дома блог страница 2727

Зошто треба да се седи дома? Еве каква е состојбата во болниците во Италија (Видео)

На социјалните мрежи постојано се појавуваат нови и нови видеа од состојбата во болниците во Италија.

Видеото во продолжение најдобро отсликува колку сериозна болecт е kopoнавиpycoт и на какви маки се изложени заболените.

Погледнете:

Кривична пријава за поранешен директор и уште едно лице од Еурокомпозит: Се товарат за злоупотреба на околу 80.000 евра

Одделение за стопански криминал при ПС Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесе две кривични пријави против З.Г. поранешен директор на фабриката “11-ти Октомври – Еурокомпозит” и против уште едно лице со иницијали В.К.

Според информациите кои ги добивме, осомничените се товарат за злоупотреба на службената должност според член 353 од Кривичниот законик, односно за злоупотреба на буџетски пари во висина од околу 80.000 евра, за набавка на 150.000 шлемови од Република Гана.

Повеќе информации очекуваме во наредните денови.

Ниту корона не ги спречува: За некои прилепчани потреба е изолација засекогаш (Фото)

И во време на криза, несовесни граѓани кризираат низ градов.Утринава дупки осамнаа на местата каде минатата година беа засадени зимзелени украсни растенија во населбата Точила. По Дабнички канал пак, состојбата е очајна. Искршени се дрвајата кои минатата недела комуналците ги засадија со цел да се формира зелен појас околку критичниот Дабнички канал.

И додека комуналците се на врвот на задачата да одржуваат редовна хигиена низ градов, да вршат дезинфекција на критичните места по однос на управувањето со отпадот, но и во време на пандемија да создаваат зелени површини и да засадуваат млади садници, совеста на одредени прилепчани никако да проработи.

Разочарани од постапките на граѓаните, комуналците и понатаму ќе се борат против оваа со години немила појава, и на места на искршените и откорнатите дрвја и украсни растенија ќе засадат нови. Сепак, останува прашањето дали и во време на пандемија, дали и во вакво време невреме кое се заканува на целиот свет, толку сме храбри и некултурни за да уништуваме општи добра, кои пред се користат за здравјето на луѓето, го подобруваат амбинеталниот воздух и служат за чиста животна средина за која се залагаме сите.

Пример за општествена одговорност! Кафе бар нуди бесплатно кафе и пијалоци за вработените и докторите во Државната болница

Подвижниот кафе бар NOMAD Coffee Bar oбјави дека од денеска, па до крајот на неделата, вработените во Државната болница во Скопје ќе можат слободно и бесплатно да се послужат со кафе и освежителни пијалоци од нивниот кафе бар.

Ова е за секоја почит и пример како секој, па дури и најмалиот може да покаже огромна општествена одговорност!

“Вељаноски со час по право за Пендаровски, вистината е како шило”

(Фејсбук статус на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски)

СОБРАНИЕТО НЕ НАПРАВИ ПРАВЕН ПРЕСЕДАН

Со оглед на развојот на настаните поврзани со ширење на пандемијата Covid-19, јас сум за одложување на изборите и нивно презакажување за период кога ќе биде извесно дека истите нема да влијаат на загрозување на здравјето на граѓаните.

Овој статус решив да го напишам бидејќи деновиве слушам дека веќе имало правен преседан кога Собранието било распуштено па се вратило во заседание, но вистината е сосема поинаква:

1. Прво, на 87-та седница одржана на 18 јануари 2016 година се донесе одлука за распуштање на Собранието која одлука имаше одложено дејство односно со примена од 24 февруари 2016 година.

2. Второ, бидејќи тогашната опозиција не се согласуваше да има избори (иако беа во Пржино договорени) и имаше најава од опозицијата дека нема да учествува на избори, поради тоа пред да стапи примената на одлуката за распуштање на Собранието на 95-та седница одржана на 23 февруари 2016 година Собранието донесе одлука за измена на одлуката за распуштање, со тоа што примената наместо на 24 февруари да биде на 7 април 2016 година.

3. Трето, Собранието согласно изменетата одлука на 7 април 2016 година се распушти и се донесе решение за одржување на избори на 5 јуни 2016 година.

4. Четврто, откако се распушти Собранието и се донесе решение за избори, Уставниот суд со одлука У.бр.104/2016 во мај 2016 година ја поништи одлуката за распуштање на Собранието и врз основа на таа одлука на Уставниот суд, Собранието продолжи да работи се до 17 октомври 2016 година.

Според ова, СОБРАНИЕТО НЕ НАПРАВИ ПРАВЕН ПРЕСЕДАН туку Уставниот суд ја поништи одлуката за распуштање, а за мотивот и образложението на одлуката на Уставниот суд во друга прилика.

Поднесено обвинение за двајца прилепчани за кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела –Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од 103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари – информираат од државното јавно обвнинителство.

Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари.

Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор,кои на обвинетите претходно им беа веќе определени.

(Фото+Видео) Одговорноста на прилепчани му пркоси на коронавирусот: Големо браво!

Прилепчани доследно ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот. Синоќа централното градско подрачје беше речиси целосно празно.

Луѓе можеа да се видат тек-тук по некој, паркинзите и плоштадите беа празни, а еднинствено нешто што работеше беа аптеките и по некој објект за брза храна.

Кога последен пат сте ги виделе паркинзите на булеварот “Гоце Делчев”, кај општината и кај ЦК “Maрко Цепенков” целосно празни?

Добро е што свеста кај граѓаните работи, а тоа со сигурност ќе спречи ширење на опасниот вирус кој го треси целиот свет.

Еве како изгледаше плоштадот “Meтодија Андонов-Ченто” во 21 часот:

Ова е рaспоредот на лекциите за денеска во рамки на проектот ТВ училница

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми ги известува учениците за распоредот на лекциите за денеска кои ќе се оддржат во рамките на проектот ТВ – УЧИЛНИЦА!

Денеска (17.03.2020) со почеток од 10:30 училишниот час по Природни науки (I одделение), Математика (I и II одделение), Музичко образование (II одделение) и Слободно време (I до III одделение) на македонски наставен јазик ќе го одржи одделенскиот наставник Билјана Ивановска од ООУ “Вера Јоциќ” општина Гaзи Баба, исто така со почеток од 12:30 истите предмети на албански наставен јазик ќе ги одржат одделенските наставници Хатиџе Топали, од ООУ “Петар Здравковски – Пенко”, и Мерита Ајдини од ООУ “26 Јули” општина Шуто Оризари.

“Вирусот се шири и нема да се смири, а знам јас дека сакаш по кафиња да акаш” (Урнебесно видео)

“Распеани стружани” направија песна за корона…

Слушајте во продолжение, текстот е посебна приказна:

Пет нови случаи позитивни на кopoнавиpyc во Македонија

Пет нови случаи со кopoнавиpyc во Македонија. За други две лица ќе се врши дополнително тестирање.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше за состојбата.

Утрово беа тестирани 7 лица, од кои 4 се позитивни, а 3 се негативни.

Дополнително позитивна на кopoнавиpyc е жена која е вратена од Холандија пред неколку дена. Развила симптоми и денес се јавила на Инфективна клиника.

Контактирани се лицата од нејзиното семејство, возачот на таксито кој ја возел од аеродром, а се контактираат и лицата со кои била во авион од Виена. Пациентката е од Скопје и е веќе хоспитализирана.

Другите 4 лица чии резултати денес беа позитивни се од Дебар и на лекување остануваат таму.

Во болницата „Жан Митрев“ кај дополнителни две лица се позитивни резултатите за коронавиpyc. Утре ќе се тестираат уште еднаш. Двајцата се од Скопје.