дома блог страница 2696

(Фото галерија) Зимска идила во пролет: Прилеп прекрасен, но празен

Не е шега, денеска во Прилеп падна снег над 20 центиметри…

Уживајте во зимската идила во пролет на “Могилата на непобедените”:

Ким тврди дека сеуште нема заразени со коронавирус во Северна Кореја

Светската здравствена организација испрати 900.000 долари поддршка за Северна Кореја.

Северна Кореја наведува дека во државата сеуште нема заразени од новиот вирус, но здравствените експерти тврдат дека тоа е неверојатно, пренесува Ројтерс.

Во Северна Кореја на сила стапија мерките во борба против вирусот, вклучувајќи го затворањето на границите и воведување на карантин за спречување на епидемијата.

Вирусот стигна и до бразилските племиња

Припадничка на автохтониот дел во селото кое се наоѓа длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв случај меѓу бразилските племиња, соопшти денес бразилското Министерство за здравство.

Се работи за 19-годишна девојка од племето Кокама, која живее во близина на границата со Колумбија, а се заразила работејќи како медицинска сестра во неколку племиња.

Во истиот округ потврдени се четири случаи, меѓу кои е и лекар, со што се создаде страв дека вирусот може да ги зарази и поодалечените и незаштитени заедници.

Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот би можело да биде смртоносно за околу 850.000 припадници на автохтоните народи во Бразил, а кои се веќе погодени од болести кои им ги донеле Европјаните. Од мали сипаници до маларија.

“Плусинфо”: Во “Аџибадем Систина” тестирани се 327 лица, а позитивни се 54

Денеска (1 април) во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни, пренесува порталот Плусинфо.

Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со симптоми за инфекција.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

Трамп: Во светот следат тешки две недели!

Во САД се регистрирани 207.535 случаи на коронавирус, додека бројот на починати се искачи на 4.609.

Америкаснкиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Американците дека следат тешки две недели во борбата против ширењето на корона вирусот и ги повика до крајот на април да се придржуваат на мерките кои ги донесе државата.

“Апсолутно е критично за америкнаскиот народ и така ќе биде во наредните 30 дена. Ова е прашање на живот или смрт”, изјави Трамп на конференцијата за новинари во Белата Куќа, пренесува Ројтерс.

Соединетите Американски Држави се први во светот по бројот на заразени, покажуваат најновите податоци на Worldometers.

Нема К-15 за администрацијата одлучи Владата денеска

Владата денеска ја продолжи работата на 32 седница, на која беа донесени повеќе уредби, одлуки и заклучоци.

На оваа своја седница, Владата го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и ги донесе следните заклучоци и тоа:

1.Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.

За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања.

Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата.

Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

2.Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор.

3.Колективниот договор за култура во кој се регулирани сите права да се пролонгира до крајот на 2020 година.

4.На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

5. Во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.

6. Владата ги задолжува јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

7. Владата до крајот на 2020 година ги задолжува буџетските корисници и единките корисници да ги почитуваат мерките за намалување на расходите.

8. Се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот.

На седницата Владата донесе Одлука за субвенционирање на каматата спрема Европската инвестициона банка која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187,00 евра одобрен со Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка и за надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот КОВИД-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, во насока на мерките за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обезбедување на ликвидност на претпријатијата, зачувување на работните места како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

На оваа седница Владата ја усвои Информацијата за потребата од редизајнирање на Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел ставање на средствата од овој фонд и кредитна линија во функција на намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, со препорака Развојната банка на Северна Македонија олеснетите услови да ги примени во Јавниот повик во најкраток можен рок.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за пренос на дополнително прибрани средства од Компензационите фондови од странска помош од сметките на Министерството за финансии во Народна банка на сметките на Развојна банка.

На оваа седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба согласно која се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000,00 денари за обезбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од заразната болест коронавирусот КОВИД-19 и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Средствата утврдени со оваа Уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.

На оваа седница е донесена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, со која полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи и за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај, согласно која полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

Македонски непокор: 101 знаме со сонцето од Кутлеш поставени во охридско Куратица (ВИДЕО)

Во охридското село Куратица се поставени 101 македонско знаме, објави групата Ние сме Македонија на својата Фејсбук-страница.

– Село Куратица, Охридско, Македонија! Порака од градоначалникот: „Со донација од Курајчката дијаспора се поставија 101 македонско знаме. Порака до минатите, сегашните, и идните власти: Внимавајте на македонските села што и малку останаа! Не се виртуелни, тие се тука, реални села!, пишува во објавата на Фејсбук.

Под текстот се објавени хаштазите: #Македонија #НиеСмеМакедонија #Куратица #НикогашСеверна #Кутлеш

Се случи и тоа: Мексиканците не сакаат Американци во нивната држава

Жителите на градот Сонора во Мексико, кој се граничи со американската држава Аризона, предупредија дека ќе го запрат сообраќајот кон Мексико.

Тие протестираа пред границата со заштитни маски на лицето викајќи “Американци останете дома”.

Мексико има помалку од 1200 регистрирани случаи на Ковид-19, додека во Aмерика до денес има 205.000.

Како што викаат тие, границите треба да бидат затворени за сите, освен за извоз на одредени видови стоки. Исто така, луѓето кои протестираа велат дека Американците кои влегуваат во Мексико не се тестирани и може да го рашират вирусот во државата, пренесува БиБиСи.

Работите се сменија до таа мера што сега веројатно Мексиканците ќе сакаат да се изгради ѕидот на Трамп.

Македонија воведува санкции против Турција?!

Македонија, Црна Гора, Албанија, Исланд и Ерменија се приклучија на санкциите на ЕУ против Турција за нејзините сондажни операции во потрагата по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Република Кипар. Ова се наведува во соопштението на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, издадена во Брисел – oбјави “Курир”

– Земјите-кандидатки (за пристапување во ЕУ) Република Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, Исланд, како и Ерменија ќе се приклучат на оваа одлука на Советот. Тие ќе обезбедат дека нивните национални политики ќе бидат во согласност со одлуката на Советот. Ја поздравуваме оваа заложба„ се вели во соопштението.

Од партијата за Движење за национално единство на Турците реагира дека како критична маса и совест на Турците на Македонија изразуваме огромно незадоволство и најенергичен протест против оваа одлука на владата. Според нив, владата фрла сенка на извонредно добрите пријателски односи со Турција. Тие бараат владата да се огради од најавените санкции бидејќи тоа претставува мешање во внатрешните работи на други земји.

Европската унија на крајот на февруари ги прошири санкциите против Турција за нејзините операции за дупчење во ексклузиваната зона на Република Кипар. Воведени се рестриктивни мерки против потпретседателот и шефот на одделот за истражување на турската државна нафтена компанија ТПАО (Турк петролеум корпорација) Мехмет Ферух Акалин, како и неговиот заменик во одделот Али Коскун Намоглу.

Големи резерви на природен гас се пронајдени во зоната на Република Кипар. Во септември, островската државна влада потпиша договор со француската компанија Тотал и италијанската компанија Ени за развој на секторот во Кипар. Сепак, на почетокот на октомври, Турција испрати свој брод за дупчење во областа, придружуван од воени бродови.

Според Анкара, турската механизација и опрема се испраќа во областа на гасот, врз основа на лиценци издадени од самопрогласената Турска Република Северен Кипар, која, освен самата Турција, не е призната од ниту една друга држава во светот.

Moнахињите од Бигорски направија снешко и испратија порака до верниците (Фото)

Денешното снежно време монахињите од Бигорски манастир го искористија за правење снешко во дворот на манастирот и ја испратија следнава порака:

„Вие не примивте дух на ропство, за да бидете во страв…“ (Рим. 8,15).

„Радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани“ (Рим. 12,12).

„Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!“ (Филип. 14,14)