дома блог страница 2715

Прилепчанец нападнат од три лица

На 22.03.2020 околу 12.30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на раскрсница на ул.„Београдска“ со ул.„Горан Миноски“, додека Г.Н.(52) од Прилеп управувал патничко возило „форд мондео“, со прилепски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „фолксваген“, со непознати регистарски ознаки.

И двете возила запреле, и по вербална расправија, од возилото „фолксваген“ излегле две лица, на кои им се придружило уште едно, и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

(Видео) Оваа баба од Белград стана хит на интернет: Вака го прошета кучето среде полицискиот час

На најстарите граѓани на Србија им е забрането да излезат од дома заради вонредна состојба поради пандемија на коронавирусот. За нив, полицискиот час важи 24 часа на ден.

Во таква ситуација, една белградска пензионерка на свој оригинален начин го прошета кучето.

Видеото стана вирален хит, а начинот на кој кучето се враќа дома е особено интересен.

View this post on Instagram

KO OCE NADJE NACIN. @jvoans

A post shared by Neguj mo srbski jezik (@negujmosrbski) on

(Видео) Еве како се зема брис за кopoнавиpycoт

Kорона вирусот е најактуелен во светот и справувањето со неговите последици. Тестовите се најефикасен метод да се разбијат сомнежите дали си носител на вирусот. Но, податоците од тестирањето се строго приватни па никој не знае како тој се врши.

Но руската тенисерка, Светлана Кузњецова реши да ја подигне свеста кај луѓето да се тесираат па реши јавно да се провери иако нема никакви симптоми.

На видеото се гледа и земаат два бриса, прво од носот а потоа и од грлото и во специјални епрувети се носат на испитување.

Резултатите се добиваат за неколку часа и 34 годишната тенисерка се увери дека е сосема здрава.

Србија воведува полициски час од 13 часот: Ќе биде ли ова следна мерка и кај нас?

Српските власти размислува за радикализација на мерките за корона вирусот.

Бидејќи најголем дел од граѓаните не го почитуваа полицискиот час кој почнува од 17 часот следна мерка ќе биде тој да започне од 13 часот.

За пензионерите пак ќе биде дозволено само два часа во денот да отидат во продавница или во аптека.

Оваа мерка се очекува во 18 часот да биде соопштена од страна на претседателот Вучиќ.

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија – вкупната бројка достигна 136

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
– Гостивар (1).

Mаж на 63 годишна возраст од Дебар, е вториот смртен случај од коронавирус во Македонија. Претходно од Министерството информираа дека кај него синоќа дошло до нагло влошување на состојбата.

-Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, соопштија од Министерството за здравство.

Малата и сиромашна Куба испрати помош во Италија: Кубанските доктори дочекани со аплаузи (Видео)

Maлата и сиромашна oстровска земја сместена на северниот дел од Карипското море, испрати 52 доктори и асистенти во богатата област Ломбардија во Италија, како помош за справување со пандемијата со коронавирусот.

Во услови кога Италија е најпогодена од опасниот вирус, а стотици Италијанци дневно го губат животот, помош стигна само од Кина, Русија и сега од малата Куба.

Кубанските доктори синоќа со аплаузи беа пречекани во Италија.

И оваа недела поевтинување на горивата: Ова се новите цени

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – кои од вечерва се намалуваат за, 3.00, 4.50, односно 5.00 денари!

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 9.18%. Соодветно на тоа, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 5.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 49.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 52.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.00 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 45.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Втор смртен случај од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус, пренесува порталот Курир.

-Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, информираaт од Министерството.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Од денеска низ Македонија ќе има 14 пунктови за тестирање за коронавирус

Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на денешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.

-Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите, рече Филипче.

Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.

Тој ги повтори податоците кои претходно ги објави Министерството за здравство за бројот на нови случаи. Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи во нашата земја, Вкупно до 12 часот бројката е 114. По градови во Скопје 65, Дебар 36, Штип 7, Кавадарци и Охрид 2, Гостивар 1 и Куманово 1.

Ужасна слика од Мадрид: Пациенти лежат по подовите во болниците (Видео)

По Италија, најзагрозена европска земја е Шпанија со моментов 28.603 лица заболени од коrронавирус, додека бројката на загинати се искачи на 1.756 лица, од кои 375 се починати во последните 24 часа.

Шпанските болници се претесни да ги примат заболените граѓани, а доказ за тоа се снимките на социјалните мрежи.

На едно од видеата се гледа како болни пациенти лежат на подот во болницата Леганес во Мадрид.