Луѓето ширум светот масовно го симнуваат и гледаат: Филм стар 10 години целосно наликува на денешната ситуација со кopoнавиpycoт (Видео)

Луѓето ширум светот масовно го симнуваат и гледаат еден ист филм кој е стар десет години. Филмот “Зараза” (Contagion), премиерно е прикажан во јануари 2011 година, а помина релативно незапамтено тогаш, но сега, една деценија подоцна, се гледа масовно низ целиот свет.

Улогите во филмот ги толкуваат Мет Дејмон, Гвинет Палтроу и Џуд Ло, а филмот е дело на Стивен Содерберг.

Дејствието во филмот започнува кога епидемија од непознат вирус од животинско потекло започнува да се шири во Азија. Многу скоро потоа вирусот се проширува низ целиот свет и се прогласува пандемија

Вирусот е потполно нов и дотогаш невиден. Се пренесува со кашлање и кивање, но и со допир на лицето, како и преку допирање на контаминирани површини. Ви звучи познато?

Важно е да се напомене, дека вирусот во филмот е далеку повеќе смртоносен и поразличен, но ситуацијата наликува на денешната и има многу сличности со пандемијата со коронавирусот Ковид-19.

Едноставно морате да го погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.