Д-р Лазаров: Пушат цигари со ракавици, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици – Катаклизма ќе ни се деси

(Фејсбук статус на Д-р Ненад Лазаров)

“Морав итно до ГТЦ, неодложно, скоро се е отворено, луѓе си шпацираат, СЕГА И ЈАС СУМ ВЕЌЕ ИСПЛАШЕН!

Пред дуќани пушат цигари со ракавици и на нив и маска спуштена под брада, храна продаваат и наплаќаат со истите ракавици!

Слушате ли бе луѓе нешто вие, гледате ли тв, катаклизма ќе ни се деси, очигледно џабе трубиме! Каква е оваа вонредна состојба???

Фејсбук објава на претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), д-р Ненад Лазаров, револтиран од несериозниот однос на граѓаните и непочитување на препораките за заштита од коронавирусот”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.