За разлика од Македонија, во Србија не размислуваат за кратење на платите и пензиите

Наспроти најавите во Македонија од експремиерот Зоран Заев, поткрепени од поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во Србија не се размислува за намалување на платите, ниту на пензиите.

„Мислам дека направивме сериозна програма, како и во 2014 година. Не брзавме да му се додворуваме на народот во Србија, туку дадовме сериозни мерки, кои ќе покажат дека Србија може побрзо од другите да излезе од економските проблеми во кои нè фрли короната. Во ниту еден момент не размислувавме, ниту размислуваме за намалување на платите и на пензиите, а сите во регионот, ќе видите, ќе ги намалуваат и платите и пензиите, бидејќи не можат да го издржат нивото на јавниот долг“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пакетот мерки за справување со економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе биде претставен в недела.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.