(Видео) Природата сепак е посилна од човекот: Неверојатна снимка од македонски рис кој го закопува својот плен

Ексклузивно видео од начинот на кој што се храни македонскиот рис е објавено на Фејсбук страницата „Балкански рис“. На видеото може да се забележи како овој заштитен вид го закопува својот плен откако завршува со оброкот. Ова е едно од ректите видеа кои што можат да се видат од овој вид за кој се верува дека има околу 100 единки на целиот Балкански Полуостров.

Балкански рис (науч. Lynx lynx martinoi) е подвид на евроазискиот рис од родот рис (Lynx) кој што може да се најде и во Македонија. Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка на континентот. Балканскиот рис бил на работ на истребување. Се проценува дека има околу 100 единки останато. Балканскиот рис започнува да се пари во јануари до февруари, а се раѓаат малите во април.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.