дома блог страница 2688

Коронавирус и во Крушево: Потврдени првите случаи

Во изминатото деноноќие од 73 новопотврдени случаи со коронавирус во Македонија, за прв пат дијагностицирани се два случаи и во Крушево.

По резултатите добиени од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп откриени се првите два случаи кои се позитивни на вирусот ,,Ковид 19″, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Лицата се во изолација и во добра општа состојба. Инспекциските служби заедно со здравствените работници од градот работат на откривање на кругот на контакти кои ги имале заболените со цел да се спречи проширување на заразата.

Локалните власти од Крушево тврдат дека прилепчанка е причината што во овој град засега две лица се заболени од овој вирус исто како што од Прилеп вирусот го проширија прилепчани во Битола и Демир Хисар. Ново заболените во Крушево како и 134 од Прилеп се во домашен карантин – дознава “Канал 5”.

134 граѓани во самоизолација, потврдени 9 нови случаи со коронавирус, од 20 се очекуваат резултати

Бројот на лица инфицирани со коронавирусот во општина Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени 9 нови случаи. Во самоизолација се наоѓаат 134 граѓани. Во Инфективното одделение се наоѓаат 3 лица, а едно лице е во изолација и се чека развојот на неговата клиничка слика. Позитивни на коронавирусот се и две лица од Крушево.

Таква е моменталната состојба на територијата на општина Прилеп со коронавирусот, која денеска ја соопшти градоначалникот Илија Јованоски, после одржаниот состанок на Општинскиот штаб за управување со кризи.

„Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход го очекуваме во наредните денови. Гледајќи го развојот на ситуацијата, можно е во следните денови да има нови заразени граѓани со коронавирусот, па од тие причини апелирам до граѓаните на општина Прилеп да ги намалат социјалните дружења. Не значи дека само полицискиот час и неодењето на работа или во кафулиња ќе го спречи ширењето на коронавирусот, туку и дружењето во домашни услови исто така ја зголемува можноста за нови заразени лица. Истовремено упатувам апел и до матичните лекари и стоматолози да бидат достапни за своите пациенти, тоа е нивна обврска, бидејќи на тој начин сомнителните случаи ќе бидат порано детектирани“, изјави Јованоски.

Јованоски напомена дека зголемувањето на бројот на инфицирани лица ќе ја наметне потребата од ангажирање дополнителни медицински екипи од другите одделенија од прилепската Општа болница, кои ќе бидат ангажирани во Инфективното одделение.

„Седете дома, да нема социјални дружења, затоа што тоа е единствениот начин во овој момент да имаме помалку заразени со коронавирусот“, им порача градоначалникот Јованоски на граѓаните на општина Прилеп.

(Фото) Има 104 години, а стана симбол за надеж на Италија: Преживеала две војни, па и коронавирус!

Ада Занусо (104) стана симбол за надеж во напатената Италија која се бори со пандемијата на коронавирусот, откако ја победи оваа болест.

Баба Ада во своите 104 години успеала да преживее две светски војни, но победи и во борбата со новиот коронавирус и така стана најстарата личност на светот која го победила Ковид-19.

Родена во 1916 година, а последниве неколку години живее во старскиот дом во Лесона, во областа Бијела во која короавирусот одзеде многу животи, пренесува Ла Република.

Мицкоски: Како човек ви кажувам ми се гади кога ќе видам дека нема пари за маски, а има пари за СЈО

На новинарското прашање како ја коментира уредбата на владата за исплата на пари за СЈО во време на вонредна состојба и задолжувања во странство за пополнување на буџетските дупки, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека му се гади кога ќе види дека нема пари за маски, а има за плати во СЈО.

-Кога ја добив таа информација и кога ја прочитав уредбата со сила на закон која што се однесува на згрижување и финансиски надомест на сите оние слуги во обвинителството и судството на СДСМ кои што добија приоритет пред да речеме оние кои што се во првите борбени редови против пандемијата лекарите, медицинскиот персонал како човек навистина се згрозив за тоа како се злоупотребува оваа моќ која што е акумилирана во власта т.е во неколкумина, неколку формални и еден неформален кој што седи и кој што диригира што треба да има приоритет, а што не треба да има приоритет, вели Мицкоски.

Додава, замислете приоритет имаат тие неколкумина дечиња на слугите во судството и обвинителството на СДСМ на сметка на сите оние медицински лица, сите оние доктори кои што се во првата борбена линија и се справуваат со оваа пандемија голораки. Навистина не можам ниту како човек, ниту како политичар да кажам освен тоа дека ми се гади од ваквиот начин на злоупотреба на чувствата на луѓето и она со кое што денеска се соочуваат македонските граѓани, македонската нација, останатите граѓани кои што живеат во Македонија. И навистина апелирам сето ова кое што се случува во најскоро време да престане да се случува бидејќи тоа ниту носи добро во справувањето со пандемијата, ниту носи добро за граѓаните на нашата држава.

Најголем број потврдени случаи во еден ден во Прилеп: Бројката на заразени од коронавирус сега е 33 лица

Во изминатото деноноќие на ниво на Македонија регистрирани се нови 72 случаи кои се позитивни на коронавирусот Ковид-19.

Ова е најголема бројка досега на регистрирани случаи во еден ден.

Вкупната бројка на заразени лица во Македонија порасна на 555.

Во Прилеп се регистрирани нови 9 случаи, што исто така е најголема бројка потврдени случаи во еден ден откако се појави првиот случај.

Бројката во Прилеп сега се искачи на 33 заразени лица.

По градови освен во Прилеп: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

72 нови случаи со корона вирус регистрирани во едно деноноќие: Бројката се искачи на 555 заразени лица

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

(Фото) Шахот во центарот на Прилеп некогаш и сега: Тоа беше настан за целиот град

Во 2009 година на новоизградениот тогаш “Арт плоштад” во Прилеп беше направена и голема шаховска табла, која тогаш беше атракција за целиот град и посетителите.

На отварањето присутни беа голем број граѓани, а долго време потоа шаховската табла беше украс на градот.

Денеска таблата е руинирана, а шаховските фигури откако беа целосно уништени, повеќе не се обновија.

BO ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски во 13 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата.

На истата Мицкоски ќе се осврне на актуелните теми во нашата земја.

Неговото обраќање во живо можете да го проследите на нашиот портал со почеток точно во 13 часот.

Премиерот на Словенија потврди: “По повикот на Мицкоски испративме помош”

„Веднаш по разговорот со Христијан Мицкоски во кој ја извести Владата на Р. Словенија за сериозната ситуација во Македонија во врска со коронавирусот, го поврзавме Министерството за одбрана на Словенија со Министерството за внатрешни работи на Македонија за да испратиме помош на пријателската држава.

Истовремено јас лично им се јавив на неколку лидери од ЕУ, да ги потсетам да не заборават на државите од Западниот Балкан“, пишува словенечкиот премиер, Јанез Јанша на Твитер.

Донацијата во вредност од 110.000 евра, ја подигна министерот за внатрешни Наќе Чулев на скопскиот аеродром.

Се срамам од целата држава, се срамам од сите вас функционери кои треба да работите за нас: Уште едно патешествие на Македонка која се врати од странство

Христина Петрушевска е уште една од многумината кои се вратија од странство во Македонија и треба да отиде во карантин. Таа на својот Фејсбук профил раскажува низ што се’ поминува откако си дошла во нашата земја. Фејсбук статусот во целост го пренесувам во продолжение:

“Да започнам со тоа дека во рок од 12 часа поминав 3 различни аеродроми во 3 различни земји и континенти БЕСПРЕКОРНО со највисоко ниво на хигена, заштина и грижа! Влеговме во нашата држава или задруга, како сакате наречете ја, за мене нема разлика и тука започнува нашиот кошмар кој сѐ уште трае!

Влегувањето започна со недоличен, понижувачки однос од страна на граничните службеници, за кои сум сигурна дека немаат ни 1/3 од моето образование. Нѐ затворија во собичка/шупа која не е исчистена, а камоли дезинфицирана, заедно со уште 30-тина патници од кои повеќе од половина оваа пандемија ја немаат сфатено сериозно. Резултатите од таквото однесување видете го на сликите! Џабе ми е што сум заштитена како космонаут, кога 90% од опружувањето е обратно и нема каде раце да се измијат.

И покрај повеќе од 5 часа поминати во вакви МИЗЕРНИ услови, ние сѐ уште сме затворени во автобус и чекаме инструкции каде ќе нѐ носат!!! Од наши контакти дознаваме дека веројатно ќе одиме за Охрид, патување кое ќе трае минимум 6 часа од Деве Баир, а ако уште малку го почекаме полицискиот конвој, можеби нема ни до Понеделник да одиме до тоалет и измиеме раце!!!! Кој ќе преземе одговорност за целата оваа голгота и неорганизираност, за она што здрави и прави ќе се разболеме од сѐ што постои? Влада на Република Северна Македонија Никола Димитров – Nikola Dimitrov Венко Филипче Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë

Се срамам од целата држава, се срамам од сите вас функционери кои треба да работите за нас, а не да си ја префрлате одговорноста, се срамам што до вчера верував дека како држава сте спремни да организирате транспорт на еден автобус!!! Во овој автобус не постојат оние пакетчиња со храна кои ги видов на неколку слики деновиве, ниту пак епидемиолог кој треба, нели, да ги провери сите патници и да ги дистанцира сомнителните!

Ние самите (5 патници), со наши инструкции до конзулатите во САД и совети од конзулатот во Бугарија, успеавме да организираме враќање САМИТЕ, без апсолутно никаква помош од ваша страна, а вие цела држава не можете да спроведете еден државен карантин???

Да не продолжувам со дополнителни објаснувања како нашите конзулати не се информирани за ништо од ваша страна и како одлуката за патување преку Софија кон Македонија донесена на 22 март, ние самите ја дознаваме од наш познаник на 29 март, кој на свој ризик тргнува на пат! Планиравте ли некогаш да нѐ известите дека оваа опција за враќање од САД постои? Секој ден бев на телефон со сите конзулати и никој не можеше да ни ја посочи отворената рута и ни препорачуваа да останеме таму кај што сме! А нѐ прашавте ли дали имаме каде да престојуваме и како?

ЗАСРАМЕТЕ СЕ, ГОСПОДА! И ова нека ви биде кратко и јасно образложение зошто сите млади бегаат од овде за подобра иднина и подобар систем!

И да, никој од нас не живее во САД и нема престој, сите од нас беа заминати на службени патувања, кои носат приход во оваа држава! И за жал, од сопствената држава одбиени за враќање назад. Ќе беше многу полесно со регуларните летови да можевме да се вратиме назад, како што сите држави на сопствените државјани им овозможуваат, а не да затварате аеродоми и после да мислите како ќе нѐ вратите назад со измислени прекуокеански хуманитарни летови за кои сигурна сум дека немате капацитет да ги спроведете!

Забрането е од моја страна да нѐ вбројувате во фамозните бројки на граѓани кои сте ги вратиле назад! САМИ се вративме, со посебна благодарност до господинот Александар Панев од конзулатот во Бугарија. Овој човек нека ви послужи како пример за професионалност, грижа и посветеност. Човек со срце, на кому вечно ќе му бидеме благодарни!”