дома блог страница 2700

Четири кривични пријави за прилепчани кои не го почитувале полицискиот час: Еве кои лица заработија пријави

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ц.(30) и Б.Б.(28) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.30 часот, на ул.„Димче Антулески“ во Прилеп, пријавените без дозвола се движеле со патничко моторно возило „бмв“ и не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението на Македонија.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Н.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 околу 00.30 часот пред продажен објект на ул.„Војводинска“ во Прилеп, пријавениот без дозвола се движел и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.Д.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 02.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, пријавената без дозвола се движела и не се придржувала кон воведената мерка „полициски час“.

Извор: Дневен билтен на МВР

Tри сценарија за продолжување на првенствата: Еве кога се очекува одново да се игра фудбал

Европската фудбалска федерација (УЕФА) разгледува три варијанти за продолжување на првенствата. Според „АС“, мај, јуни и септември се можни опции, но најизгледна е јуни.

Мај изгледа неверојатно за можност да заврши ширењето на коронавирус низ цела Европа, а изборот септември значи потреба од реструктуирање во следната сезона, евентуално со намалување на бројот на екипи во секоја лига, локални купови, како и со промена на форматите во европските натпреварувања.

Месецот јуни останува главната опција. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е уверен дека првенствата може да се продолжат во јуни, дури и ако натпреварите се одржат без гледачи.

Во Шпанија и Италија, каде што вирусот се појави порано, се очекува обновувањето да се случи пред јуни. Во Франција, Германија и Англија, ова ќе биде потешко да се спроведе.

УЕФА утре ќе одржи состанок во врска со новиот распоред на шампиони.

Нови 44 случаи со коронавирус во Македонија: Бројката во Прилеп достигна 10

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

• Скопје- 175

• Дебар – 47

• Куманово – 47

• Штип- 14

• Тетово – 10

• Прилеп – 10

• Струга – 7

• Велес – 6

• Битола – 4

• Охрид – 3

• Кавадарци – 2

• Гостивар – 1

• Крива Паланка – 1

• Струмица – 1

• Гевгелија – 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

Mинистерот Чулев обезбеди голема донација за македонските полицајци од Кина

Со големо задоволство сакам да ја информирам јавноста дека денес, а во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на мое претходно барање и оствараната комуникација, преку амбасадата на НР Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.

Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значението на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање закани кои што имаат не национални ами глобални импликации, и чии што последици моѓат да бидат стравини, доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.

Сакам во оваа прилика, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите пријатели од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.

Уапсена прилепчанка во Скопје

На 30.03.2020 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“, ја лишиле од слобода Н.И.(36) од Прилеп, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја, пишува во полицискиот билтен на МВР.

По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Рамковно вработените ќе продолжат да седат дома и земаат плата како и години нананзад? Еве ги новите мерки на Владата

Владата излезе со втор сет економски мерки за справување со кризата која ја предизвика вирусот COVID-19.

Откако сите држави во регионот јавно ги соопштија економските мерки што ќе ги преземе државата за да им помогне на граѓаните полесно да го пребродат овој тежок период, конечно и македонската Влада го соопшти вториот сет на економски мерки.

Меѓу нив, како што се најавуваше се намалува платата на сите избрани и именувани функционери, односно тие ќе земаат минимална плата во износ од 14.500 денари за април и мај.

Добро е што во овие тешки моменти државата мисли и на рамковно враработените, односно за лицата кои се дел од неформалната економија, па го задолжи Министерствотo за труд и социјална политика во соработка со Министерстовото за финансии во рок од два дена да изготви и на Владата да и достави Предлог- Уредба со законска сила за реализирање на оваа мерка.

Во продолжение ги наведуваме останатите владини мерки:

– Финансиска поддршка на правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Финансиска подршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата (14.500 денари/месчно) по работник;
– За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај;
– За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура;
– Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот, во време од 6 месеци;
– Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата;
– Се запира Законот за извршување до крајот на јуни;
– Одложување на кредитите кај банките;
– Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите;
– Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови;
– Дополнителни безкаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра;
– 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите;
– Се забранува отварање на стечајна постапка ;
– Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од лани – во јавниот сектор;
– Формирање на солидарен COVID-19 фонд;
– Намалување на авторски хонорари .

Не почитувал самоизолација и заразил повеќе луѓе со коронавирус!

Министерството за внатрешни работи денеска ќе поднесе кривична пријава против против едно лице, кое и покрај изјавата дека ќе биде во самоизолација, се сретнал со многу луѓе и ги заразил со коронавирусот Ковид-19.

Ова вчера на прес-конференција го соопшти дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, нагласувајќи дека осомничениот Ф.К. не почитувајќи ги правните прописи за време на епидемијата од заразна болест извршил кривично дело со кршење на прописи и наредби.

– Осомничениот на 8 март околу 13 минути по полноќ направил влез на ГП Табановце според правните прописи и истиот веднаш од здравствена екипа на Институт за јавно здравје е известен и информиран за одлуките на Владата дека е прогласена епидемија од КОВИД-19. И истиот е обврзан да биде во самоизолација со давање на своерачна изјава каде е дозволена самоизолацијата. Осомничениот наместо да ги почитува насоките за самоизолација се однесувал спротивно на одлуките претходно донесени од Владата со што го прекршил Кривичниот законик. Тој во континуитет остварувал средби со неговите родители, братот, неговата пријателка, остварувал и средби во фирмата, а подоцна продолжува и со своето непридржување кон самоизолацијата, истакна Петровска.

Таа информираше дека полицајците од ПС Карпош разговарале со обвинетиот при што тој изјавил дека не патувал во изминатиот период и со тоа дал лажен исказ дека немал остварено влез и излез во нашата земја.

– Накратко, лицето Ф.К. не придржувајќи се до прописите за време на епидемија постапувајќи несовесно и неодговорно заразил повеќе лица и со тоа допринел за ширењето на епидемијата, рече Петровска.

Земеничката на министерот на МВР дополнително информираше дека полицијата располага со информации дека дозволите кои се издаваат од приватните компании кои се регистрирани за работа во ноќна смена се злоупотребуваат и дека полицијата ќе спроведе истрага.

– Доколку постои макар еден случај на злоупотреба ќе постапиме крајно рестриктивно и ќе ги примениме сите мерки кои стојат на располагање на полицијата. Нема да се двоумиме тие лица да ги лишиме од слобода, да побараме притвор и затворски казни за евентуалните сторители. Доколку се утврди злоупотреба ќе побараме ограничување или одземање на ова право на таа фирма која ја сторила злоупотребата, а лицата кои го сториле тоа ќе ги гониме за кривично дело, нагласи Петровска.

Таа нагласи дека недозволиво е поединци, несовесни и неодговорни да се обидуваат да ги изиграат институциите и порача дека тие ќе го добијат одговорот од овие институции.

МЕРКИ ВО РЕГИОНОТ ПРОТИВ КОВИД-19: Во Србија 5, Словенија 3, Грција 6,8 милијарди евра, а во Македонија 100 метри да го шеташ кучето (ФОТО)

Разни полемики за (не)грижата околу епидемијата со коронавирусот се водат на социјалните мрежи, особено на Фејсбук.

Еден од највпечатливите што е објавен е од корисник на Фејсбук, во врска со предложените мерки против коронавирусот во земјите од регионов и во Македонија:

– Во Србија 5 милијарди евра, во Словенија 3, во Грција 6,8 милијарди евра, а во Македонија 100 метри да го шеташ кучето, гласи коментарот објавен на Фејсбук.

Героски: Под секое ниво се коментарите на таткото на Заев на мојот статус на ФБ

Во вечерашната емисија на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ телефонско вклучување имаше новинарот Бранко Геровски кој кажа дека под секое ниво биле коментарите на таткото на Зоран Заев , Панче Заев на неговиот ФБ статус.

Имено, тој и на својот ФБ профил има објавено дека Панче Заев таткото на Зоран Заев по втор пат коментира на неговите постови и пишува дека тоа е под секое ниво на комуникација посебно какво што не доликува на родител на лидер на една од најголемите политички партии и поранешен премиер на државата.

Дополнително Героски во своето вклучување објасни дека таткото на Зоран Заев не застанал само на тие два коментари туку дека Панче Заев исто оставал неприлични коменатари и на текст односно интервју од Петар Гошев што било пренесувано за ТВ Нова од кое Плуинфо пренесувал една од поентите.

– Панче Заев настапува со еден по мој вкус малку непристоен коментар и во секој случај под нивото на татко на лидерот на СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев, кажа Героски.

Позитив на денот од Детската клиника: Малата Румеса ја победи леукемијата (Фото/Видео)

На Фејсбук профилот од Универзитетската клиника за детски болести денеска осамна една прекрасна вест.

“Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е се така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест! Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче! Драга наша Румеса, нема веќе боцкања и страв, само напред! *фотографиите се објавени со одобрение на родител”, напишаа од клиниката.