дома блог страница 2701

Добра вест: Негативни се тестовите на семејството на заболениот доктор од Битола

Негативни се тестовите на семејството Трпчевски од Битола. Болницата „Плодонст“ на својата Фејсбук страница објави дека сите пет резултати кои пристигнале вечерва, а беа земени во саботата, се негативни и сите се во добро здравје.

Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба-стои во објавата.

Емил Димитриев: “Денес се фалите, а тогаш не критикувавте за полската болница…тоа е СДСМ”

Поранешниот технички премиер и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев напиша статус на својот Фејсбук профил за монтажната болница со која власта се пофали дека ја монтирале во просторот кај Клинички центар.

“Полската болница Roll 2, со ниво на опременост за хируршки интервенции, од утре во употреба за медицинска заштита на граѓаните на Македонија. Ја обезбедивме како донација во 2012 год. од Кралството Норвешка со вредност од 2 милиони евра. Дел од оние што денес се гордеат со неа, тогаш критикуваа дека за нашата земја финансиски е неодржлив овој ресурс. Добро е што ја имаме, што помалку да се користи”, напиша Димитриев.

Видео кое ја шокираше Европската Унија: Потпретседателот на парламентот во Италија го отстрани знамето на ЕУ

Италијански медиум објави видео кое ќе предизвика шок за раководството на Европската Унија, но во Италија предизвика делириум.

Рампели е потпретседател на италијаскиот парламент, а на видеото се гледа како го отстранува знамето на Европската Унија и го поставува италијанското знаме.

Денеска е Cвети Алекcej чoвeк Бoжjи: Честит именден на Александар, Александра, Алексеј…

Денес се празнува Свети Алексиј човек Божји.

Различни се патиштата по кои што Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот зeкoн. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го пpинyдиjа да се ожени.

Но, ноќта по свадбата тој не само што ги ocтави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот лик на Господ Исус, испратен од Самиот Господ за царот Авгар.

Откако му се поклони на овој лик Алексеј се облече во руво на пpoсjaк и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестано молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица.

Кога таму се прочу како богоугодник, тој се yплaши од човечката слава и зaминa, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.

Сметајќи го ова за прст Божји, Алексеј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го пpeпозна, а од милocрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор.

Овде Алексеј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Cлyгите го мaлтpeтиpaа на разни начини, а тој пpeтрпе сè. А кога му се приближи кpaјот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и и3дивнa, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли имаше во присуство на царот и патријархот откpoвение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго paспрашување дознаа дека Божјиот човек е оној пpoсјак. Кога влегоа го најдоа мpтoв во неговата визба, а неговото лице блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексеј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзeдe неизмерна тaгa.

По ова сепак се утешија гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лeкyваа многубројни бoлни, а од телото му пoтeче благoухaно миpo. Го погpeбaa во кoвчeг од мермер и смарагд.

Неговата глава се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез. Тој се смета за зaштитник на питaчитe, патниците, болничapитe и дадилките. Народот вели дека „Човекот Божји“ се грижи за сите нecpеќни и нaкaзeни луѓе и затоа на денешен ден никако нe е добро да избpкaтe пpoсjак доколку ви дојде на врата или да одбиeтe милocтина, бидејќи така ќе го нaвpeдите свeтитeлoт.

(Видео) Каква средба! Претседателот на Мексико снимен со мајката на Ел Чапо: Се поздрави со мајката на “нарко босот” сред пандемија

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор се ракуваше со мајката најголемиот нарко бос во историјата Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, за време на посетата во неговиот роден град, кој долго време беше упориште на картелот Синалоа.

На снимката објавена на Твитер, која трае само 30 секунди, се гледа како претседателот се приближува на автомобилот во кој седеше Марија Консуело Лоера, а кој беше паркиран во предградието Бадирагватоа, ридска општина во сојузната држава Синалоа.

Како што пренесува Гардија, Обрадор и се обратил на мајката од Ел Чапо и и’ кажал дека “го примил нејзиното писмо”, не прецизирајќи за што се работи.

(Видео) Внимавајте! Во Прилеп има и вакви крадци

Прилепчанка на социјалните мрежи објави видео од несекојдневен крадец кој од пред врата му украл патики.

На видеото се гледа како овој крадец со помош на чадор се обидува да го сокрие идентитетот, а потоа црна вреќа ја префрла преку рамото и си заминува.

Кој знае колку патики има во вреќата…

Еден нов случај со коронавирус во Прилеп

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција соопшти дека денеска во Македонија се дијагностицирани нови 26 случаи со коронавирус.

1 нов пациент во Дебар, 19 Скопје, 3 во Куманово, 1 во Прилеп, 1 Крива Паланка

Со ова бројката на инфицирани со Ковид – 19 во Македонија се искачи на 285, a во Прилеп бројката е 9 пациенти.

Филипче истакна дека дека 9 пациенти се излечени и дека има уште еден нов смртен случај.

Се работи за 79 годишен пациент од Дебар.

Драма во Прилеп: Се степале четири лица, па еден од нив извадил пиштол и пукал

„Вчера вечер во 22 часот и 30 минути во ОВР Прилеп, Р.Р.(45) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на улица „Дебарца“ во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и неговиот син И.Р., од една страна, и И.В. и Е.Н., од друга страна, со кои пријавителот се познавал, по што во еден момент И.В. извадил пиштол и испукал во воздух“ велат од полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

(Видео) Баба од Белград го насмеа цел регион: За време на полициски час “уловена” како се движи на улица

Како што знаеме, во целиот свет владее епидемијата на коронавирусот, а многу од државите ширум светот веќе прогласија вонредна состојба…

Во Србија воведена е вонредна состојба и посебни мерки за заштита на граѓаните. Една од нив е и таа според која на лицата постари од 65 години во градските средини и на лицата постари од 70 години во руралните средини целосно им е забранет излез од нивните домови.

Сепак, една баба била ‘уловена’ надвор од својот дом, во центарот на Белград, но набрзо ја сопрела полиција.

На една од многубројните снимки кои што постојано се појавуваат на социјалните мрежи, а поврзани со вонредната состојба во земјите, го слушаме полицаецот како ја прашува бабата зошто е надвор сред вонредна состојба?

„Еве, си одам дома. Бев на час по англиски кај мојата пријателка која што има слободно време“ – изјавила бабата чие име е Оливера.

Погледнете го видеото:

285 заразени и уште еден смртен случај на коронавирус во Македонија: Еве како изгледа мапата на заболени по градови

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.
Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар.

Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

Како изгледа моментално бројот на заболени по градови покажува првата интерактивна мапа.