(Фото+Видео) Одговорноста на прилепчани му пркоси на коронавирусот: Големо браво!

Прилепчани доследно ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот. Синоќа централното градско подрачје беше речиси целосно празно.

Луѓе можеа да се видат тек-тук по некој, паркинзите и плоштадите беа празни, а еднинствено нешто што работеше беа аптеките и по некој објект за брза храна.

Кога последен пат сте ги виделе паркинзите на булеварот “Гоце Делчев”, кај општината и кај ЦК “Maрко Цепенков” целосно празни?

Добро е што свеста кај граѓаните работи, а тоа со сигурност ќе спречи ширење на опасниот вирус кој го треси целиот свет.

Еве како изгледаше плоштадот “Meтодија Андонов-Ченто” во 21 часот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.