дома блог страница 2687

(Видео) Цела планета зборува за физичката пресметка на Златан и Гатузо: Само еден можеше да излезе победник од таа борба

Бразилецот Робињо за шанските медиуми откри како дошло до тепачка меѓу Златан Ибрахимовиќ и Џенаро Гатузо, додека заедно играа во Милан.

“Златан често ми говореше дека ги убедувал челниците на Милан да ме ангажираат:”Овде си поради мене”. Дали е арогантен? Да, но на добар начин. Има голема самодоверба во сопствените способности. За мене сите напаѓачи би требало да бидат како него: шоумен и победник”, објасни Робињо за шпанска “Марка” и го откри она што го интересираше целиот свет- дали имало физичка пресметка меѓу Златан и Гатузо.

“Златан на тренинзите го предизвикуваше Гатузо на џиу-џица борба. На едната страна беше нервозниот и бесен везиста против Ибра, кој има црн појас. Кој победи? Златан секогаш победува”, заклучи Робињо.

Меѓутоа, и покрај приказната на Робињо, на фудалската јавност добро и е позната првата пресметка меѓу овие двајца:

Луда Мара “полуде” во Кавадарци (Видео)

За тие што не знаат Луда Мара е река која тече низ Кавадарци и обично е мала рекичка, но кога има обилни врнежи од дожд се случува Луда Мара навистина да “полуди”.

Eве каква била реката во текот на вчерашниот ден:

На толку предизвици по социјалните мрежи деновиве, да се потсетиме на овој пред 7 години (Видео)

На толку предизвици деновиве редно е да се потсетиме на еден интересен од пред 7-8 години.

Се сеќавате ли на “Харлем Шејк”?

Јованоски: “Апелирам матичните стоматолози да се солидарни и да бидат достапни за своите пациенти”

„Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход го очекуваме во наредните денови. Гледајќи го развојот на ситуацијата, можно е во следните денови да има нови заразени граѓани со коронавирусот, па од тие причини апелирам до граѓаните на општина Прилеп да ги намалат социјалните дружења. Не значи дека само полицискиот час и неодењето на работа или во кафулиња ќе го спречи ширењето на коронавирусот, туку и дружењето во домашни услови исто така ја зголемува можноста за нови заразени лица. Истовремено упатувам апел и до матичните лекари и стоматолози да бидат достапни за своите пациенти, тоа е нивна обврска, бидејќи на тој начин сомнителните случаи ќе бидат порано детектирани“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Купил цел шлепер со брашно и им го поделил на своите соседи (Фото)

Осумдесетина домаќинства, без оглед на финансиската состојба, добиле брашно кое им го обезбедил нивниот сосед Зијад Делиќ.

На овој хуман Босанец од Боровница не му е прв пат да помага. Познат е по својата великодушност – вели еден од мештаните на Боровница.

Зијад Делиќ долго време живеел во странство, поточно во Луксембург, а после заминувањето во пензија се вратил во родното место – пишуваат медиумите во Босна и Хецеговина.

Во Боровница овие денови се регистрирани првите случаи со коронавирус, па овој хуман човек ги помага своите соседи.

(Видео) Повторно тепачка во маркет: До сега се тепаа за тоалетна хартија, сега за …

Корисниците на социјалните мрежи ги осудуваат купувачите во супермаркетот АСДА откако беше објавена снимка од “тепачка за житарки”.

На снимката најпрво се гледаат три жени, на кои на крај им се приклучува и еден маж. Потоа доаѓаат вработените од обезбедувањето да ја смират ситуацијата.

Откако видеото беше објавено, јавноста изрази шок и разочарување поради кршење на правилата на социјална дистанца.

Радосна вест во домот на Милошоски: Денеска стана татко по петти пат (Фото)

Антонио Милошоски на својот Фејсбук објави радосна вест за неговото семејство. На свет дојде неговото петто дете, Филип.

“Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските. Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!”
– напиша Молошоски на Фејсбук.

(Фото) Опасен електричен столб демнее на оваа прилепска улица – жителите апелираат итно да се санира

Електричен столб на улицата “Раде Иваноски” во Прилеп…

Жителите од оваа улица апелираат до надлежните овој проблем што побрзо да се санира, со цел да не настанат несакани последици.

Пoчинa мајката на сопругата на Пендаровски, се чекаат резултати дали била заболена од Ковид 19

Попладнево (05.04.2020) околу 13.00 часот на клиниката за Пулмологија во Скопје, почина мајката на првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на Р.Македонија Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на претседателот.

Посмртно и бил земен брис за да се провери дали била позитивна на Ковид 19, а резултатите се чекаат во текот на утрешниот ден.

Таа починала денес, имала тешка општа здравствена состојба, посмртно е земен брис, но генерално досега немала Наод за прсуство на Ковид 19. Рзултатите ги очекуваме, штом ќе ги добиеме ќе информираме, велат од кабинетот на претседателот.

Одобрија огромни суми за плати во СЈО, а докторите молат за маски и ракавици на социјалните мрежи? (Фото)

Дали има некој да донира маски за поликлиника Јане Сандански? Струмичка болница бара капи… Ова се само дел од повиците на социјалните мрежи преку кои вработени во здравството бараат помош, донации за заштита при нивната работа додека се борат со корона вирусот. Медицински персонал буквално од цела Македонија бара помош од различни организации за донирање на заштитни маски, ракавици, скафандери, капи и каљачи наместо сето тоа да им биде обезбедено од државата и Министерството за здравство.

Социјалните мрежи овие денови вријат откако медицински персонал буквално од цела Македонија бара помош од различни организации за донирање на заштитни маски, ракавици, скафандери, капи и каљачи наместо сето тоа да им биде обезбедено од државата и Министерството за здравство.

Јавноста со стотици коментари секојдневно ја напаѓаат државата и министерот за здравство Венко Филипче кој целосно потфрли во набавката на медицинската опрема за сите медицински установи, како и лошото справување со кризата.

Доктори и медицински лица речиси во секоја минута бараат заштитна опрема од најразлични хуманитарни организации кои овие денови се посветени на тоа.