Прилепчанец нападнат од три лица

На 22.03.2020 околу 12.30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на раскрсница на ул.„Београдска“ со ул.„Горан Миноски“, додека Г.Н.(52) од Прилеп управувал патничко возило „форд мондео“, со прилепски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „фолксваген“, со непознати регистарски ознаки.

И двете возила запреле, и по вербална расправија, од возилото „фолксваген“ излегле две лица, на кои им се придружило уште едно, и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.