Koстадинов: Државата ги спасува работните места на граѓаните и обезбедува приход за секој човек

„Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните и обезбедува приход за секој човек! Преку конкретни мерки за зачувување на секое работно место и директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството ќе ја надминеме економската криза, која доаѓа како последица од борбата со коронавирусот. Владата усвои втор голем пакет на економски мерки за справување со економската кризата, вреден 200 милиони евра, кои имаат за цел да го ублажат економскиот удар и да им помогнат на граѓаните и работниците“, изјави денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Ги поддржуваме одлуките на Владата и го поздравуваме фактот што усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме, но и донесе дополнителни мерки. Со овие мерки, опфатени се граѓаните, работниците, малите и средните претпријатија, дуќаните, занаетчиите, и оние што се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците…“, додаде тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.