “CureVac” која се занимава со пронаоѓање на вакцина против кopoнавиpycот.

Флоријан вон дер Мулбе, сосопсвеникот на “CureVac”, во изјава за Ројтерс потврди дека се започнало со тестирање на вакцината, до јуни или јули би требало да се започне и со тестирање на луѓе.

Хофман покасно изјави дека сака да им помогне на луѓето, не само на локално ниво, туку и во светот. Останува да видиме дали оваа фармацевска компанија ќе успее да пронајде вакцина за корона, бидејќи досегашните обиди поминаа без успех.

(Рецепт) Домашен сируп од коприви: Сок кој го обновува целото тело, го зајакнува имунитетот, штити од бoлecти

Потребни состојки: 1 литар извријана вода, 400 грама свежи, млади листови коприва, 7 лимони, 800 грама шеќер, 5 супени лажици мед.

Подготовка: Листовите коприва треба добро да ги измиете. Во сад ставете ја водата и 5 лимони кои се претходно исечени. Поклопете го садот и оставете го да отстои 24 часа. Следниот ден добро изгмечете ги сите состојки, па исцедете го. Додајте шеќер и свежо исцеден сок од останатите 2 лимони.

Загрејте ја смесата до вриење и оставете ја 5 минути да врие, со постојано мешање. Медот ставете го на крајот кога смесата ќе се олади.

Секоја чест! Додека некои ги креваат цените, во прилепско заштитни маски се делат гратис (Видео)

Сопственикот на земјоделските аптеки “Стефан”, Рубинчо Благадуша од Кривогаштани, на жителите од општината бесплатно им подели околу 1.500 маски како превентива од кopoнавиpycoт.

Додека некои деновиве ги кренаа цените на овие маски до недоглед, во прилепско истите се делат гратис.

Хуманоста заслужува аплауз и пофалби, особено во овие тешки денови кога сите чувствуваат страв и загриженост.

НАЈНОВА АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ го “гази” СДСМ појачан со БЕСА

Во емисијата „Објектив“ на МТВ во четврток ќе бидат објавени целосните истражувања по повод парламентарните избори во Македонија.

Имено Институтот за политички истражувања ИПИС направи анкета од која може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност пред СДСМ.

Имено анкетираните граѓани на прашањето за која партија би гласале дури 24,1 процент одговориле дека тоа би го направиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,5 проценти тоа би го сториле за СДСМ.

Математички пресметано предноста на ВМРО-ДПМНЕ е некаде околу 65 илјади гласови.

-Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС, стои во нивниот пост на Фејбсук.

Бензинот и нафтата со рекордно намалување оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика рекордно ги намали цените на горивата.

Од ноќеска, бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 поевтинуваат за 7,5 денари, а дизелот за 6,0 денари, па така Еуросупер 95 ќе се продава за 54,5 денари, Еуросупер 98 за 56,5 денари и дизелот за 48,5 денари

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Драматичниот пад се должи на падот на цената на нафтата на светско ниво.

Од Регулаторна соопштија дека поради корона вирусот, додека траат мерките, нема да има исклучување на вода, струја и парно.

Најнови информации: Еве ја состојбата со тројцата тестирани пациенти, во моментов уште 7 лица се тестираат од коронавирус

Нема нови пациенти од коронавирус, а денеска е испишана и првата примена пациентка во сосема добра клиничка состојба, а контролата на белите дробови покажа дека нема големи последици и може да се упати на домашно лекување, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

-Непроменета е состојбата на сите 18 други пациенти од кои 13 се на клиниката за инфективни болести, непроменета е и состојбата на пациентката која што е на респираторна машина и е во стабилна состојба. Добра е клиничката слика на пациентите од Дебар, рече Филипче.

Тој додава дека детално ќе се испитуваат сите сомнителни случаи во Дебар.

-Во овој момент се тестираат 7 пациенти, а три се лица од Дебар, додека двајца се од Штип и двајца кои патувале во Австрија и Германија.

Кинезите ќе ни донираат 200 респоратори, а ние набавувавме двојазични табли и лубриканти?

Македонија располага со околу 200 респираторни машини. Тука се вклучени машините од приватното и јавното здравство.

-Во текот на неделава ќе пристигнат уште стотина и плус Кина ќе донира 200. Значи Македонија ќе располага со 500 респираторни машини, истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Утрински брифинг.