дома блог страница 2680

Костадинов од СДСМ: “Спасивме 250.000 работни места” – “Браво за него!”

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Надлежните институции, државата, граѓаните, сите ние се бориме секојдневно со невидливиот непријател, за заштита на најважното здравјето на граѓаните.

Паралелно со мерките за заштита на здравјето, се преземаат мерки во надминување на последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија на коронавирусот.

Започна реализација на големиот пакет првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра. Се бориме за спас на секое работно место, за секој работник, да обезбедиме приход за секој човек.

Одобрени се и првите бескаматни кредити од страна на Развојната банка, за 136 компании со 1.737 вработени.

Поради големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка веќе го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија.

Државата создаде услови, фирмите да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за помош и поддршка, да ги задржат сите вработени.

Со мерките кои веќе се усвоени и за кои има соодветни Уредби со законска сила, државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 фирми. Да ги спасиме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.

Со овие мерки, фирмите погодени од кризата, односно секој работник од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.

Мерката значи идентична помош и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници.

Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен.

За граѓаните обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани.

Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, но и се намалуваат платите на избраните и именувани функционери, затоа што сега е време за солидарност и меѓусебно помагање.

Почитувани,

Мерките што се преземаат опфаќаат помош за 250.000 работни места и 35.000 компании. Во духот на солидарноста помагаме на оние кои се погодени од кризата и не дозволуваме никој да не остане без приход во овие тешки времиња.

Со сето она што го презедовме досега, создадовме систем кој работи за граѓаните и нивните интереси. Од -1,8% за само 2,5 години економијата порасна на +3,6% и на нозе ја дочекува оваа економска криза.

Во ваква ситуација важно е ширењето лажни вести и неоснована паника од страна на опозицијата да престане, тоа е на штета на граѓаните и нивното здравје. Време е за солидарност и заедничко делување.

Продолжуваме заедно со граѓаните, со стопанството да создаваме мерки и политики што за еднаква помош за сите. За нас, секој е важен!

Реизот Реџепи се закани до Османи и Владата: Ќе ги повлечел повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до владат дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош, пишува Плусинфо.

Тој ова го вели во гостување на емисија на верска организација. Реџепи вели дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат нивниот дел од помошта. Тој додава дека досега немаат одговор од владата.

(Видео) Драма на траект: Неколку патници скокнаа во море поради страв дека членовите од екипажот би можеле имаат коронавирус

Неколку патници од индонезиски траект скокнаа во море и отпливаа до брегот откако властите се обидоа да го блокираат застанувањето на ова пловило поради сомнеж дека неколку членови од екипажиот се позитивни на Ковид-19.

Нови 8 случаи на коронавирус во Прилеп: Бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663

Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.

Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Aмериканските научници со писмо до Белата куќа: Коронавирусот нема да исчезне со затоплување на времето

Американски научници испратија писмо до Белата куќа во кое се тврдат дека се чини дека коронавирусот нема да исчезне при пристигнувањето на потоплите временски услови.

Во писмото до Белата куќа, членовите на Националната академија на науките велат дека податоците за тоа колку топлото и ладното време влијаат на коронавирусот не се конкретни. Тие забележуваат дека дури и ако потоплото време влијае на вирусот, нема да биде многу бидејќи многу малку луѓе во светот станаа имуни на вирусот досега.

„Постојат некои докази кои сугерираат дека коронавирусот може побавно да се пренесува во средини со повисоки температури и влажност. Сепак, со оглед на глобалниот недостаток на имунитет, ова намалување на ефикасноста на преносот не може да доведе до значително намалување на ширењето на болеста без придржување кон строги мерки”, се нагласува во писмото.

Во писмото се наведува дека студија во Кина покажала дека вирусот се шири експоненцијално дури и во услови на максимална температура. Секое заразено лице го распространува во просек на две други лица.

Д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести од универзитетот „Вандербилт“, вели: „Иако можеме да се надеваме дека времето ќе придонесе за забавување на ширењето на вирусот, не можеме да се потпреме само на тоа. Мора да продолжиме да примениме социјално дистанцирање и други мерки за намалување на преносот“ , изјави тој за Си-Ен-Ен.

ВИДЕО: Министерката за здравство на Белгија чепкаше нос и правеше „топчиња“ за време на емисија во живо

Министерката за здравство на Белгија, Меги Де Блок е фатена како ги игнорира основните хигенски правила за време на пандемијата, и тоа во живо на телевизија.

Таа за време на емисијата не само што го допре лицето, туку отиде и чекор подалеку, па почна да си го чепка носот и да вади, народски кажано “руда”…

МИЦКОСКИ: Се започна на 26 декември 2019-та кога Заев во парламентот изјави дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување

(Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски)

Борбата со пандемијата е борба за секој човечки живот, таа е непроценлива и бесконечна, исто како што е Македонија бесконечност. Во политиката пак, морате да бидете подготвен на критика, понекогаш аргументирана и прецизна, но понекогаш дифузна и тенденциозна. Осуден однапред што можеби овој пост нема да биде во насока дека блескаме во економијата и резултатите се за поклонување, сепак чувствувам огромна одговорност да споделам една кратка анализа со македонските граѓани и ќе оставам самите да одговорат на прашањето:
Дали Зоран Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио, водејќи се исклучително од личните и партиските интереси и манифестираа огромно незнаење или е нешто друго во прашање? …

А се започна на 26 декември 2019 година кога тогашниот, сѐ уште премиер во занес, во парламентот ќе изјави дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување. Истиот овој наратив понатаму ќе го продолжат уште неколкумина јуришници од СДСМ во владата, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Нина Ангеловска итн., и се до 21 март оваа година, сите овие заедно со Зоран Заев ќе не убедуваат дека буџетот е ликвиден и дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување и покрај тоа што нема раст на БДП од 5% или на пример просек плата од 500 евра, странски и домашни инвестиции, загарантиран откуп за земјоделците, 500км автопатишта итн… Но, каква е реалноста и какви се бројките, тие самите ќе дадат одговор на прашањето, имено буџетскиот дефицит во првите два месеци од 2020 година изнесува речиси 25% од вкупниот кој е предвиден за цела 2020 година или за 63% повеќе од тој во 2019 година кога бил 15,2% (слика 1)., а само во февруари месец тој бил повеќе од 3 милијарди денари (Извор: МФ, Извештај за реализација на буџет заклучно со месец февруари 2020).

Вториот податок кој е содржан во оваа анализа е стоковата размена со странство, извоз и увоз. Во месец февруари 2020 година за прв пат во последните 5 година се бележи пад на извозот и тоа за 1,9% (слика 2).

Извозот бележи опаѓање за повеќе од 10 милиони евра, а истовремено увозот бележи зголемување за повеќе од 40 милиони евра (слика 3).

Апсолутната бројка во негативното трговска салдо е поголема од 50 милиони евра (слика 4).

Може да се заклучи само доколку се соберат негативното трговско салдо и буџетскиот дефицит за месец февруари 2020 година, доаѓаме до фрапантна бројка од повеќе од 6 милијарди денари или повеќе од 100 милиони евра. Јас немам дилема дека додека јуришале со народни пари да вршат поткуп на гласачи за предвремените парламентарни избори што требаше да се случат на 12 април, првите сериозни знаци за сериозна економска апокалипса која ни претстои како резултат на пандемијата, но и поради кусогледата економска политика на владата на СДСМ, веќе во месец февруари пристигнале.

Опиени со власт, надмено создавајќи ограда околу себе, владата и надлежните за економските политики овие предупредувања не успеале да ги забележат, туку сосема спротивно одлучија да не убедуваат длабоко во месец март дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Многу прашања ќе останат сега за сега неодговорени, а ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подаде рака, на време предупреди и понуди решенија. За одговорите на прашањата ќе оставиме да помине пандемијата и ќе ги одговараме едно по едно, тоа што ја одбивте подадената рака и не прифативте ниту едно од понудените решенија доволно говори на личниот капацитет и за тоа кој за што се залага и бори. Тоа нема да не демотивира, напротив, дополнително не мотивира и така мотивирани ќе продолжиме да иновираме, креираме и бараме решенија за ова што допрва не чека, а тоа е нашата борба против пандемијата, негативните ефекти од пандемијата и борбата за македонските граѓани и Македонија, таа борба, реков на почеток, е бесконечност. Ние со нашиот сон за бесконечната Македонија, а вие со вашата надменост, неспособност и отсуство од реалноста…
Борбата продолжува, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија.

Министрите се “скараа” и го напуштија состанокот: Дали Ковид-19 ќе ја растури Унијата?

Иднината на ЕУ е во опасност ако не се пронајде заеднички финансиски одговор во борбата против коронавирусот, предупредија денес од Шпанија, откако европските министри за финансии не успеаа да се договорат за издавање на заеднички обврзници.

Портпаролката на шпанската влада изјави дека Европјаните ќе започнат да губат доверба во ЕУ ако земјите-членки не дејствуваат во оваа криза, која ја спореди со Втора светска војна, пренесува Ројтерс.

Загрижувачки е тоа што министрите за финансии на 19 држави, кои имаат валута евро, по 16 часа преговори, ништо не се договорија. Прашањата како: “како да се совладаат економските последици на корона-кризата и како би можело сето тоа заеднички да се финансира”, остануваат нерешени.

Девет држави биле за задржување на европско ниво, а четири, меѓу кои и Германија, против тоа. При тоа може да се забележи дека се работи за гол економски опстанок. Поразлична е ситуацијата од пред пет години, со должничката криза во Грција, која од сегашна перспектива делува скромно.

(Видео) Мила се раздели со детската клиника: “Cе гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата”

“Многу мила, една мала Мила ! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата. Денес клоцна една голема грижа, така и треба”

Прилепчанец кој долго време живее во Германија и’ одговори на македонската Влада за барањето на донација кое го добил

Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен испратил апел до тамошната македонска дијаспора да донира парични средства кои ќе бидат наменети за заштита на сограѓаните во Македонија од корона вирусот.

Од конзулатот информираат дека за таа цел Министерството за здравство има отворено единствена сметка каде може да се уплатуваат средства кои ќе бидат искористени за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни.

Апелот е упатен до сите граѓани кои живеат и работат во сојузните покраини Баварија и Бадерн Виртенберг, а се подготвени да придонесат за надминување на состојбата со корна вирусот и заштита на населението во татковината, стои во апелот за донации.

Александар Бузлески од Прилеп кој долго време работи и живее во Минхен е еден од поистакнатите нашинци во Германија.

Тој исто така го добил дописот од конзулатот, па на конзулот Реџеп Демири му одговори со Фејсбук статус:

“Почитуван наш конзул и сограѓанину Rexhep Demiri

Со оглед на тоа дека меѓу останатите 20 организации и лица во Германија, сте ме удостоиле лично да ми се обратите со официјален апел за донации, еве и јас да Ве удостојам јавно да ви се заблагодарам на честа, и воедно јавно да Ве прашам:

-Каде бевте кога го блокиравме центарот на Франкфурт и демонстриравме против договорот од Нивици?

-Каде бевте кога го блокиравме Бон и демонстриравме против договорот од Нивици?

-Каде бевте кога владата која Ви ја дала таа функција ја сатанизираше дијаспората?

-Каде бевте кога флагрантно пробаа да ни го одземат правото на глас на претстојните вонредни парламентарни избори? ……

Иначе ние секогаш сме помагале и ќе помагаме, но само директно на оние кои насушно имаат потреба од помош…

Како да донираме на сметка со која раководат недомаќини?

Поздрав и убава вечер наш сограѓанину…”