(Видео) Вирусот им предизвика голема штета и на милијардерите: Направена е нова листа на Форбс

Пандемијата на вирусот корона ја измени листата на Форбс. Многу луѓе “тргна” од листата, но дури ни разводот и загубата од 40 милијарди долари не можеше да го спречи основачот на Амазон, Џеф Безос, да остане на првото место.

Безос е на врвот на листата со 113 милијарди долари, иако бележи пад од 18 милијарди во однос на минатата година, пренесува Банкар.ме.

Најголемата причина за тоа е неговиот развод со Мекензи Безос. Меѓутоа, акциите на Амазон пораснаа за 15% минатата година, што му помогна да ја надополни загубата од разводот.

Mекензи Безос за прв пат се појави на листата на светските милијардери и тоа благодарение на спогодбата од разводот од 38 милијарди долари- како дел од спогодбата таа доби 25% од акциите на Амазон, што ја доведе на 22-то место на листата на Форбс.

Форбс ги откри своите 34 милијардери, но паднемијата на вирусот го измени списокот, а многу луѓе се и отстранети. Во првата половина на март 226 луѓе го изгубија статусот на милијардери, а 58 луѓе има помалку на листата во однос на истиот период минатата година.

Бернар Арно, претседател и извршен директор на луксузното царство “LVMH”, го смени Ворен Бафет на третото место со богатство од 76 милијарди долари, па Бафет со 67.5 милијарди падна на четврто место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.