дома блог страница 2720

Kaзни до 5.000 евра и казни затвор за трговците кои ќе ги кренат цените на лимоните, мандарините, портокалите…

На предлог на Министерството за економија, Владата на Македонија на вчерашната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини.

Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19.

Според Одлуката оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година.

Согласно состојбата за прогласување на пандемијата, трговците овие денови ја зголемуваат продажната цена на јужното овошје, каде што цената на лимонот драстично се зголеми и достигна 180 денари по килограм.

Според податоците добиени од Царинската управа на Македонија за период од 11.03.2020 година до 19.03.2020 година увозната цена на портокалите се движи од 15 денари за килограм до 29,7 денари за килограм. Најизразена е маржата кај лимоните со оглед на тоа што увозната цена се движи од 32,3 денари по килограм до 45 денари по килограм. На ден 19.03.2020 година увозната цена на лимонот била 35 денари по килограм, а малопродажната цена достуигна и до 180 денари по килограм.

Оваа одлука е со цел да се надмине злоупотребата на моменталната состојба на пазарот за да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот на овие производи и цената да се врати на нормално ниво.

Одлуката ќе стапи на сила откако ќе биде објавена во Службен весник.

-Министерството за економија овој Предлогот за замрзнување на цените на јужното овошје го достави до Владата откако се зголеми бројот на пријави од страна на граѓаните за енормно зголемување на цените овие производи. Апелираме до сите граѓани кои во трговските објекти ќе увидат енормно зголемување на овие производи да пријават во Државниот пазарен инспекторат. Казните за оние кои ќе ги прекршат Одлуките на Владата се движат до 5.000 евра, па и казна затвор согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, велат од министерството.

Кинеските доктори во Италија: “Затворете се’ ако сакате да се спасите”

Гувернерот од регионот на Ломбардиа, Атилио Фонтана вчера утрото одржа прес-конференција за медиумите заедно со претседателот на Црвениот крст на Кина, кој што во Италија пристигна со една екипа на лекари, кои што јасно препорачаа што треба да се направи за да се надмине хаотичната состојба во Италија.

-Потребни се силни мерки. Доколку сакате да спасите човечки животи, затворете се, нема друго решение во овој случај. Низ ова што поминувате, ние претходно поминавме во Вухан. Голем е бројот на заразени со коронавирусот во Италија. Исто така се зголемува и бројот на пациентите во болниците, а истовремено се зголемува и бројот на жртвите. Доколку мерките за изолација се зголемат, многу е полесно да се менаџира ситуацијата. Сега за сега треба да се затворат сите економски активности. Сите жители треба да останат дома, во карантин. Сите треба да бидат подготвени за да се намали проширувањето на оваа пандемија, со цел да се соасат човечки животи. Друго решение не постои, порачаа кинеските лекари.

Tројцата прилепчани кои не ја почитувале самоизолацијата ќе бидат казнети со по 3.000 евра

Тројца прилепчани заработија казни поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинителството од Прилеп соопшти дека во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на коронавирусот Ковид-19 и не постапиле по изјавите за самоизолација.

-Обвинетите на 17 март оствариле влез во Република „Северна“ Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од 14 дена да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп му предложи на Основниот суд во Прилеп на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​​

Самка: Замислете дека сте во притвор 14 дена и се ќе биде подобро со коронавирусот

Eкс министерот без ресор во владата на СДСМ и пратеник, Самка Ибраимоски, напиша “уникатна” препорака до своите пријатели на социјалните мрежи:

“Почитувани пријатели една моја препорака, замислете дека сте во домашен притвор 14 дена и се че биде подборо.со корона вирусот”.

Арсовски: Филипче прави скандалозна набавка на респиратори од Бразил, од 4 понуди тој ја фаворизира најскапата и најнебезбедната

Венко Филипче е денеска фатен од глава до пети во профитертство со набавка на респиратори кои што во моментов се најнеопходни во оваа криза и зараза на вирусот Ковид 19. Но исто така фатен е и во лага. Денеска на прес конференцијата од министерот слушнавме дека се договара набавка на новите неопходни респиратори од Бразил и дека само тоа Бразил го единствено го може. Вчера пак, сведоци бевме дека самиот Филипче информираше дека одлуката од каде ќе се набават новите респиратори се уште не е донесена. Ниту само Бразил тоа го може, ниту пак донесена не е одлука, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој обвини дека не е точно дека Бразил е единствениот понудувач, а ги покажа и другите 4 понуди.

-Денес сосема спротивно од вчера Филипче соопшти дека Бразил е фаворизиран и пред да биде донесена одлуката тој преговара со понудувачот кој објавуваме дека има неколку илјади долари повисока цена, единечна цена за респиратори. Согласно нашите информации, од останатите 3ца понудувачи, дури 2ца имаат пониски цени од понудувачот од Бразил. Значи тој ја фаворизира бразилската понуда од 24 800 долари, а отфрла понуди од 7 илјади долари пониски или пак неколку илјади долари пониски. Не е точно дека е само една понуда. Еве го доказот. Вкупно 4 понуди за набавка на неопходните респиратори. Практично Венко Филипче денеска потврдува дека или изборот на понудувач е извршен пред време, а не беше во ниту еден момент јавно соопштено кога се извршил изборот, или ако не е донесена одлуката тогаш имаме кривично дело фаворизирање на повисока понуда односно скапа понуда. За да не дојде до забуни, јавно ги објавуваме цените на понудувачите и понудувачите на овој екран позади мене, можат да се видат само цените на истите за да граѓаните имаат јасна претстава, истакна тој.

Арсовски потенцира дека ова се моменти каде што не се потребни политички препукавања и поени, но секој обид за ваков начин на профитерство на маката на граѓаните во моментов ќе го објавиме, па сепак граѓаните нека судат.

-Зошто министерот инсистира за набавка само по овој канал кога имаме понуда поевтина за 7 илјади долари од останатите, односно оваа понуда на Венко Филипче која што ја фаворизира од Бразил е поскапа за 7 илјади долари? Дали во ваква состојба има и сомнеж за профитерство? Сето тоа Владата треба јавно да го обелодени и да одговори на овие прашања. Ние денес објавуваме, народот нека носи заклучоци. Со детали ќе излеземе и ќе ги изнесеме во наредниот период, порача тој.

Maкедонската градоначалничка во Австралија која вееше знаме со сонцето од Кутлеш, разрешена поради нарушените односи меѓу македонската и грчката заедница

Фото/falanga.com.au

Советот на австралиската општина Витлси заедно со најмладата градоначалничка во Австралија Емилија Стерјова се разрешени по препорака на истражителот испратен од министерот за локална самоуправа. Истражителот беше назначен да го испита работењето на Советот поради нарушените односи меѓу македонската и грчката заедница – објави “Весникот Илинден”

Емилија Стерјова (22), Македонка по потекло, лани во декември добиваше смртни закани од припадници на грчката зедница поради нејзиното присуството на прослава на матуранти и играње оро со шеснаесетокракото сонце од Кутлеш.

Истражителот Јехуди Блечер предложил распуштање на Советот затоа што биле нарушени односите меѓу советниците, а градоначалничката ги „воспалила односите меѓу македонската и грчката заедница“. Претходно, куќата на истражителот била посетена од две непознати лица кои упатиле закани до сопругата на Блечер. Полицијата го истражува и овој случај. Министерот за локална самоуправа ја прифатил препораката на истражителот и Советот и градоначалничката се разрешени.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Важни информации за сите Македонци кои живеат и работат во Германија

Новите мерки за заштита од коронавирусот во Баерн:

СЕКОЈ КОЈ ЌЕ ГИ ПРЕКРШИ ОВИЕ ПРАВИЛА МОЖИ ДА ОЧЕКУВА КАЗНА ДО 25 000 ЕВРА.

Од Сабота, 21.03, нема да работи следното:

Сите ресторани и градини ќе бидат целосно затворени.

Градежни и градинарски маркети

Фризерски салони

Забранети се посети во болници (исклучок: смрт, сопрузи за време на породување на сопругата и грижа за деца).

Напуштањето на домот е дозволено само во следните случаеви:

Пат до и назад од работното место

Можи да се оди до маркет, но само сами.

Посета на доктор само во хитни случаеви

Можи во аптека

Филијалите на Дојче Пост

Да се става гориво на бензиски пумпи

Да се вадат пари од банки

Помош за сиромашните

Прошетки сами или со брачниот партнер со кој живеете односно сте во врска.

Посети на деца кои живеат одделно од родителот/родителите

И грижа за животни.

Ова важи за наредните 14 дена.

Превземено од Фејсбук: Македонци во Германија / Makedonci vo Germanija

Борко Ристовски со порака до цела Македонија!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, испрати порака до Македонците.

Слушнете што порача:

Дајанчо Ефтимов: Вонредна состојба и моќна влада

“ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ,,МОЌНАТА ВЛАДА”

Демократијата, почитувани сограѓани пред се претпоставува постоење на опозиција.
Се разбира, исклучиво конструктивна опозиција во критични времиња. Системот нема смисла ако опозицијата престане да критикува и дава предлози и конкретни решенија особено во Вонредна состојба.
Не станува збор за поделба на кадрите по партиска линија, сите кадри се оздадени и интегрирани во системот но, станува збор за професионалност во менаџирањето.
Во спротивно практицирањето на власта во вонредната состојба од страна на сега ,, моќна влада” може да значи импровизација во користењето на ресурсите при справување со кризата.

Погледнете ги само оние прес конференции, стикери на социјални мрежи и сите тие лични навреди врз опозицијата наместо внимателно вслушување во секој предлог. Макар даден и во вербална форма…

Вонредната состојба прави концентрација на законодавната функција на собранието да премине во ,, моќната влада” и секако извршната власт која впрочем е единствено извршител на законодавната.

Со воведување на вонредна состојба се отвара можноста да се интервенира со ,, ad hoc,, решенија за клучните потреби од справување со епидемијата преку донесување на таканаречена Уредба со законска сила од страна на ,, моќната влада,,
Ова согласно членот 126 од Уставот.
Владата е таа која донесува уредби со законска сила.

Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето
на воената или вонредната состојба, на крајот одлучува Собранието кога ќе се состане.

Со уставот ваквата состојба е нормирана со неколку члена и не постои законско решение со што се остава многу слободен простор за маневрирање на
,, моќната влада,, па во опозицијата отвара реална можност за сомнежи.

Меѓутоа истата не смее да заборави дека дури и во ваква ситуација мора да носи решенија согласно Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во Република Македонија.

Клучна улога во дадената ситуација има Уставниот суд и уставните судии како единствен коректив на,, моќната влада”.
За жал сведоци бевме на нераскинлива спрега помеѓу извршната власт и судската власт секако и Уставниот суд.

Доколу се прогласеше Кризна состојба разработена согласно позитивните законски прописи и правно целосно, Владата во тој случај немаше да биде толку моќна. Сите ресурси на располагање за справување со актуелната состојба со епидемијата мораше да ги користи согласно веќе постојните позитивни законски прописи.

Затоа почитувани сограѓани, новата задача на секој од нас е да биде совесен и одговорен кон сите мерки и забрани, доколку може да ги поучи или предупреди сограѓаните, доколку треба да се стави на располагање на институциите но, важно е да биде контролор на одговорните во Вонредната остојба.

Секоја мерка за заштита на здравјето на граѓаните е добредојдена, а секое профитерско дејствување е казниво.

#Затоа што секој живот вреди# ”

Денеска е Св. седум свештеномаченици Херсонски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 март.

Денеска е Св. седум свештеномаченици Херсонски.

Сите овие седуммина беа епископи на градот Херсон во различно време. Имињата им се: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон. Сите освен Етериј, кој живееше во времето на цар Константин и животот го заврши мирно, пострадаа маченички под различни околности.

Според католичкиот календар денеска е Св. Благословен Маурициј.

Бил роден во 1270 година во Угод, во Унгарија. Во 1301 година се оженил со Катарина, ќерката на палатинот Амадеј Аба. По три години брачните другари се договориле да одат во два доминикански манастири, кои се наоѓале на брегот на света Маргарета кај Будим. Така станале монаси. Маурициј умрел во манастирот во Ѓор, во 1336 година.