Црквата која е постара од манастирот Трескавец во Прилеп: Храм кој му пркоси на времето

Камената градба на црквата Св. Димитрија во Варош му се инаети на времето. Тој е еден од постарите храмови кој личел на крстообразна црква со купола. Јужното крило било пониско од другите.

Забележано е дека до 80-тите години изгледала како конгломерат на повеќе градби од разни епохи. За фасадата и апсидата употребена била керамопластичната декорација околу отворите и другите ѕидни површини. Декорирана е како градските цркви и богата е со фрески од 13 и 14 век.

Не се знае кој ја ,,подигнал,, и кои се ктитори. Првпат се дознава од повелбата на цар Душан. Се сметало дека припаѓа на манастирот Трескавец, но таа постоела многу пред тоа.

Со конзервирањето на стариот живопис (пред 80-тата година) зачувани биле црковните двери и иконостасот во резба.

Пред десетина години таа беше за помен за мртовците. Денес е реновирана и се служи богослужба.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.