дома блог страница 2690

Доктор од Инфективното одделение во Прилеп позитивен на коронавирус

Според последните информации, еден од лекарите во Инфективното одделение е позитивен на тестот за коронавирусот, додека другиот лекар се наоѓа во самоизолација, информираат од локалната самоуправа од Прилеп.

Со ова, досега од коронавирусот се инфицирани три здравствени лица, вклучувајќи го и лекарот од Психијатриската болница од Демир Хисар.

На Инфективното одделение се наоѓаат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за коронавирус на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија во документарецот Опасен вирус, кој се емитуваше на телевизијата Росиа-1.

Според него, тестовите врз глувци и ласици завршиле, а наскоро ќе почнат испитувања на пониски примати.

Во Русија досега се потврдени вкупно 4.731 случаи на коронавирусот, од кои 333 оздравеле. Според најновите податоци во Русија има вкупно 43 смртни случаи од Ковид-19.

Најголемата странска фабрика во Прилеп од понеделник ги затвора погоните: Потврден еден позитивен на корона вирус

Од понеделник, времено ќе биде затворена компанијата „Гентерм“ во технолошко-развојната зона „Алинци“ во која има околу 1.900 вработени. Еден од административните работници во компанијата е позитивен на тестот за коронавирус.

Од 1 април е затворена и текстилната компанија со над 200 вработени, затоа што една од работничките е позитивна на тестот за коронавирусот.

Во изминатото деноноќие во Прилеп потврдени се нови 2 случаи со Ковид – 19, а бројката достигна 24 заразени лица.

Потврдени нови два случаи со корона вирус во Прилеп: Бројката достигна 24 лица

Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија се потврдени нови 53 случаи заразени со корона вирус.

Во Прилеп потврдени се нови 2 случаи позитивни на Ковид – 19, а со тоа вкупната бројка се искачи на 24 лица.

Освен во Прилеп, нови случаи се забележани и во: Скопје – 13, Куманово – 8, Штип – 5, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 483 лица.

Најголем број потврдени случаи во еден ден во Македонија: Бројката стигна до 483 лица заразени со корона вирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.

Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај. Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица од Ковид-19.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.

За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 483 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 221
Куманово -93
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –24
Тетово – 17
Струга – 23
Велес – 9
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 7

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 240, преку Ветеринарен факултет – 25, Авицена – 22, Биотек – 0 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 127. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

ВМРО-ДПМНЕ: “Намалете ја за 50% цената на водата и комуналните услуги”

Пандемијата предизвикана од корона вирусот освен што претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, е вистинска опасност која се одразува и по економијата, секојдневниот живот на граѓаните и работењето на деловните субјекти – истакна на прес конференција вчера Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага низа конструктивни мерки, кои ќе бидат од огромна корист за угостителските објекти, занаетчиите, дуќанџиите во чаршијата, но и сите други погодени стопански субјекти, како и граѓаните кои губат работни места, со цел справување со економската криза. Предлагаме:

1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;

2. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.

3. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)

4. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.

5. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.

6. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

Ова се мерки кои ќе значат заштеда на голема сума пари, но истовремено и ќе обезбедат дополнителни парични средства за граѓаните и стопанските субјекти во справувањето со оваа глобална пандемија.

Предлагаме мерки, кои во овој период кога сите угостителски објекти не работат, кога речиси целата чаршија е затворена, а дел од граѓаните остануваат без работа, ќе значат надеж дека некој се грижи за сите.

Со оглед на тоа дека пандемијата зема замав во Прилеп и бројот на заболени од коронавирус секојдневно се зголемува, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка структура комплетно ги става на располагање сите свои човечки капацитети на Локалната самоуправа, а со цел заштита на здравјето на граѓаните и што поефикасно справување со оваа глобална опасност.

Ова е време кога е потребна солидарност, кога секоја подадена рака е добредојдена, кога секоја понудена помош треба да се прифати и кога треба да заборавиме на егоизмот и политичкото профитирање”.

Во Струмица: Среде полициски час се крадат пари од кафемат

Порталот “Струмица денес” на социјалните мрежи објави видео како непознат сторител во Струмица среде полициски час краде пари од кафемат.

Тој во ноќните часови се приближува до кафематот на улицата и набрзина го „олеснува“. Полицијата трага по сторителот.

(Видео) Испратена со овации: Цела болница славеше откако бабичка го победи коронавирусот

85-годишна бабичка успеа да го победи коронавирусот, па од нејзината победа направи вистински повод за славење.

Радосната старица беше испратена од болницата со силен аплауз од страна на медицинските лица.

Американски виролог го откри најмоќното “оружје” против коронавирусот

Американскиот центар за контрола и превенција (CDC), тамошната агенција за јавно здравство, со децении беше водечка установа кога станува збор за борба со различни здравствени кризи, но на општо изненадување на сите во екот на пандемијата коронавирус не се огласува многу често.

Сепак, неодамна директорот на оваа агенција и познат виролог, Роберт Редфилд, разговарал со медицинската куќа NPR за тешката ситуација со која што се справува САД, но и целиот свет па го изнел својот став.

Доктор Редфилд истакнал дека медицинските експерти и научници многу научиле во изминатите месеци за новиот вирус, а сега едно од тие клучни сознанија се однесува на неговата трансмисија.

„Коронавирусот има способност да се пренесува многу полесно од вообичаениот сезонски грип. Веројатно сега е позаразен три пати повеќе од вообичаениот грип“ – почнал тој, додавајќи дека поголемиот дел од заразените луѓе немаат воопшто симптоми.

„Дури 25 отсто од граѓаните можеби не покажуваат никакви симптоми. Тоа е важен фактор, затоа што имаме пациенти кои можеби немаат симптом, но несвесно го шират вирусот. Научивме дека можеби тие допринесуваат во трансмисијата на врусот. Дури и оние кои што имаат симптоми, можат да го пренесат вирусот, дури и 48 часа пред првите симптоми да биле покажани.

Тоа објаснува зошто вирусот се шири толку многу брзо ширум земјите. Имаме асимптоматски преносител и имаме пациенти кои што го пренесуваат вирусот 48 часа пред да се појават симптомите кај нив“ – објаснил тој.

Редфилд вели дека заштитните маски може да ги набљудуваме од два агли – како нешто што штити од потенцијални други заразени лица, но и како нешто што другите ги штити од потенцијално заразените пациенти, односно самите ние.

Сепак, тој нагласува дека секогаш не постојат доволно научни податоци за да се утврди ефикасноста на маските.

Тој додава дека поголемиот дел од респираторните вируси опаѓаат кога ќе дојде пролетта или пак во раното лето, и дека можеби истото ќе се случи и со Ковид-19, но треба да почекаме и да видиме дали ќе се случи тоа.

„Би им се заблагодарил на сите кои што ова го сфатиле и ја практикуваат агресивната социјална дистанца. За оние кои што не сфатиле, сега е момент да го сменат тоа. Тоа е многу моќно оружје против коронавирусот. Овој вирус може лесно да се пренесе од личност на личност. Треба да се движиме во рамките на најмалку еден метар од останатите луѓе. Значи, потребно е само да се дистанцираме, а доколку го направиме тоа вирусот нема да може да се задржи и ќе исчезне“ – советува Редфилд.

Тој исто така истакнал и дека колективно, како свет многу малку вложуваме во јавното здравје.

Исто така заклучил дека во наредние 24 месеци вирусот секако дека ќе остане со нас, во помала или пак поголема мера и дека би требало да ја почитуваме социјалната дистанца и кога врвот на епидемијата ќе помине.

(Фото+Видео) Таму не сакате да ги прекршите правилата: Oвие држави презедоа најбрутални мерки

Насилството и понижувањето кое полицијата го применува во земјите ширум светот, главно ги погаѓа најсиромашните и најранливите.

Додека се повеќе држави во светот воведуваат карантин, милијарди луѓе се соочени со рестриктивните мерки построги отколку што се очекуваше. На полицајците во одредени држави им се дава дозвола- експлицитна или “тивка наредба”- да го контролираат однесувањето на граѓаните на начини кои во демократските држави се сметаат за екстремни, пишува Гардијан.

Полицијата во Кенија пред неколку дена се извини и изрази сочувство поради смртта на 13-годишното момче кое беше застрелано од полицајците кои патролирале низ градот.

Работниците во Њу Делхи ги прскаат со средство за избелување кое може да ја оштети кожата, очите и белите дробови, пренесува Индијан Експрес.

Слични мерки за понижување се применуваат и во Парагвај, каде луѓето кои ќе го прекршат карантинот се приморуваат на некакви гимнастички активности, додека им се закануваат со електрошокови. Некои се приморани да лежат со лицето кон земјата и да повторуваат:”Ветувавм дека нема повторно да излегувам од дома”.