дома блог страница 2716

Кинеските доктори во Србија: Земјата ќе се спаси за 29 дена од вирусот доколку се држи до мерките

Ако од денеска сите во Србија почнат да се придржуваат до сите мерки, на земјата ќе ѝ бидат потребни 29 дена за да ја стабилизира ситуацијата со коронавирусот, е првата проценка на кинеските стручњаци што пристигнаа вчера во Белград.

„За да дојдеме во ситуација да не ни расте бројот на заразени треба од денеска воопшто да не се прекршуваат мерките. Би ни требале 29 дена. Тоа е нивната прва верзија“, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

„Тие уште се оградуваат. Кратко се овде, се запознаваат со нашата ситуација. До утре попладне (понеделник – н.з.) ќе излезат со првиот сет мерки, кои кај нив се покажале добри“, додаде тој.

Во Србија со коронавирус се заразени 222 лица, во болница се 131, од нив на респиратори се ставени 15, а тројца се во доста сериозна состојба, реферира Лончар, нагласувајќи дека последните главно имале други болести.

ШТАМА: Еве како изгледа полицискиот час во Прилеп (Видео)

Моменталната слика од центарот на Прилеп:

Полска користи запленета вотка за дезинфекција против коронавирусот

Речиси 500.000 литри на запленета вотка за која не било платено акциза, наместо да биде уништена се користи за дезинфекција на објeкти, простории и возила во Полска.

Противпожарната единица во градчето Олштин во северо-источниот дел на Полска, добила 1.000 литрли, додека на три болници во градчето им биле доделени 2.500 литри.

Акцијата со дезинфекција со вотка ќе продолжи и во наредните денови, објави “Брисел Тајмс”.

(Урнебесно видео) Како комшивки пијат кафе за време на пандемија со коронавирус

Малку смеа нема да наштети никому.

Видеото доаѓа од Турција и има за цел да ве расположи во овие депресивни и тешки денови.

Австриски лекар сподели добри вести: Два лека помагаат против виpycoт- може да се спасат и 90% од потешките случаи

Австриската влада во борбата против коронавирусот ги стави на располагање новите 22 милиони евра за истражувања, а во Салзбург веќе ги имаат првите успеси во лечењето.

Владата финансира клинички студии за лекови и супстанци против Ковид-19, а примариус др. Рихард Грајл од Салзбург вели дека постојат добри вести, односно дека има два нови лекови.

“Еден лек може да го запре наглото воспалување. Податоците сеуште не се публикувани, но покажуваат дека може да ги намали тешките заболувања и за 90%”, изјави тој за австриските медиуми.

Двата споменати препарати веќе се користени во Кина и сега се тестираат во клиниката во Салзбург.

Еве како во Словенија како превентива се справуваат со граѓаните кои денски седат по клупите (Видео)

Eве како во Копер, Словенија, го решаваат седењето по градските купи преку ден.

Прилепчанец кој живее и работи во Словенија ни испрати видео за тоа како во Копер се справуваат со граѓаните кои дење седат по градските клупи. Освен што клупите се забарикадирани, следи и казна за тој што ќе седне.

Во Словенија полицискиот час трае од 20:00 до 06:00 часот наутро, а досега коронавирусот е констатиран кај 414 жители.

“Пранкер во Битола урнебесно ја наседнал општината, па добил закана од директорот на Водовод?” (Видео)

Популарниот јутубер и пранкер од Битола, Ритко Мемедов, направи видео пренк за ситуацијата со коронавирусот, па се пошегува со битолчани.

Реакциите околу видеото кое за еден ден стана вирално на социјалните мрежи беа поделени. Дел велат дека е комично, а дел го осудуваат.

Она што е уште повеќе интересно е тоа што од ЈКП Водовод Битола, сакајќи да се пофалат дека ги дезинфицираат и чистат улиците и јавните површини, ставиле слика токму од Ритко, како лажно “дезинфицира”.

Ритко потоа напиша дека добил закани од директорот на јавното претпријатие:

Фотографијата веќе ја нема на Фејсбук профилот од ЈКП Водовод Битола, а популарниот пранкер кој го следат над 35.000 корисници на јутјуб се извини за видеото:

“Се извинувам за невкусната шега која ја направив во однос на ситуацијата со Ковид 19, но јас не инсистирав мојата слика да се најди на официјалната страна на Водовод. Иако се претставив дека доаѓам од “Ритко Мадафака Екипа” иако сите ме познаваат по моите пранк видеа, кои низ целиот свет се актуелни и општо прифатени, јас се извинувам за несоодветниот момент, но никако неможам да се извинам за сликата на официјалната страна на Водовод бидејќи јас таа слика таму не ја поставив”, напиша Мемедов на својот Фејсбук профил.

(Видео) САД воведува мерки какви што немало ни за време на Втора светска војна: Целосна тримесечна блокада!

САД воведува блокада која ќе ги погоди големите сегменти на американската јавност. Оваа мерка е со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот и ќе трае од 10 до 12 недели или до почетокот на јуни.

Американците се прилагодуваат на најголемата промена во секојдневниот живот од Втората светска војна. Затворени школи, откажани спортски настани и економски пресврт, бидејќи многу луѓе ги загубија работните места со затварање на компаниите во многу индустрии.

Болниците се обидуваат да набават заштитна опрема за здравствените работници и респиратори, бидејќи се подготвуваат за бран на пациенти на кои ќе им треба помош. Бројот на заразени во САД е над 25.000.

Заев удира по работниците, ќе им ги скрати платите!

Како да не е доволен стравот кој коронавирусот го предизвика кај македонските граѓани, сега имаат дополнителен страв дека нема да можат да си платат ни за основните потреби.

Заев, кој во моментов нема друга функција освен лидер на партија, се постави себеси како премиер и промовира мерки кои ги претстави како добри, а всушност за голем број на граѓани тие ќе бидат катастрофални.

И не е прв пат од цела една прес-конференција социјалдемократите и медиумите блиски до нив да преувеличуваат само дел.

Така беше и денес. Неговите “мерки за справување со економската криза предизвикана од епидемијата на коронавирусот“, вклучуваат државата да обезбеди минимална плата за секој вработен во приватните фирми погодени од кризата, како и минимална плата за сите вработени во јавниот сектор. Од предложените мерки се изземени медицинскиот персонал, полицајците и војниците.

Додека од СДСМ ја промовираат само тезата дека функционерите ќе земаат помали плати, забораваат да го потенцираат најважното. Дека сите граѓани вработени во администрацијата ќе добијат мали плати

Како може Заев во ист кош да стави функционер чија плата изнесува и до 90.000 денари со административец кој зема 25.000 денари плата? Сега и едниот и другиот 14.500 денари.

Но, има една важна разлика, а тоа е дека со овие пари голем број на граѓани едвај ќе врзуваат крај со крај.

Заев удри по грбот на работниците, а сака пред јавноста да претстави слика дека некако помага. Овие одлуки се погубни и срамни, истите тешко ќе го поднесат граѓаните.

Кристијано Роналдо и помага на Португалија и на цела планета: Феноменален гест на фудбалерот и неговиот агент во борбата против кopoнавиpycoт

Кристијано Роналдо реши да им помогне на загрозените од коронавирусот.

Голема улога имаше неговиот агент Жорж Мендеш кој активно се вклучи во помагањето на заразените од коронавирусот во местото Сао Жоао де Опорто во Португалија.

Познатиот фудбалски агент ја започна акцијата купување на медицинска опрема и помагала потребни за борба против корона вирусот, а на оваа акција се приклучи и Роналдо, пренесува “Ас”.

Мендеш купи 200.000 медицински одела и три респиратори.

Во наредните неколку дена менаџерот ќе откупи и ширум светот, на земјите на кои им недостигаат, ќе им подари заштитни маски.