дома блог страница 2724

Не е шега: Град Скопје дава по 100 евра за седење дома

Град Скопје ќе ги наградува граѓаните кои ги почитуваат препораките за седење дома како мерка против ширење на корона вирусот. На твитер профилот на Градот има објавено дека избираат најдобра фотографија на тема „Скопје дома“

-Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците со хаштаг #СкопјеДома, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра-стои во објавата.

Виpycoт е под контрола во Русија: Не криеме информации за ширење на “кopoна”

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека епидемијата на kopoнавиpycoт е под контрола во Русија.

-Руското министерство за здравство и локалните установи ја држат ситуацијата под контрола- рече претседателот на Русија и нагласи дека властите не ги кријат вистинските информации за ширењето на виpycот.

– Се што Министерството за здравство пружа во Москва и останатите региони, тоа се објективни податоци кои ги имаат и владините тела за себе. И така ќе биди и во иднина: ќе бидат ажурирани, потврдени и што е можно потполни- вети Путин.

Kaпитенот Лазаров со видео порака до цела Македонија

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и играч на француски Нант, Кирил Лазаров со порака до Македонците околу проблемот со коронавирусот.

Слушнете каква порака испрати нашиот Кире:

40 лица во Прилеп се во изолација и под полициски надзор

Според СВР Битола во моментов 40 лица во градот Прилеп се наоѓаат во домашна изолација и под полициски надзор. Овие граѓани претходно биле во странство и според препораките веднаш по влезот во Македонија се ставени во домашна изолација во траење од 14 дена.

Полицијата ги посетува од време на време нивните домови и проверува дали тие ја почитуваат изолацијата. Од полицијата се уште биле во преговори со Јавното обвинителство како да постапуваат доколку некое од овие лица не биде затекнато во домот.

Извор: “Инфо Компас”

Не е Прочка: Еве како се дезинфицираше плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп (Видео)

Покрај тековните активности, ЈКП „Комуналец“-Прилеп од раните утрински часови започна со реализација на препораките на Владата на Македонија и Министерството за здравство, кои се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните од КОВИД 19, односно корона вирусот.

Eве како се чистеше градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто”:

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Што значи тоа и колку време може да трае?

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.

За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.

Мандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба. Во Македонија досега не е употребен овој член од Уставот за прогласување на вонредна состојба. Со прогласување на вонредна состојба претседателот може да суспендира одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права. Кратко кажано, претседателот како врховен командат ќе може да суспендира дел од владините функции и повеќе надлежности да пренесе на себе.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.

Законот и овозможува на владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактерот на кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.

Како ќе се постапува во вонредна состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните.

Ова се деталите за кривичната против директорите во “Еурокомпозит”

На 17.03.2020 од страна на ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесена е кривична пријава против З.Г.(58) од Прилеп, во својство на генерален директор во правно лице и В.К.(46) од Струмица, вработен во истото правно лице, во својство на советник на генералниот директор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на февруари и март 2019 пријавените, со намера да извлечат пари од сметката на правното лице и да го прикријат текот на парите, ја злоупотребиле својата положба и овластувања на начин што, без консултација со службите од правното лице и одборот на директори, пристапиле кон наводна реализација на договор во вкупна вредност од 1.725.000 евра, за испорака на производи за фирма во Р.Гана, по цена во повеќекратен износ повисока од реалната.

Целокупната коресподенција се одвивала преку приватни електронски пошти на пријавените.

Истите пристапиле кон извршување на плаќање на парични средства на физички лица, преку брз трансфер на пари, за наводни трошоци на тендер во износ од 350 евра, за авторизација на договор во Врховен суд на Р.Гана во износ од 9.700 евра и дозначување на парични средства преку банкарска девизна сметка, која ја користи правното лице во износ од 34.500 евра. Пријавените го оштетиле правното лице за вкупен износ од 3.052.584 денари.

Откако Маркукуле апелираше, општина Прилеп конечно се сети да ги дезинфицира јавните површини (Видео)

Откако во текот на вчерашниот ден Маркукуле апелираше и објавивме пример како превентивно се справуваат во Куманово и Струмица со коронавирусот, денеска конечно и општина Прилеп реши да ги дезинфицира јавните површини.

“Наместо дезинфекција на јавните површини како во сите градови, градоначалникот со скудни мерки?”

Покрај тековните активности, ЈКП „Комуналец“-Прилеп од раните утрински часови започна со реализација на препораките на Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство, кои се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните од КОВИД 19, односно корона вирусот.

„Од раните утрински часови, започнавме со дезинфекција на контејнерите од 1м3, мрежестите контејнери, како и просторот околу нив. Во текот на денешниот ден ќе извршиме комплетна дезинфекција на сите контејнери во градот. Исто така, извршивме перење и дезинфекција во централното градско подрачје, на плочниците, а се дезинфицира и урбаната опрема, како и перење и дезинфекција на Терминалот каде што се врши царинење на одредена стока“, изјави Даре Цветаноски, раководител на сектор во ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Во чистењето и дезинфекцијата на улиците, плочниците и урбаната опрема, со свои тимови се вклучија и ЈКП „Водовод и канализација“, како и Територијалната противпожарна единица од Прилеп.

Почнувајќи од 5 часот наутро, активностите на јавните комунални претпријатија за темелно перење и дезинфекција на улиците, плоштадите и јавните површини, ќе продолжат и во текот на следните денови.

Бизнисмените гневни на Владата? А што очекуваа од Царовска која не е економист?

Владата конечно излезе со првичниот сет на мерки за помош на бизнисот. Тие вклучуваат 50% субвенционирање на придонеси во период од три месеци почнувајќи од април во секторите туризам, транспорт, угостителство, како и бескаматни кредити до 30 илјади евра преку Развојната банка со грејс период од 6 месеци. Ќе има ослободување од аконтации за данок на добивка, 50% намалување на затезната камата, како и на казнената камата за јавните давачки, забрана за извоз на брашно, посебен фонд за помош на туризмот, ЗАМП да ги стави побарувањата од угостителите во мирување 6 месеци. НБРМ, пак, ја намали задолжителната резерва за сите новоодобрени кредити, пренесува Алфа ТВ.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

Извор: АЛФА ТВ (Тања Попова)

Доктор Стојаноски сподели корисни информации за кopoнавиpycoт

Доктор Синиша Стојаноски објавува актуелни информации поврзани со отпорноста на Corona вирусот SARS-CoV-2, причинителот на COVID-19.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Според најновите испитувања (медицина базирана на докази), станува збор за исклучително отпорна варијанта на вирус кој што се задржува во активна форма:

▪️на алуминиум од 2 до 8 часа;
▪️на хируршки ракавици до 8 часа;
▪️на челични површини до 48 часа;
▪️на стаклени површини до 4 дена;
▪️на дрвена површина до 4 дена;
▪️на хартија 4 до 5 дена;
▪️на пластика до 5 дена;
▪️на асфалт дури и до 7 дена;

⛔️Можноста да дојдеме во контакт со вирусот и да се заразиме постои и кога нема болни лица во наша непосредна близина;

⛔️Доволен е контакт со површините на кои што е присутен вирусот;

❗️❗️❗️ Факт: на вирусот му беа потребни 45 дена од појавата на првиот случај за да постигне број од 100000 заразени, а само 12 дена за да постигне број од 200000 заразени….

✅ Затоа, најдобар начин да се заштитиме себе и останатите е да ги следиме во целост препораките на Светската Здравствена Организација;

✅Строго да се одржува хигиената;

✅Да го ограничиме движењето освен кога се работи за неопходна потреба;

Од секој од нас зависи!!!