дома блог страница 2721

Ова се земјите во кои сеуште нема пријавено случај на кopoнавиpyc

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пaндeмијa на кoрoнaвиpycoт кој зафати повеќе од 180 земји низ целиот свет. Најголем број зaрaзeни има во Кина, Италија и Иран, а најголем број мpтви од пocлeдицитe на пaндeмијaтa бележи Италија, во која од eпидeмијaтa пoчинaa 3.405 луѓе.

Земји што немаат пријаено cлyчaи на Koвид-19 се:

Белизе, Бурунди, Кејп Верде, Централна Африканска Република, Комори, Северна Кореја, Доминика, Ел Салвадор, Еритреја, Федерални држави на Микронезија, Гренада, Гвинеја-Бисао, Кирибати, Либија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мозамбик, Науру, Папуа Нова Гвинеја, Република Јемен, Сент Китс и Невис, Самоа, Сиера Леоне, Сао Томе и Принсипе, Таџикистан, Тимор-Лест, Туркменистан, Тувалу, Уганда, Вануату, Западна Сахара, Боцвана, Зимбабве.

Француски лекар објасни кој лек го лечи кopoнавиpycот: Веќе се користи против малаpиja – Tpaмп веднаш издаде наредба

Угледниот француски експерт од универзитетот во Марсеј, професорот Дидие Раул, повторно истакна дека неговите испутувања покажале дека лекот хлорокин е делотворен во лечењето на кopoнавиpycoт.
Претседателот на САД, Доналд Tpaмп соопшти дека овој лек ќе биде користен во неговата држава во сузбивањето на епидемиjaта.

хлорокинот веќе успешно се користеше во сузбивање на маларија и артроза.

Додека лекарите и научниците во Европа и во светот забрзано работат во пронаоѓањето на вакцина против виpycoт, за што биде потребна можеби една година, професорот Раул стави до знаење дека клиничкото испитување на легот “Plaquenil”, чија главна состојка е хлорокинот, покажало дека од 24 зapaзени кои шест дена го земале тој лек, 18 од нив се сосема излечени.

Волонтерите на Црвен крст Битола за секоја пофалба: Помош за оние на кои им е најпотребно во овие тешки денови (Фото)

Вчера мобилните тимови на Црвен Крст Битола извршија достава на потребни средства на 5 семејства кои ги контактираа на нивните дежурни телефони. Во согласност со препораките на Владата и Министерството за Здравство.

“Ве охрабруваме сите вас доколку имате потреба од доставување на храна, средства за хигиена и слично да се обратите на телефонскиот број: 047-236-019”, велат од општинската организација на Црвениот крст од Битола.

MИЦКОСКИ СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ: Кој трие раце од набавката на pecпираторни машини?

Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за Дојче Веле Македонија.

Тој иако не во детали, открива скандал при набавката на 50 респираторни апарати. На тендерот се прјавиле 4 компании, a познати се и цените и понудите, вели тој. Мицкоски потенцира дека тој знае и кои министри на кој амбасадор се јавувале.

-Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку DHL, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Охриѓани со светите мошти од црквата Св. Троица возеа низ градот за заштита од вируси и зарази (Видео)

Во средата моштите од црквата Света Троица со возило беа изнесени по улиците на Охрид, па се до селото Велгошти, а потоа повторно беа вратени во црквата.

Целта на овој настан како што пишуваат на Фејсбук страната од цркава, е да се помолиме со Божјите светии за заштита од несаканите вируси и зарази.

Прилепчанка која живее во Кина раскажува како започнал вирусот, како се проширил и каква е состојбата денеска (Видео)

Александра Ацеска е поранешна ученичка во гимназијата „Мирче Ацев“ која животот ја однел во Кина, токму во периодот кога таму се рашири пандемијата со корона вирусот.

Како ги минувала деновите во карантин, кои мерки ги презеле кинеските власти, што се случувало во градот кај што живее и што ни препорачува Александра погледнете од видео – интервјуто кое со неа го направи Ања Еклер, ученичка во трета година во нашата Гимназија.

Голем пораст на бројот на новозаболени: Нови 19 случаи, вкупната бројка сега изнесува 67

Преку Институт за јавно здравје на коронавирус вчера попладне и во текот на ноќта биле тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

– На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот. Со ова, бројката на ново-заболени до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, инофрмира министерот за здравство Венко Филипче.

Д-р Лазаров: Пушат цигари со ракавици, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици – Катаклизма ќе ни се деси

(Фејсбук статус на Д-р Ненад Лазаров)

“Морав итно до ГТЦ, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!

Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме! Каква е оваа вонредна состојба???

Фејсбук објава на претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров, револтиран од несериозниот однос на граѓаните и непочитување на препораките за заштита од коронавирусот”.

Meрка како резултат на коронавирусот во Унгарија: Фирмите и поединците нема да ги враќаат кредитите до крајот на годината

Владата на Унгарија во средата донесе одлука да ги запре плаќањата на кредитите од страна на компаниите и на поединците до крајот на годината, пишува Hungary Today.

Владата на Виктор Орбан, исто така, одлучила до 30 јуни да ги продолжи краткорочните кредити одобрени на претрпијатијата, а за новите кредити ги ограничила вкупните трошоци на кредитите.

Компаниите за туризам, угостителство, забава, спорт и култура, како и таксистите, нема да да плаќаат буџетските давачки за платите на вработените до крајот на годината.

Народната банка на Унгарија побара од банките да воведат мораториум за хипотекарно кредитирање и моментално да ги запрат плаќањата на долговите на фирмите. Ако банките тоа го одбијат, централната банка ќе побара од владата оваа мерка да се спроведе со декрет.

Забрането собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на јавни површини, сите маркети, аптеки, банки и пошти, да обезбедат редарска служба

Владата на Македонија, на седницата одржана на 19 март 2020 година, го разгледа и го усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 19 март 2020 година.

Истовремено, согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усвои следниве заклучоци:

1. Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.

За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи, со патролни возила да го затвори пристапот кон Парк шума „Водно“.

2. Се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини.

За оваа цел, се задолжуваат Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Македонија да ги разбиваат овие групи и да ги интензивираат теренските контроли.

3. Се забранува одржување на наставата и спроведувањето на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи, за период од 14 дена.

За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи доколку е потребно ова правно да го нормира во Уредба со законска сила.

Согласно ова, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.

4. Се препорачува на сите работодавачи во Република Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

Исклучок од оваа мерка се вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови.

Согласно ова, Владата на Република Македонија, на седниците на Владата и работните тела на Владата да разгледува само материјали поврзани со постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија.

5. Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

6. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите во приватните куќи и вили во кои се организираат забави и собири (во општина Сопиште и во населеното место Соње), со цел да се преземат мерки за спречување на ваквите собири, а кон сопственикот на објектот и присутните лица затечени во објектите да се преземат соодветни законски мерки заради непочитување на мерките и препораките на Владата.

7. Се задолжува Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство да оствари работна средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период.“

Денеска Владата ја донесе и Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица или наполица со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00 и 1101 00.

Ограничувањето на извозот од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 април 2020 година, со можност за продолжување доколку состојбата со пандемијата го бара тоа.

Оваа одлука е усвоена со цел да не се нарушат состојбите на пазарот во земјата, и да се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО и во услови на ограничен увоз на брашно поради донесената одлука за забрана на извоз на брашно и други производи од Република Србија во времетраење од 30 дена, кое завршува до средината на април 2020.

На денешната седница е усвоена и Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезинфекциони средства.

Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската Здравствена Организација е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19 и ќе се применуваат до 30 април 2020 година.

Со оглед на прогласувањето на вонредна состојба во нашата држава се јави потреба од донесување на оваа уредба со која се уредува одложувањето на полагање на испитот за вештаци, правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари за време на траењето на вонредната состојба. За времено одлагање на овие испити, Владата денеска ги донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за вештачење, Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит, Уредбата со законска сила за примена на Законот за медијација, и Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот.

На предлог на Кабинет на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Владата денеска ја прифати информацијата за економски мерки за справување со последици од Коронавирус, кои предвидуваат директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Развојната банка на Северна Македонија. Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра. Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Кредитите се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти со грејс период од 6 месеци и рок на отплата од 2 години.

Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година, под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020-та година и ова да важи од денот на користење на мерката; понатаму, компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односно финансиски извештаи за 2020 година и компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката. Само компаниите што имаат остварено добивка како финансиски резултат од работењето во 2020 ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50% од добивката пред оданочување што значи дека мерката директно е насочена да им помогне на компаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради корона вирусот.

На оваа своја седница, Владата ја усвои и Одлуката за забрана на продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 15 aприл до 15 oктомври 2020 година.

Оваа одлука е донесена од причини што грејната сезона завршува на 15 април и тој вид на гориво исклучиво е наменето за затоплување на просториите на домаќинствата и на другите деловни простории, а неговата натамошна продажба после 15 април се забранува за да не се користи за погон на моторни возила и за другите видови на мотори.