дома блог страница 2722

Купувајте македонски производи: Вистински момент да се потсетиме на оваа реклама (Видео)

Во услови кога македонските фирми почнаа да бележат загуби, а според предвидувањата дел од фирмите ќе бидат принудени да испуштаат вработени, вистински момент е оние гужви пред маркетите да бидат исклучиво за купување на македонски производи.

(Видео) Сите спортисти да учат од него! Садио Мане, човекот кој парите ги троши со неговиот народ, го воодушеви светот и за време на пандемиjaта со кopoнавиoycот

Во морето од вести за kopoнавиpycoт се наоѓаат и некои кои навистина се за восхитување. Во една од нив главна улога има ѕвездата на Ливерпул, херојот на Сенегал, Садио Мане.

И покрај неговата вредност на фудбалскиот пазар од 150 милиони евра, Садио Мане е познат како најскроминиот фудбалер на островот.

По којзнае кој пат реши повторно да му помогне на своите сонародници во Сенегал. На сенегласките лекари им донираше 41.000 фунти, односно 44.000 евра, како би им помогнал во борбата против CAPC-CoV19 кopoнавиpyc.

Ова на социјалните мрежи го сподели неговиот пријател и кениски фудбалер Алан Ванга.

Сенегал е држава која не е силно погодена од виpycoт, но ваква помош сигурно добро би им дошла во моменти кога е потребно да се преземаат превентивни мерки.

Брука: “Владата прави стикери, а светот брои жртви, економијата брои загуби”

Стикерите нема да нѐ спасат од Короната, но работата на надлежните секако ќе влијае за намалување на последиците, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Затоа, наместо стикери фатете се за работа, затоа што не е само Дебар, туку и Гостивар, Штип, Охрид, Скопје… Економијата е во колапс, светот ги брои жртвите, а што прави владата? Прави стикери! Треба поголема сериозност на власта и итни мерки, истакнува Мицкоски.

“Златна рипка” му донесе милион на прилепчанец

Шестата серија на инстант лозот Златна Рипка донесе уште еден добитник на 1 000 000 денари чија среќна приказна ја слушнавме денес.

Благоја Велкоски од Прилеп не посети во просториите на Државна лотарија каде што му ја потврдивме и исплативме добивката.

Имено, Златната рипка е омилениот лоз на Благоја и го купува постојано, а добитниот лоз е купен од среќното продажно место во Прилеп – „Тобако Плус“.

За потсетување, шестата серија на Златна рипка е во тек, а ние сме во исчекување да ги запознаеме новите добитници кои ќе се приклучат на големото семејство на добитници на Златна рипка.

Златната рипка нуди 3 шанси за добивка на еден лоз.

(Видео) Громогласен аплауз во Србија: Граѓаните излегоа на балкон и ги поздравија медицинските работници

Србите точно во 20 часот вчера беа на нивните балкони и со громогласен аплауз им дадоа поддршка на медицинските работници.

“Тие го ризиkyваат своето здравје поради нас! За да го победиме виpycoт! За наша подобра иднина. Потребно е да мислиме и на нив”.

Интервју со Гоце и Горде од Прилеп – музичко дуо кое цели 17 години прави незаборавни забави

Гоце и Горде Стојкоски се “виновниците” за едни од најдобрите забави во Прилеп. Цели 20 години се заедно, а музицираат 17 години. Тие се прекрасен музички спој кој функционира беспрекорно, со бесконечен музички репретоар и секогаш на ниво на задачата – да направат прекрасна забава и да остават одличен впечаток. Разговаравме со Гоце и Горде за нивната кариера, нивниот заеднички живот, за музиката…. Проследете го разговорот во продолжение.

Прилепчани Ве знаат по незаборавните прослави и забави на кои уживале со вашата изведба, кажете ни како дојде до овој музички спој, како Горде и Гоце за прв пат се сретнаа, а потоа и заедно запловија во брачните и музичките води?

-Првиот спој ни беше во еден од прилепските локали, а нешто што најмногу го сакавме и не поврзуваше беше музиката, па така може да се каже дека музиката не спои. После неколку години музицирање запливавме и во брачните води, а пред шест години го добивме и нашиот трет член во семејството, нашиот син Филип.

Колку време сте заедно и што друго работите освен што правите незаборавни прослави?

-Ние сме заедно дваесет години, оваа 2020 ни е јубилејна година, а со музиката седумнаесет години функционираме беспрекорно. Освен што се занимаваме со музика, Гоце е дипломиран музичар, теоретичар и педагог на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, отсек – музичка теорија и педагогија, вработен како наставник по Музичко образование во ООУ„Добре Јованоски“ – Прилеп. Горде е дипломиран дефектолог на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, институт за дефектологија, вработена како дефектолог (специјален едукатор) во СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.

Каде најчесто настапувате, како може да се дојде до Вас и дали имате настапи и надвор од Прилеп?

-Во последно време најчесто настапуваме низ локалите во Прилеп, а имаме често настапи и надвор од Прилеп. На самите почетоци настапувавме во Црна Гора, поточно во Будва, од каде имавме прекрасно медитеранско искуство. Неколку години во летните периоди настапувавме и во Охрид, а имаме настапувано скоро во сите градови низ Република Македонија. До нас може да се дојде најчесто преку нашата публика, прилепските угостители, преку рекламите на социјалните мрежи и сл.

Вашиот репертоар на музика е бесконечен, но кога би бирале што најмногу би сакале да свирите?

-Да, се разбира, нашиот репертоар може да се каже дека е бесконечен, иако човекот учи се додека е жив… но кога би имале можност да бираме, ја обожаваме забавната македонска музика како и екс-ју хитовите.

Дали планирате некој сопствен музички продукт за во иднина?

-Хахаха… да се разбира, да го приклучиме и нашиот син Филип кој обожава да свири гитара. Инаку што се однесува до музичкиот продукт, веќе имаме една наша песна која се вика „Во име на љубовта“ која за прв пат беше промовирана и изведена на фестивалот „Евро Фест“ во Скопје. Но, со оглед на тоа дека и двајцата сме просветни работници, а викендите ни се исполнети со настапи, така и немаме многу време за снимања на нови песни. Сето тоа си бара многу време и посветеност за да биде скоцкано онака како што треба да изгледа.

Што најчесто бараат прилепчани на своите веселби, дали македонската музика има предност, или уживаат во секаква музика?

-Прилепчани пред се’ се највеселиот народ, знаат да се веселат на секаков вид на музика, но некако во последно време најдобро уживаат во македоската музика.

Според вас, дали Прилеп е богат со музички таленти и колку е лесно или тешко да се успее, да се биде баран и постојано да се настапува?

-Прилеп искрено е богат со многу таленти, конкуренцијата е многу голема, но успешноста е во тоа да се успее во конкуренцијата. Нашата музика е малку поинаква од онаа стандарната по начинот на кој ја изведуваме, можеби и затоа по тоа сме препознатливи и успешни. Гостите уживаат да слушаат музика но и по малку да си помуабетат.

Познато е дека музичарите се сведоци на голем број згоди и незгоди на семејните прослави и настапите по рестораните и локалите. Дали сте биле сведоци на некоја интересна или смешна ситуација која би сакале да ја споделите со нашите читатели?

-Во овие 17 години музицирање, секако дека сме имале позитивни интерсни моменти, но никогаш не дошло до некои незгоди. Знаеме да комуницираме со публиката, а и публиката не’ знае нас, така да досега сме немале негативно искуство. А секако дека имало многу смешни ситуации.

За крај, што претставува музиката за Вас, дали само дополнителен извор на заработувачка или нешто повеќе?

-За нас музиката пред се претставува задоволство, а потоа се разбира и дополнителен извор на заработувачка, односно заработуваме со задоволство.

(Видео) Сонце, плажа и кopoна: Снимка од плажите во Флорида го запрепасти светот

Додека властите постојано апелираат и предупредуваат на почитување на правилата за време на пандемиjaта, Американците од Флорида си продолжија со нивниот начин на живот. Од прописната оддалеченост ни збор.

Фотграфиите и снимките од белата плажа на западниот брег на Флорида се гледа како љубителите на сонцето уживаат во викендот, пренесува Дејли Меил.

Некои плажи на источниот брег беа затворени поради виpycoт, но сепак тоа не ги спречи луѓето да излезато од нивните домови.

“Гифти текст” фирма за пример, но бизнис секторот бара помош од Градоначалникот и Владата

Koмпанијата “Гифти Текс” oд Прилеп изработи 1.000 заштитни маски, а ќе продолжат истото да го прават и во наредните денови и да ги дистрибуираат до здравствените работници и граѓните.

Во моментов фирмата располага со материјал за изработка на 100.000 маски, но доколку побарувачката биде голема, „Гифти Текс“ заедно со „Кули“ и „Фешн линк“ се спремни да изработат онолку маски колку што ќе бидат потребни.

Инаку, „Гифти Текс“ е специјализирано претпријатие за изработка на заштитници за јоги, што кажува дека материјалот од кој се изработуваат маските е антибактериски, потврден од многу еминентни компании во светот.

Сопственикот на „Гифти Текс“, Горан Илијоски рече дека пожртвуваноста на медицинскиот персонал од целата држава, бил главниот мотив за носењето одлука за изработка и донирање на заштитни маски.

“Мојата иницијатива дадена преку социјалните мрежи веднаш беше прочитана и само чекав да се јават авторитетите. Прв се јави градоначалникот Јованоски. За да произведеме маски, знаевме кои материјали ни се потребни, немавме проблем или дилема дали се тие токсични. Напротив, го имаме потребниот сертификат, но регулативите во нашата држава бараат сите испитувања да се извршат кај нас. Поради тоа, заедно со градоначалникот побаравме од Министерството за здравство, од самиот министер, од премиерот, да кажат мислење и да ни дадат потврда дека можеме да почнеме со работа. За тоа, за да почнеме со производство, последен услов беше стерилизацијата на маските, која се врши во прилепската болница. Луѓето кои работат таму се прекрасни и повторно им упатувам едно големо ‘благодарам’ до целиот медицински персонал во нашата земја“, изјави Илијоски.

Заштитните маски денеска беа презентирани во просториите на општина Прилеп, а сопственикот на компанијата напомена дека истите можат да се користат повеќекратно, односно да се исперат, одново стерилизираат и одново да се користат.

Секоја чест за оваа иницијатива и општествена одговороснот на компаниите.

Од друга страна бизнис секторот веќе трпи големи загуби, а особено се погодени малите и средни претпријатија, па неопходна е далеку поголема ангажираност од локалните и државните власти за помош и спасување на бизнисите.

Како учениците ќе ја завршат школската година?

Кризни времиња за македонското образование. Надлежните веќе две недели не можат да најдат концепт како да ја реализираат наставната програма. Учениците пак пред дилема, дали сите ќе ја минат учебната година или пак можеби сите ќе повторуваат? Засега надлежните најдоа начин како да ги анимираат основците. Пред два дена стартуваше проектот „ТВ училница“, но тој не е концепт на класично учење на градивото, туку можност само делумно да се надомести за изгубените воспитно – образовни училишни часови – oбјави “ТВ АЛФА”.

Решение нема ни за средношколците, ни за студентите. Тие деновиве буквално уживаат во „летен распуст“. МОН дури денес апелираше до универзитетите од понеделник да воведеле онлајн настава. Познавачите алармираат, процесот за интернет едукација веќе доцни.

„Да се формира кризна група која ќе треба да пристапи кон оспособување на професорите на УКИМ за онлајн настава. Иако најголем дел од професорите не се подготвени“, вели универзитетскиот професор Илија Ацески.

Онлајн наставата пак ја отвора дилемата, дали во земја каде две третини од населението живее во сиромаштија, секое семејство има услови да им обезбеди на своите деца компјутер и интернет конекција? И дали оние што немаат услови за домашна едукација ќе ја загубат годината? Дополнително, на располагање на учениците треба да им биде целокупниот воспитно – образовен кадар, велат познавачите.

„Професорите мора да ги постираат своите силабуси за предметите, предавања, трудови, литературата што ја имаат и да почне таа комуникација. Проблемот е како да се предочи таа материја која мора да се совлада, да биде достапна до студентот и тие да почуваствуваат дека не се оставени сами на себе“, додава тој.

И додека министерството бара начин, Штипскиот универзитет веќе направи платформа и воведе онлајн предавања. Таму наставата се одвива преку две платформи, и тоа е-учење каде веќе се поставени сите материјали потребни за учење и „Мајкрософт тимс“ за директната комуникација со студентите.

Инаку, во Албанија веќе е отворен „Јутјуб“ канал, на кој секојдневно се емитуваат предавања од страна на наставници по различни предмети, а учениците ги следат во живо. И во Хрватска, голем број предавања се одвиваат онлајн, а другиот дел преку националната телевизија.

Видео прилогот на “АЛФА” погледнете го ТУКА

Биљана Божиновска

Скандал: Се носат одлуки за избор на судии додека се бориме со коронавирус!

Вонредна состојба беше прогласена вчера во Република Македонија. Причината за ваквата одлука е коронавирусот од кој секој ден има повеќе заболени.

Но, вонредната состојба се чини, немало само цел да се избориме како држава со епидемијата, па дојде и до нејзина злоупотреба.

Имено, состојбата се злоупотребува за да се носат одлуки за избор на судии.

Во Службен весник веќе се објавени одлуките за избор на вкупно 10 судии.

Се донесоа одлуки за избор на судии во Кривичен, Основен граѓански и Апелационен суд.

Оваа одлука е во најмала рака скандалозна, бидејќи изборот на судии се врши во врема додека државата е во вонредна состојба, а граѓаните во страв поради коронавирусот.

Државата овие денови треба да ги помине во битка против вирусот и заштита на здравјето на граѓаните, а не во избор на судии.

Извор: “Курир”