Еве што предлага Бил Гејтс:”Затворете буквално се’ на 10 недели- ова што се случува сега е катастрофа!”

Oсновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во неговиот авторски текст за “Вашингтон Пост” апелираше до властите во САД да затворат буквално се на 10 дена, како би се избориле против пандемијата која ја предизвика коронавирусот.

“Нема сомнеж дека САД ја пропушти можноста да биде во предност во борбата со коронавирусот. Но сеупте постои простор за донесување на важни одлуки. Изборите кои ги донесуваме ние и нашите лидер денес, ќе имаат големо влијание на тоа колку брзо бројот на заразени ќе почне да опаѓа, колку долго економијата ќе се гуши и колку
Американци ќе мораат да се разделат од нивните најмили за секогаш поради Ковид-19.

Низ работата со “Фондацијата” разговарав со многу експерти и лидери во Вашингтон и ширум земјата. Ми стана јасно дека треба да преземеме три чекори.

Прво, потребен ни е доследен национален пристап во затварање на буквално се. И покрај повикот на експертите од јавното здравство, некои држави и окрузи не затворија баш се. Во некои држава плажите се и понатаму отворени, во други, рестораните и понатаму работат.

Ова е рецепт за катастрофа. Бидејки, ако луѓето можат слободно да патуваат преку државните граници, така може и вирусот. Државните власти мора да бидат јасни: Затворање било каде, значи затворање секаде.

Се додека бројот на заболени не започне да паѓа ширум Америка- што би можело да биде за 10 недели или повеќе- никој не може да продолжи со работа како и претходно или да го занемари престанокот на работењето. Секоја конфузија околу оваа точка само ќе ја зголеми болката во економијата, ќе ги зголеми шансите вирусот да се врати и ќе предизвика уште смртни случаи…”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.