Американски виролог го откри најмоќното “оружје” против коронавирусот

Американскиот центар за контрола и превенција (CDC), тамошната агенција за јавно здравство, со децении беше водечка установа кога станува збор за борба со различни здравствени кризи, но на општо изненадување на сите во екот на пандемијата коронавирус не се огласува многу често.

Сепак, неодамна директорот на оваа агенција и познат виролог, Роберт Редфилд, разговарал со медицинската куќа NPR за тешката ситуација со која што се справува САД, но и целиот свет па го изнел својот став.

Доктор Редфилд истакнал дека медицинските експерти и научници многу научиле во изминатите месеци за новиот вирус, а сега едно од тие клучни сознанија се однесува на неговата трансмисија.

„Коронавирусот има способност да се пренесува многу полесно од вообичаениот сезонски грип. Веројатно сега е позаразен три пати повеќе од вообичаениот грип“ – почнал тој, додавајќи дека поголемиот дел од заразените луѓе немаат воопшто симптоми.

„Дури 25 отсто од граѓаните можеби не покажуваат никакви симптоми. Тоа е важен фактор, затоа што имаме пациенти кои можеби немаат симптом, но несвесно го шират вирусот. Научивме дека можеби тие допринесуваат во трансмисијата на врусот. Дури и оние кои што имаат симптоми, можат да го пренесат вирусот, дури и 48 часа пред првите симптоми да биле покажани.

Тоа објаснува зошто вирусот се шири толку многу брзо ширум земјите. Имаме асимптоматски преносител и имаме пациенти кои што го пренесуваат вирусот 48 часа пред да се појават симптомите кај нив“ – објаснил тој.

Редфилд вели дека заштитните маски може да ги набљудуваме од два агли – како нешто што штити од потенцијални други заразени лица, но и како нешто што другите ги штити од потенцијално заразените пациенти, односно самите ние.

Сепак, тој нагласува дека секогаш не постојат доволно научни податоци за да се утврди ефикасноста на маските.

Тој додава дека поголемиот дел од респираторните вируси опаѓаат кога ќе дојде пролетта или пак во раното лето, и дека можеби истото ќе се случи и со Ковид-19, но треба да почекаме и да видиме дали ќе се случи тоа.

„Би им се заблагодарил на сите кои што ова го сфатиле и ја практикуваат агресивната социјална дистанца. За оние кои што не сфатиле, сега е момент да го сменат тоа. Тоа е многу моќно оружје против коронавирусот. Овој вирус може лесно да се пренесе од личност на личност. Треба да се движиме во рамките на најмалку еден метар од останатите луѓе. Значи, потребно е само да се дистанцираме, а доколку го направиме тоа вирусот нема да може да се задржи и ќе исчезне“ – советува Редфилд.

Тој исто така истакнал и дека колективно, како свет многу малку вложуваме во јавното здравје.

Исто така заклучил дека во наредние 24 месеци вирусот секако дека ќе остане со нас, во помала или пак поголема мера и дека би требало да ја почитуваме социјалната дистанца и кога врвот на епидемијата ќе помине.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.