“Пранкер во Битола урнебесно ја наседнал општината, па добил закана од директорот на Водовод?” (Видео)

Популарниот јутубер и пранкер од Битола, Ритко Мемедов, направи видео пренк за ситуацијата со коронавирусот, па се пошегува со битолчани.

Реакциите околу видеото кое за еден ден стана вирално на социјалните мрежи беа поделени. Дел велат дека е комично, а дел го осудуваат.

Она што е уште повеќе интересно е тоа што од ЈКП Водовод Битола, сакајќи да се пофалат дека ги дезинфицираат и чистат улиците и јавните површини, ставиле слика токму од Ритко, како лажно “дезинфицира”.

Ритко потоа напиша дека добил закани од директорот на јавното претпријатие:

Фотографијата веќе ја нема на Фејсбук профилот од ЈКП Водовод Битола, а популарниот пранкер кој го следат над 35.000 корисници на јутјуб се извини за видеото:

“Се извинувам за невкусната шега која ја направив во однос на ситуацијата со Ковид 19, но јас не инсистирав мојата слика да се најди на официјалната страна на Водовод. Иако се претставив дека доаѓам од “Ритко Мадафака Екипа” иако сите ме познаваат по моите пранк видеа, кои низ целиот свет се актуелни и општо прифатени, јас се извинувам за несоодветниот момент, но никако неможам да се извинам за сликата на официјалната страна на Водовод бидејќи јас таа слика таму не ја поставив”, напиша Мемедов на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.