дома блог страница 2691

(Фото) Познатиот српски пејач приведен поради прекршување на карантинот!

Пејачот Радиша Трајковиќ Џани вчера беше уапсен заедно со сопругата Слаѓана, како и фудбалерот Александар Пријовиќ, поранешен репрезентативец на Србија.

Како што се наведува во српските медиуми, тие седеле во после 17 часот во кафе барот на еден од хотелите во центарот на Белград. Полицијата ги уапсила поради прекршување на полицискиот час, а Џани наводно и поради напуштање на карантинот.

“Во полиција сум, не можам да зборувам сега”, кратко одговорила неговата сопруга кога била повикана од медиумите.

Oвие 18 држави сеуште немаат забележано ниту еден заразен од корона вирус

Според податоците на американскиот Универзитет “Џон Хопкинс”, до денеска 18 земји успеале да го избегнат вирусот Ковид-19.

Тоа се: Koмори, Кирибати, Лесото, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принсипе, Соломонските Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен.

Поедини експерти се согласни дека веројатно некои земји не ги прикажуваат заболените од корона вирус, а сепак ги имаат, пренесува Б-92.

Северна Кореја на пример нема пријави за заразени, а во Јемен има војна. Меѓутоа, земјите во кои вирусот сеуште не стигнал се мали островски држави со многу мал број на посетители во текот на годината.

Според податоците на ОН, седум од 10 најмалку посетени држави во светот немаат забележано заболени од Ковид-19.

Дипломатски скандал! САД презеле заштитни маски кои Германија ги порачала за полицијата

Вистински дипломатски скандал настана во светот откако Американците презеле маски кои Германија ги нарачала за својата полиција.

Поедини германски политичари овој потег на САД го нарекоа “модерна пиратерија”, пишува британскиот “Гардијан”. Ова е втор сличен случај од избивањето на пандемијата со корона вирусот, имајќи во предвид дека Американците на сличен начин презеле тестови за вирусот од Италија, која е една од најтешко погодените земји.

Маските кои биле 200.000 на број ги направила компанијата 3М и биле наменети за германската полиција.

Тие понудиле далеку поголема цена, додека пратката за Германија била препакувана од еден во друг авион на Тајланд, па маските биле пренасочени во САД.

Андреас Гајсел, министер за внатрешни работи на германската сојузна држава Берлин, која ги нарачала маските, го опишува овој случај како акт на “модерна пиратерија” и побарал од федералните власти на Германија да побараат од САД почитување на меѓународните трговски правила.

“Ова не е начин како меѓусебно треба да се однесуваат трансатланските партнери. Дури ни во време на глобална криза не би требало да важат правилата на Дивиот запад”, рекол тој.

Тој не е единствениот европски политичар кој се побуни против ваквото однесување на САД и натпреварот да се преземе медицинска опрема пред носот на другите.

Валери Пекрес, претседател на францускиот регион Il d’Frans, во кој спаѓа и Париз, ја опишува трката по маски како “лов по богатство”.

Малата Бисера од Прилеп 6 месеци се бори за својот живот, а сега и сме потребни сите ние! ДОНИРАЈТЕ за спас на ова мало ангелче!

Aлександра и Оливер Ристески од Прилеп се млади родители кои изминатите 6 месеци се борат за животот на своето бебенце Бисера.

Двајцата млади родители од Прилеп подолго време апелираа до надлежните и министерот Филипче, за Бисера да добие соодветен третман на Универзитетската за Детски болести.

Сега на Фејсбук е објавена иницијатива за донирање на средства за Бисера да биде третирана на приватната клиника Жан Митрев.

Според она што го пишува во описот на иницијативата малата Бисера има неколку сериозни болести (Аденовирус, Ацинето Бактер, Клебсиела се само неколку примери), постојано е на кислород, а едно од нејзините мали прстиња станува некротично.

Досега ниту една државна клиника не сакаше да направи третман кој го спасува животот на Бисера, беше однесено само за ублажување на симптомите – пишува во иницијативата.

За третманите на “Жан Митрев” потребни се многу средства, кои родителите на Бисера не можат сами да ги поднесат.

Досега се имаат собрано околу 3.000 долари, а потребната сума е одредена на над 10.000 долари.

Донирајте на следниот ЛИНК

Ајде сите заедно да ја спасиме Бисера и да и овозможиме нормално да се развива и расте! Бисера е голем борец и досега цели 6 месеци ги помина по клиники…

Прилепчанец јавно на Фејсбук напиша дека е заразен од Ковид-19: Вирусот го добив на работното место во ОЈО

Рубин Лефтер е првиот пациент со корона вирус од Прилеп кој јавно на својот Фејсбук профил напиша дека се инфицирал со вирусот. Тој вели дека вирусот го добил на своето работно место во Основното јавно обвинителство во Прилеп. За овој гест тој доби голем број пофалби на социјалните мрежи.

„Пријатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на корона вирусот. Моментално сум хоспитализаран во Прилепската болница. Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работеа во Основното јавно обвинителство во Прилеп и Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почувствуваат било какви симптоми, да се јават во Центарот за јавно здравје.

Вирусот го добив на работа при контакт со вработените во Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место, од 18 март се наоѓам во самоизолација, како и моето семејство“, вели на својот ФБ профил Рубин Лефтер.

(Фото) Прилепски фирми за респект: Донираа стотици заштитни маски на повеќе места

Сопствениците на атељето за венчаници “Барбарела” и градежната фирма “Тврда градба” од Прилеп, деновиве донираа стотици заштитни маски како превентива од пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Донации добија Домот за деца без родители и доенчиња во Битола, Домот за стари и изнемоштени лица, полициската станица во Прилеп, Здружение и прифатилиште за заштита на животни, како и на поединци и загрозени семејства.

Во изработка се и заштитни маски за хигиеничарите во ЈКП Комуналец Прилеп.

Сите заштитни маски се стерилизирани и дезинфицирани.

Секоја чест за хуманиот гест кој треба да ги поттикне и сите останати компании кои се во можност да го сторат истото.

Урнебесна тепачка за време на полициски час (Видео)

Како што известуваат српските медиуми, поглемиот дел од граѓаните ги почитуваат препораките и правилата на држвата за забраната на движење, меѓутоа има и поединци за кои “не важи” полицискиот час, па секојдневно казнуваат од полицијата.

Не е познато дали се казнети и овие двајца жители на Петровац, кои сред полициски час, “мртви пијани” се тепаа и се тркалаа на улица, наведува порталот “ПТ инфо”.

Татко и син “дебело” казнети! Две години затвор поради прекршување на изолацијата

Поради прекршување на правилото за домашна изолација и непочитување на здравствените прописи за време на епидемија Д.К. (58) од Барајево, Србија, денес беше осуден на 2 години затвор. Неговиот син Д.К. (28), кој се сомничи за истото дело, одреден му е притвор од 30 дена.

Таткото го призна кривичното дело и со Основното обвинителство во Младеновац за време на сослушувањето направија спогодба. Основниот суд во Младеновац тоа го потврди, па Д.К. беше ставен во домашен притвор, каде ќе остане се додека не го повикаат да ја издржува казната.

Од другата страна пак син му не се согласи на спогодба со обвинителството, така што за него постапката ќе продолжи да тече, а за сега е во притвор. И двајцата стигнале во Србија на 16ти март.

Борко порача да купуваме македонски производи и го предизвика Наумче Мојсоски да го стори истото (ФОТО)

Македонскиот “министер за одбрана” на својот Инстаграм објави фотографија и стори со македонски производи и порача да купуваме производи од македонско потекло.

Притоа Борко Ристовски го предизвика поранешниот репрезентативец, а сега претседател на комисијата за спорт во СДСМ, Наумче Мојсоски, да го стори истото.

Освен од Словенија, Мицкоски најави дека во понеделник пристигнува помош од уште една земја

Во емисијата „Само интервју“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти дека се обидува преку телефонски разговори со претседатели на сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди помош за медицинските лица во Македонија да не се борат голораки со пандемијата.

-Навистина жалам што тие луѓе се наоѓаат во една таква незавидна ситуација, она што можеме ние како опозиција, јас како човек како политичар, како претседател на најгоелмата политичка партија да го направам секогаш сум тука и стојам на располагање. Се обидуваме преку нашите контакти надвор од нашата држава да се обидеме што е можно повеќе помош да донесеме, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во вторникот имал телефонски разговор со премиерот на Словенија и претседател на сестринска партија Јанез Јанша за да помогне на Македонија, да обезбеди помош.

-И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но тоа нема да застане тука тоа е само првата пратка и самите они го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен, добро е и тоа да се напомене дека тој превоз тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недела“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека најверојатно в понеделник ќе пристигне помош од уште една блиска и пријателска држава од претседател на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.