Во вечерашната емисија на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ телефонско вклучување имаше новинарот Бранко Геровски кој кажа дека под секое ниво биле коментарите на таткото на Зоран Заев , Панче Заев на неговиот ФБ статус.
Имено, тој и на својот ФБ профил има објавено дека Панче Заев таткото на Зоран Заев по втор пат коментира на неговите постови и пишува дека тоа е под секое ниво на комуникација посебно какво што не доликува на родител на лидер на една од најголемите политички партии и поранешен премиер на државата.
Дополнително Героски во своето вклучување објасни дека таткото на Зоран Заев не застанал само на тие два коментари туку дека Панче Заев исто оставал неприлични коменатари и на текст односно интервју од Петар Гошев што било пренесувано за ТВ Нова од кое Плуинфо пренесувал една од поентите.
– Панче Заев настапува со еден по мој вкус малку непристоен коментар и во секој случај под нивото на татко на лидерот на СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев, кажа Героски.