дома блог страница 2726

(Видео) Индијците тврдат дека имаат лек за кopoна: Се подготвува масовно производство

Индискиот произведувач на фарамцевски состојки “Ласа суперџенерикс” соопшти дека започнале соработка со Институтот за хемиска технологија од Мумбај како би започнале со работа на експерименталниот лек против новиот кopoнавиpyc.

“Со заеднички сили напорно работиме на истражување на фавипиравирот, антивиpyceн лек кој има голем потенцијал во бopбата против широк спектар на виpycи. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за да добиеме дозвола од индиската Агенција за контрола на лекови, за лекот да се најде на индискиот пазар што побрзо”, изјави доктор Омкар Херлекар, претседател на извршниот одбор на компанијата “Ласа суперџенерикс”.

“Наместо дезинфекција на јавните површини како во сите градови, градоначалникот со скудни мерки?”

Додека во некои од општините се дезинфицираат и перат јавните површини, градоначалникот на општина Прилеп засега предлага само скудни мерки?

Во Берово и Кочани се затворени пазарите, а во Куманово и Струмица комуналците ги дезинфицираат и перат плоштадите и останатите јавни површини.

Во продолжение го пренесуваме и денешното соопштение од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:

Почнувајќи од денеска, се задолжуваат сите стопански субјекти на територијата на општина Прилеп кои имаат обезбеден сопствен превоз за своите вработени, да се врши дезинфекција на превозните средства, повеќекратно во текот на денот и веднаш да се изврши редуцирање на редоследот на седење на вработените во автобусите, минибусите и останатите превозни средства со кои располагаат стопанските субјекти.

Во продолжение, се’ уште важат и ќе продолжат да важат мерките на претпазливост дадени од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Оваа мерка стапува на сила веднаш, со цел да се заштити населението на територија на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус). Градоначалник на општина Прилеп,

Илија Јованоски

Еве како во Струмица превентивно постапуваат против коронавирусот:

Направете сами заштитна маска за само 2 минути

Еве начин како сами да направите заштитна маска од хартиени салфети за само 2 минути.Потребни ви се: хартиени салфети, гумички за тегла и селотејп.
Начинот на изработка е многу едноставен и маската се прави во само неколку чекори.

Погледнете го краткото видео со инструкции:

(Видео) Загрижен новинар: Го праша министерот Филипче дали граѓаните да реновираат дома

На денешната прес-конференција за најновите состојби со Covid-19, министерот за здравство Венко Филипче доби, во најмала рака, неочекувано прашање. Иако министерот го одговори прашањето веднаш, сепак, во неговиот одговор можеше да се „прочита“ зачуденост и неверување. Зошто?

Погледнете самите:

Прилепски камионџија кој вози низ Италија со најдобра порака до нашинците ширум светот (Видео)

Прилепчанец кој вози камион во Италија преку видео на Фејсбук упати најдобра порака до сите нашинци кои во моментов се наоѓаат надовор од Македонија, да се воздржат доколку можат од враќање дома.

Тој вели дека 15 дена е во камион и дека и тој самиот го одложил годишниот одмор и не се враќа кај своите во Ријека, Хрватска.

Целото видео погледнете го во продолжение:

Падна одлука! Еве кога ќе биде изиграно финалето на Лига на шампиони и Лига Европа

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) закажа 13 часовна видеоконференција со 55 претставници на националните сојузи, како би го решиле прашањето за прекинот на сезоната поради кopoнавиpycoт кој се прошири на целата планета.

Кога ќе заврши суспензијата на натпреварувањето поради кopoнавиpycoт, домашните првенства ќе бидат продолжени, по забрзан принцип, исто како и Лигата на шампиони и Лига Европа.

Точните датуми сеуште не се утврдени, работното тело на УЕФА работи на тоа.

Меѓутоа, во шпанските медиуми во меѓувреме се појави информација дека финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра на 27 јуни во Истанбул, додека финалето од Лига Европа ќе биде три дена порано во Гдањск.

Луѓето со крвна група А се нajзaгpoзени: Кинеските научници дојдоа до ново откритие- еве која крвна група е најотпорна

Луѓето со kpвна група А (II) се најподложни да се зapaзат со kopoнавиpyc, додека оние со нулта kpвна група се најотпорни, ова е резултат на истражување на групата кинески научници кое беше објавено на сајтот medRxiv.

Кинеските научници ги прегледале податоците на 2.000 пациенти од болниците во Вухан и Шенжен, вклучувајќи повеќе од 200 cmpтни случаи.

Според нивните податоци, меѓу жителите на Вухан, 34% од нив имаат kpвна група 0, 32% kpвна гупа А (II), 25% kpвна група Б (III) и 9% AB (IV).

За да дојдат до овие податоци, научниците ја анализирале kpвта на 3.700 граѓани на Вухан кои не биле зapaзени со kopoнавиpyc.

Oд друга страна, најмногу зapaзени жители на Вухан (38%) има со kpвна група А, додека 26.4% се со kpвна група Б, а 25.8% имаат нулта kpвна група. Најмналку пациенти, односно 10%, се оние кои имаат АБ kpвна група.

Според ова, пишува во истражувањето, најзагpoзени се оние кои имаат kpвна група А, додека меѓу оние со нулта kpвна група има значително помалку заболени од COVID-19.

Апел на социјалните мрежи кој заслужува внимание и мора да допре до властите

Потребни се конкретни мерки, маски и средства за дезинфекција, а не само прес-конференции, апелираат граѓаните.

Еден од апелите на социјалните мрежи го пренесуваме во продолжение:

Легендата на Победа со своето семејство три дена ќе донираат појадок за вработените во болницата

Поранешниот македонски репрезентативец, интернационалец и поранешен фудбалер на ФК Победа, Панче Ќумбев со потег кој треба да го следат сите останати.

“Сакам да покренам една иницијатива,воедно нека биде и апел до сите што можат. Јас Панче Ќумбев со мојата фамилија одлучивме од утре среда до петок (значи три работни дена) да донираме појадок за сите вработени во ЈЗУ Општа болница Велес. Со овој чин сакаме да им кажеме едно големо благодарам на луѓето што се жртвуваат и даваат се од себе за наше добро во овој кризен период.

Воедно сакаме да ги поттикнеме сите добронамерни луѓе, бизнисмени, фирми од Велес и секој кој што сака да помогне на свој начин да го направи тоа. Нека ова биде еден вид предизивик за секој човек кој што е во можност финансиски, да направи еден мал чин кој што многу ќе значи за нашите херои од Велешката болница.

P.s Воедно како претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија сакам да ги поттикнам сите наши интернационалци и сите наши фудбалери и спортисти да помогнат колку можат на болниците од своите родни градови. Во овој момент на Македонија и треба помош.Јас сметам на вас.

P.p.s Знам дека ова не е многу,но сакам да ја разбудам свеста на сите добронамерни луѓе,и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик.

Јавна благодарност до директорот на ЈЗУ Општа болница Велес Др Божидар Бојаџиев за помошта во реализација на оваа иницијатива,воедно и апел на сите кој што ќе се одлучат да помогнат да се обратат до него”, напиша Ќумбев на својот Фејсбук профил.

Кина и донира на Македонија 4 милиони евра за 104 амбулантни возила, минибуси и опрема во здравството

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за странска помош имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. На средбата беа разменети писма за соработка меѓу владите, а беа потпишани и два договори за неповратни грантови за реализација на проекти во секторите здравство и социјална заштита, како и научно – истражувачка дејност во висина од речиси четири милиони евра.

-Како Национален координатор на странската помош, ми претставува вистинско задоволство кога од нашите пријатели, како што е Кинеската држава, ќе обезбедиме вака значајна и внимателно таргетирата помош. Дозволете и лично, како доктор, да го изразам моето задоволство што амбасадата, а и државата Кина, одлучија помошта да ја насочат токму во здравствениот сектор, каде навистина најмногу можеме да им помогнеме на граѓаните – истакна Османи.

Тој изрази благодарност до амбасадорот Ѕуо за неговата лична заложба во одржувањето на континуитет во одличната соработка меѓу двете земји.

-Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Македонија до сега, Кина обезбедила вкупно 325 милиони јуани помош, опфаќајќи образование, медицинска нега, научни истражувања и други области – истакна амбасадорот Ѕуо.

Тој појасни дека проектите што ќе се спроведат во претстојниот период ќе им бидат од полза на двете земји и народи, и ќе промовираат поврзаност на Балканот, со цел постигнување на заеднички развој низ регионите.

-Договорот за поддршка во здравствената и социјална заштита е финансиран со грант во вредност од 30 милиони јуани, износ кој надминува три милиони и 800 илјади евра, а преку кој ќе се набават над сто возила за потребите на здравствениот сектор, вклучувајќи и опрема, за потребите од итната медицинска помош, како и унапредување на услугите за домашните посети во здравството – истакна Османи.

Денеска е потпишан и втор договор во висина од 620 илјади јуани, или околу 80 илјади евра, наменет за донација за опремување на Институтот за молекуларна биологија.