дома блог страница 2692

Виктор Орбан: Ќе создадеме работни места исто колку што yништи кpизaтa

Унгарија од сабота, воведува нов фонд за олеснување на економските последници од пандемијата на корона вирусот во земјата. Премиерот Виктор Орбан, најави дека во вторник ќе ги образложи деталите, за, како што го нарече – најголемиот економски стимул на земјата, додавајќи, дека сите економски планови се насочени првенствено на вработувањето. Орбан рече, дека пакетот за економски стимул, ќе мора да одговори на кризата, бидејќи само до крајот на март има загуба на десетици илјади работни места во Унгарија.

Мора да создадеме што повеќе работни места, исто, колку што уништува кризата. Пандемискиот фонд ќе биде усвоен во сабота, а деталните планови за економскиот стимул ќе ги објаснам во вторник – изјави Орбан за државното радио.

Претходно, унграската влада доненесе мерка, со која, здравствените работници ќе добијат годишен бонус од 500.000 форинти односно околу 1.400 евра, за да ги надоместат дополнителните оптоварувања и ризикот од борбата против вирусот.

Унгарија, како и повеќето други земји, веќе е погодена од падот на економијата предизвикан од епидемијата на КОВИД-19. Деловните активности престанаа во важни сектори, а автомобилската и туристичката индустрија се на работ на колапс.

Орбан рече дека Унгарија нема да им се придружи на земјите што обезбедуваат неограничени средства за кризата, но ќе се фокусира на зачувување на работните места, и сите пари што сега ќе се вложат за тоа, подоцна ќе треба да се вратат.

Од доаѓањето на власт пред десетина години, Орбан успеа да ја извлече унгарската економија од голем долг и да го намали дефицитот.

Позитив на денот: Турците во Измир покажаа како се сака Македонија – Секоја чест! (Видео)

Само уживајте! Македонска култура во Измир, Турција:

Стопирано произведувањето на пивото “Корона”

Мексиканската компанија која го прозиведува познатото пиво „Корона“ соопшти дека привремено ќе го стопира производството.

Владата во Мексико објави вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот и нареди суспендирање на неесенцијалните производни активности во земјата.

Според вчерашните податоци, во Мексико заразени се 1.510 лица, а 50 се починати.

Најпознатото мексиканско пиво „Корона“ кое се извезува во 180 земји во светот привремено ќе запре со производството од недела.

Осум дена притвор за насилниците кои тепаа девојка во Штип

СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против П.Р.(23) и С.А.(26) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ казниво по чл.386 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во текот на јануари 2020 година, во куќа во Штип каде била оштетената, извршиле насилство над неа, со физички напад, на кој му претходела вербална расправија, по што насилно ја изнеле од куќата. Потоа ја однеле во влез во станбена зграда во Штип, каде продолжиле со насилството. Пријавените насилството го снимале со мобилен телефон.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

“Република”: Филипче им забранил на Аџибадем Систина да објавуваат резултати, им испратил и инспекција

Министерството за здравство, преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера влегле и извршиле инспекциски надзор и контрола во Аџибадем Систина, со цел да утврдат дали тестирањата кои ги врши оваа болница се согласно законските прописи и соодветни стандарди, односно дали се акредитирани и верификувани од Институтот за јавно здравје – тврдат извори на Република.

Притоа не се утврдени никакви неправилности, односно утврдено е дека тестирањата се направени по сите протоколи и дека се точни и прецизни. Се работи за брзи скрининг тестови кои за кусо време даваат резултат, кој имплицира дека човекот кој е позитивен имал допир со ковид 19. Притоа тој може да има симптоми, но и не мора, односно може да не покажува знаци на болеста, но вирусот да го пренесе на друг човек. За да се потврдат резултатите кои се добиваат во Аџибадем Систина, во другите лаборатории се потребни 4- 5 дена.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(ФОТО) Пожарникарите за пример: „Ние останавме на работа, работиме за вас. Вие пак, останете дома за нас!“

Скопските пожарникари преку уникатни фотографии испратија порака до граѓаните:

„Ние останавме на работа, работиме за вас. Вие пак, останете дома за нас! Седете дома, спасете живот!”, напишаа од Територијалната противпошарна единица на Град Скопје на Фејсбук.

Извршните директори на СН Осигурителен брокер одржаа онлајн предавање пред 200 студенти на Економскиот факултет

СН Осигурителен брокер АД Битола како опшествено одговорна фирма продолжува со својата помош за развој на заедницата, овој пат со трансфер на практични знаења за идните економисти.

Денес, преку online комуникација, извршните директори на СН Осигурителен брокер АД Битола – Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски, одржаа предавање и презентација пред 200 студенти на Економскиот факултет, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на смер Менаџмент во осигурување, предмет Осигурување предводен од проф. Игор Ивановски.

Предавањето и презентацијата се состоеа од неколку теми: Осигурителни услуги во нашата држава, Осигурителни услуги на светско ниво, Бизнис моделот на СН Осигурителен брокер АД Битола за развој на осигурителниот пазар помеѓу брокерските друштва, но акцентот беше поставен на моменталната ситуација настаната поради Корона вирусот, како оваа ситуација влијае на осигурителните услуги и економијата и како осигурителните компании и брокерските друштва се справуваат со тоа.

СН Осигурителен брокер АД Битола продолжува да ја унапредува соработката со Економскиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Mицкоски обезбеди помош од Словенија: На аеродромот во Скопје слета првиот авион (Фото)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави дека по разговор со премиерот на Словенија обезбедил помош за справување со пандемијата во Македонија.

“Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанес Јанша. Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави. Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија. Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија”, напиша Мицкоски.

Нови 46 случаи во коронавирус, 2 нови смртни случаи – бројката се искачи на 430 лица

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 208
Куманово -85
Дебар – 49
Штип-15
Прилеп – 22
Тетово – 15
Струга – 9
Велес – 8
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 2
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.

Тарчуловски: “Ќе одговара ли некој за поткуп во Куманово? Дел од медиумите молчат за овај скандал?”

“Општински штаб Куманово ли е,магацин ли е? Мислеа избори за 10 дена па да почестиме по ромските маала. Избори одложени ветеното мора да се испочитува,зошто луѓето си очекуваат. Има ли некој да истражи, ќе одговара ли некој за поткуп,ние да бевме ке беше ударна вест на сите ТВ ВЕСТИ”, напиша Тарчуловски на Фејсбук.