Најголем број потврдени случаи во еден ден во Прилеп: Бројката на заразени од коронавирус сега е 33 лица

Во изминатото деноноќие на ниво на Македонија регистрирани се нови 72 случаи кои се позитивни на коронавирусот Ковид-19.

Ова е најголема бројка досега на регистрирани случаи во еден ден.

Вкупната бројка на заразени лица во Македонија порасна на 555.

Во Прилеп се регистрирани нови 9 случаи, што исто така е најголема бројка потврдени случаи во еден ден откако се појави првиот случај.

Бројката во Прилеп сега се искачи на 33 заразени лица.

По градови освен во Прилеп: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.