дома блог страница 2689

Црквата која е постара од манастирот Трескавец во Прилеп: Храм кој му пркоси на времето

Камената градба на црквата Св. Димитрија во Варош му се инаети на времето. Тој е еден од постарите храмови кој личел на крстообразна црква со купола. Јужното крило било пониско од другите.

Забележано е дека до 80-тите години изгледала како конгломерат на повеќе градби од разни епохи. За фасадата и апсидата употребена била керамопластичната декорација околу отворите и другите ѕидни површини. Декорирана е како градските цркви и богата е со фрески од 13 и 14 век.

Не се знае кој ја ,,подигнал,, и кои се ктитори. Првпат се дознава од повелбата на цар Душан. Се сметало дека припаѓа на манастирот Трескавец, но таа постоела многу пред тоа.

Со конзервирањето на стариот живопис (пред 80-тата година) зачувани биле црковните двери и иконостасот во резба.

Пред десетина години таа беше за помен за мртовците. Денес е реновирана и се служи богослужба.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

“ВЕ ПРЕДУПРЕДИВ НА ОВА! A сега врзете се и гледајте што ќе следува! Банките и политичарите вината ќе ја стават на вирусот, а потоа…”

Како влеговме во ова казино, што ќе се случува следно и како да се заштитиме?

На овие прашања одговори даде Мичер Б. Гејерстин, британско-американки инвеститор, банкар и писател, а неговата анализа ја објави “Russia Today”.

Ви пренесуваме дел од неговата анализа.

“Турбуленциите на пазарот, откако започна приказната со Ковид-19, предизвикаа “флеш бек” во мојата глава, од една криза до друга во последниве 40 години. Сите се поклопуваат во оквирот на измамите и криминалните политики на Волстрит, а вирусот е последната капка која ја прелеа чашата.

Минатата недела разговарав со млад трговец на акции кој во моментов работи на Волстрит. Се сеќавам дека му реков:”Во мојата кариера на Волстрит, последен пат, се сеќавам имаше слини турбуленции пред 40 години. Сега повторно тоа ми се појави пред очите. Се чувствувам како елен кој се соочува со вклучени светла”.

“Всушност, нестабилноста која ја видовме од средината на февруари е без преседан. Во историјата ништо слично не се случило. По 12 години качување по скали, сега од висината на која сме се качиле турнати сме во отворот на ливтот, со поголема сила”.

“Минатата есен ги предупредив инвеститорите дека германската економија паѓа и дека е во рецесија или наскоро таму ќе се најде. Ги предупредив дека италијанскиот долг е голем проблем и дека останатите држави членки и остатокот на светот не се далеку зад Германија.

Сега можете да очекувате и да се продготвите за вистинска економска депресија. Банките, политичарите и владите вината ќе ја стават на Ковид-19 и така ќе се “исчистат” над 30 години фискален дефицит, лабави монетарни политики, измами и недостиг на регулаторна имплементација, за себе и било што или било кој друг”…

Руски епидемиолог го растури митот кој го шират лажните експерти за Ковид-19: Оваа грешка ја прават многу луѓе, а може само да ви штети

Руските лекари повикуваат да не се претерува во набавката на антивирусни лекови и тврдат дека е подобро граѓаните воошто да не ги купуваат без препорака на стручен лекар.

Кога се испразнети полиците со брашно и тоалетна хартија, купувачите своето внимание го насочија кон аптеките. Сега во Русија владее голема побарувачка за антивирусни лекови, а лажни медицински експерти додаваат масло на разгорениот оган, со совети дека “без конзумирање на антивирусни лекови, побрзо ќе се заразите со Ковид-19”.

“Масовното купување на антивирусни лекови, имуномодулирачки лекови без лекарски рецепт и без лекарски препораки, нема смислa, a во најдобар случај е губење на пари. Во најлош случај, земањето на такви лекови може да предизвика аутоимуна болест”, вели епидемиологот Илија Акинфев.

Лекот за коронавирус сеуште не е направен. Додека светот чека, она што најмногу може да го запре ширењето на вирусот е: редовно миење раце, користење на антисептици, но без фанатизам.

СКАНДАЛ: За лекарите и полицајците нема пари за заштита, но Владата со итна уредба пренамени пари за исплата на плати во СЈО!

SJO, mazedonische SonderstaatsanwaltschaftLeiterin der CJO: Katica Janeva1. Stellverterin und Sprecherin: Lence Ristoska2. Stellvertreterin: Fatime Fetai

 

На последната седница, Владата на Спасовски донела Уредба со законска сила со која се врши пренамена на буџетски средства за исплата на плати на истражителите од СЈО. Дали приоритет на Владата и во време на корона е  СЈО?

За потсетување, во моментов на терен имаме илјадници лекари и друг медицински персонал, полицајци и војници кои секојдневно се заразуваат поради лошата заштита која им ја не/обезбеди истата таа влада, а кога станува збор за пари, на номеклатурата од Илинденска бр.2 прво што и паѓа на ум е СЈО?!

Долговите, какви и да се се нечии долгови, но приоритетите се јасни, а со тоа и кој е и треба и мора да биде во овој момент во државата.

За жал, ваквата Уредба со законска сила веќе е објавена во Службен весник.

Веднаш следеа и реакции кај јавноста која смета дека во вакви услови, кога министерката за финансии изјавува дека во буџетот ќе и недостигаат 1,2 милијарди евра кои ќе треба да се земат како заем, оваа одлука е неумесна со оглед на тоа што СЈО не постои, главната обвинителка е во домашен притвор, а обвинителите, откако ги наполнија своите сметки со високите плати и астрономските бонуси, СДСМ ги згрижи во редовното обвинителство.

Извор: kurir.mk

(Фото) “Злато да бараа, досега ќе го најдеа”: До лето дупкава ќе слави роденден

Речиси 8 месеци стои преграден просторот каде се вкрстуваат улиците “Вера Циривири” и “Борка Талески” во Прилеп.

Жители од овој дел на градот повторно ни испратија фотографии и велат: “Злато да бараа, досега ќе најдеа”.

Вирусот создаде нов вид на човек, КовИДИОТ!

Епидемијата на коронавирусот во САД, како последица, освен жртвите и проблемите во функционирањето на системот, донесе и нов збор- КовИДИОТ.

Новиот збор КовИДИОТ, зазеде важно место во медиумите, меѓу кои и “Њујорк пост” и “Дејли њуз”.

“На секој херој кој спасува по еден живот, изгледа постои и по еден КовИДИОТ, кој не загрозува”, наведува Дејли њуз.

Меѓу првите е еден средношколец кој се фалеше со журките на плажите во Мајами каде пишуваше “Каков Ковид-19, каков коронавирус, ништо не може да не запре”, и девојката која ја лижеше шолјата во тоалетот во авион, повикувајќи и другите тоа да го правата, бидејќи “коронавирусот не постои”…

“Кој е поголем КовИДИОТ од нив- вие кажете”, наведува Њујорк Дејли Њуз, кој во оваа група ги вброи и Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез, кои покрај забраните за работа, ги отворија теретаните.

(Фото+Видео) Проклетството на фамилијата Кенеди сеуште трае: Исчезна внуката на Џон Кенеди

Ќерката на братучедот на американскиот претседател Џон Кенеди и нејзиниот осумгодишен син се водат како исчезнати откако не се вратиле по возењето со кану, објавија властите од државата Мериленд.

Тие во четвртокот заминале на прошетка покрај едно од езерата во близина на Вашингтон и не се вратиле. Полицијата, крајбрежната стража и пожарникарите и понатаму интензивно ги бараат, но гувернерот на Мериленд ги соопшти лошите вести за нивното исчезнување.

Најголемиот амбасадор на Прилеп денеска слави 73 години постоење: Честитки!

Kултурно уметничкото друштво “Mирче Ацев” од Прилеп e формирано во 1947 година, а денеска прославува 73 години постоење.

“Почитувани пријатели, драги наши поранешни и сегашни членови… Денеска е голем ден за нашето друштво. Да не беше оваа пандемија и овој опасен вирус, ние денеска ќе славевне голем ден. Денешниот ден ќе беше исполнет со радост и среќа, веселби и концерт. На овој ден пред точно 73 години е формирано Културно уметничкото друштво “Мирче Ацев” од Прилеп. Нека е среќен и долговечен овој ден и уште векови да се слави со многу членови, концерти, турнеи, награди и признанија. А вие драги мои останете дома и бидете послушни за побрзо да ја пребродиме оваа пандемија и повторно да се вратиме на редовните проби и дружења. Ви Благодариме!”, напишаа од друштвото на Фејсбук.

Бравос за прилепчани: Само со строга дисциплина ќе спречиме ширење на пандемијата (Видео)

Игор Велкоски од Прилеп на својот Фејсбук профил објави видео од раскрсницита “Чумовчанец”, која е една од најпрометните во Прилеп, во секој период од денот.

Видеото е од самиот старт на полицискиот час денеска, а може да се види дека прилепчани се придржуваат до забраната за движење.

(Фото) Чудо во манастирот Свето Преображение: Мироточат три икони, а низ храмот се шири пријатен мирис

Во храмот Свето Преображение во Србија се случи вистинско чудо. Три икони од икностасот започнаа да мироточат за време на служењето на Светата литургија, на која, поради забраната за собири, присуствуваа само свештениците.

Иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и Свети Архангел Михаил мироточат веќе неколку дена, на радост на тамошните верници.

Свештеникот Анѓелко Ковачевиќ, кој служи во овој храм, раскажа што се случило.

– Пред крајот на Светата литургија погледнав кон иконата на Исус Христос и забележав како на дното од иконостасот има некакви траги. Најпрво помислив дека е масло од кандилото, иако физички тоа не би можело да се случи на тоа место. На крајот од Светата литургија ги повикав остантите и ги замолив да го избришат тоа масло- вели тој.

Меѓутоа, набрзо сфатиле дека не се работи за обично масло, бидејќи истото се случило и со остантите две икони.