“Гифти текст” фирма за пример, но бизнис секторот бара помош од Градоначалникот и Владата

Koмпанијата “Гифти Текс” oд Прилеп изработи 1.000 заштитни маски, а ќе продолжат истото да го прават и во наредните денови и да ги дистрибуираат до здравствените работници и граѓните.

Во моментов фирмата располага со материјал за изработка на 100.000 маски, но доколку побарувачката биде голема, „Гифти Текс“ заедно со „Кули“ и „Фешн линк“ се спремни да изработат онолку маски колку што ќе бидат потребни.

Инаку, „Гифти Текс“ е специјализирано претпријатие за изработка на заштитници за јоги, што кажува дека материјалот од кој се изработуваат маските е антибактериски, потврден од многу еминентни компании во светот.

Сопственикот на „Гифти Текс“, Горан Илијоски рече дека пожртвуваноста на медицинскиот персонал од целата држава, бил главниот мотив за носењето одлука за изработка и донирање на заштитни маски.

“Мојата иницијатива дадена преку социјалните мрежи веднаш беше прочитана и само чекав да се јават авторитетите. Прв се јави градоначалникот Јованоски. За да произведеме маски, знаевме кои материјали ни се потребни, немавме проблем или дилема дали се тие токсични. Напротив, го имаме потребниот сертификат, но регулативите во нашата држава бараат сите испитувања да се извршат кај нас. Поради тоа, заедно со градоначалникот побаравме од Министерството за здравство, од самиот министер, од премиерот, да кажат мислење и да ни дадат потврда дека можеме да почнеме со работа. За тоа, за да почнеме со производство, последен услов беше стерилизацијата на маските, која се врши во прилепската болница. Луѓето кои работат таму се прекрасни и повторно им упатувам едно големо ‘благодарам’ до целиот медицински персонал во нашата земја“, изјави Илијоски.

Заштитните маски денеска беа презентирани во просториите на општина Прилеп, а сопственикот на компанијата напомена дека истите можат да се користат повеќекратно, односно да се исперат, одново стерилизираат и одново да се користат.

Секоја чест за оваа иницијатива и општествена одговороснот на компаниите.

Од друга страна бизнис секторот веќе трпи големи загуби, а особено се погодени малите и средни претпријатија, па неопходна е далеку поголема ангажираност од локалните и државните власти за помош и спасување на бизнисите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.