дома блог страница 2723

ВНИМАВАЈТЕ! Хакери ја искористуваат оваа ситуација за да ви упаднат во системот: Испраќаат пораки за Koвид-19 кои се виpycи што кpaдат информации

Додека голем број на луѓе ширум светот работат од дома поради пандемиjaта од кopoнавиpycoт, и притоа ги имаат со себе нивните компјутери и податоците од нивните компании, експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека xaкепи ќе се обидат да ја искористат оваа предност и да се инфилтрираат во корпорациите.

Властите во САД, Британија и другите држави предупредија за новонастанатата опacност која ја носи работата од дома, пренесува Ројтерс.

На пример, во компанијата “Сиско системс Инк.” бројот на барања за безбедносна поддршка на работниците кои работат од дома скокна за 10 пати во последните неколку дена.

Xaкерите испраќаат пораки како би ги ykрале лозинките, а за полесно да го направат тоа ја користат ситуацијата со кopoнавиpycoт.

Чулев: Против екс директорката на Клиниката за кожни болести е поднесена кривична пријава

Разрешената директорка на Клиниката за кожни болести во Македонија се вратила на 29 февруари.

Против неа, како и против сите оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и решенијата за здравствен надзор, односно извршиле прекршување на членовите 205 и 206 од КЗ, е поднесен соодветен поднесок до ОЈО, истакна на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Луѓето ширум светот масовно го симнуваат и гледаат: Филм стар 10 години целосно наликува на денешната ситуација со кopoнавиpycoт (Видео)

Луѓето ширум светот масовно го симнуваат и гледаат еден ист филм кој е стар десет години. Филмот “Зараза” (Contagion), премиерно е прикажан во јануари 2011 година, а помина релативно незапамтено тогаш, но сега, една деценија подоцна, се гледа масовно низ целиот свет.

Улогите во филмот ги толкуваат Мет Дејмон, Гвинет Палтроу и Џуд Ло, а филмот е дело на Стивен Содерберг.

Дејствието во филмот започнува кога епидемија од непознат вирус од животинско потекло започнува да се шири во Азија. Многу скоро потоа вирусот се проширува низ целиот свет и се прогласува пандемија

Вирусот е потполно нов и дотогаш невиден. Се пренесува со кашлање и кивање, но и со допир на лицето, како и преку допирање на контаминирани површини. Ви звучи познато?

Важно е да се напомене, дека вирусот во филмот е далеку повеќе смртоносен и поразличен, но ситуацијата наликува на денешната и има многу сличности со пандемијата со коронавирусот Ковид-19.

Едноставно морате да го погледнете:

Планетата Земја се регенерира: Водата во каналите во Венеција кристално чиста, се вратија лебедите и делфините (Видео)

Каналите во Венеција после долги години се со кристално чиста вода, како резултат на целосниот карантин во Италија кој владее поради опасноста од коронавирусот.

Ги нема илјадниците туристи и гондолите, па после долги години за прв пат се забележани и делфини, а се вратија и лебедите.

Ова е доказ дека моментално планетата Земја се регенерира.

Направете сами, брзо и лесно: Сапун за дезинфекција на рацете

Направете го за дома, ама понесете си и за на работа.

Доволно е во некој неутрален течен сапун, по можност глицерински, за миење раце, да капнете 40 капки етерично масло или мешавина од повеќе – лаванда, камилица, рузмарин.

Рацете мијте ги темелно втривајќи ја пената од сапунот меѓу прстите барем минута-две, советуваат ароматерапевтите.

(Видео) Слушнете ја “Вирус Блуз” од Игор Џамбазов: Македонскиот шоумен оригинален

Коронавирусот е страшило за сите, но не и за маестро Игор Џамбазов. Ковид 19 сите не затвори дома, а нему му ги “отвори чакрите“. Џамбазов седењето дома го искористи да направи нова песна.

Приклучувајќи се кон препораките и кампањата #Остани дома, сам со својот блуз и гитарата в рака, напишал стихови од кои кожата се ежи, па песната ја снимил на видео и ја споделил на социјалните мрежи.

Слушнете ја „Вирус Блуз“:

Кривични пријави за петмина битолчани и четворица прилепчани кои не ја почитувале домашната изолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од КЗ на РМ, СВР Битола поднесе кривични пријави против пет лица, и тоа: Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица, и тоа: Т.Т(38), С.Т(68),Т.А(55) и А.Б(44), сите од Прилеп.

Пријавените за време на пандемија дошле во државата од ризични држави, при што при влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.

(Видео) Битолчанец ќе ви покаже како лесно и сами да си направите заштитна маска

Дејан од Битола ќе ви покаже како лесно и едноставно да си направите сами заштитна маска како превентива од коронавирусот.

Погледнете:

Статуата на Христос Спасителот покриена со знамињата на сите земји кои имаат заболени од коронавирус (Фото)

На статуата Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, Бразил, синоќа во знак на солидарност се појавија сите знамиња на земји кои имаат заболени од коронавирусот COVID-19.

Фотографијата е дело на познатата фоторепортерка Силвија Изквиердо од “Асошијетед прес”.

Охридски музичар прави креативни песни против “корона”: Ќе ве насмее и расположи (Видео)

Охридскиот музичар Кирил Ничевски, се обидува преку новосоздадени текстови за постоечки песни да ги расположи граѓаните на социјалните мрежи.

Песните кои привлекоа огромно внимание и изнудија насмевки се насловени како: “Ако одам в продавница” и “Песна против Корона”.

Слушнете ги во продолжение: