Maкедонската градоначалничка во Австралија која вееше знаме со сонцето од Кутлеш, разрешена поради нарушените односи меѓу македонската и грчката заедница

Фото/falanga.com.au

Советот на австралиската општина Витлси заедно со најмладата градоначалничка во Австралија Емилија Стерјова се разрешени по препорака на истражителот испратен од министерот за локална самоуправа. Истражителот беше назначен да го испита работењето на Советот поради нарушените односи меѓу македонската и грчката заедница – објави “Весникот Илинден”

Емилија Стерјова (22), Македонка по потекло, лани во декември добиваше смртни закани од припадници на грчката зедница поради нејзиното присуството на прослава на матуранти и играње оро со шеснаесетокракото сонце од Кутлеш.

Истражителот Јехуди Блечер предложил распуштање на Советот затоа што биле нарушени односите меѓу советниците, а градоначалничката ги „воспалила односите меѓу македонската и грчката заедница“. Претходно, куќата на истражителот била посетена од две непознати лица кои упатиле закани до сопругата на Блечер. Полицијата го истражува и овој случај. Министерот за локална самоуправа ја прифатил препораката на истражителот и Советот и градоначалничката се разрешени.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.