дома блог страница 2674

Бисера од Прилеп сеуште има потреба од сите: Ајде сите заедно да го спасиме ова мало ангелче

Aлександра и Оливер Ристески од Прилеп се млади родители кои изминатите 6 месеци се борат за животот на своето бебенце Бисера.

Двајцата млади родители од Прилеп подолго време апелираа до надлежните и министерот Филипче, за Бисера да добие соодветен третман на Универзитетската за Детски болести.

На Фејсбук беше објавена иницијатива за донирање на средства за Бисера да биде третирана на приватната клиника “Жан Митрев”.

Поради високите средства кои родителите на Бисера не можат самите да ги поднесат (800 евра на ден), објавена е втора иницијатива за собирање на средства.

Донирајте на следниот ЛИНК

(Видео) 30 минутен тренинг за почетници со прекрасната Памела Рајф

За овие вежби нема да ви биде потребна дополнителна опрема или скапи справи за вежбање.

Фитнес инструкторката Памела Рајф подготви програма за почетници со која со секојдневно вежбање од 30 минути ќе ги затегнете и зацврстите нозете и задникот.

Почина архиерејскиoт намесник на Прилепското архиерејско намесништво протоереј – ставрофор Благоја Станкоски

Од црквата Свето Благовештение во Прилеп соопштиија дека денеска се упокои во Господа, протоереј – ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво.

„Прими ја неговата душа Господи, да влезе во Небесниот Ерусалим, како што Ти влезе во земниот Ерусалим, на денешниот ден“, велат во кратката информација од Свето Благовештение.

Денес драстично зголемен бројот на заболени во Македонија: Нови 14 случаи на коронавирус во Прилеп

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Птицата “Голем нуркач” по многу години повторно се појави на охридското пристаниште

По многу години, на охридското пристаниште се појави редок вид птица -“голем нуркач”, која е дел од живиот свет на Охридското Езеро.

Hамаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински врсти, објави иницијативата Охрид СОС.

На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член граѓанската иницијатива .

-Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша пеењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме“, велат од Охрид СОС.

(Видео) Сред полицисики час: Пијан и распеан граѓанин се враќа дома во 2 часот по полноќ

Во екот на пандемијата од коронавирусот слични мерки како во Македонија има и во Србија. Имено, полицискиот час во целата држава таму трае од 17 часот во петок до 5 часот во понеделник, што се однесува на викендите. Поголемиот дел од граѓаните се придржуваат на овие мерки, но има и вакви случаи.

На социјалните мрежи се појави снимка од Белград, направена во 2 часот по полноќ на која се гледа како пијан маж се движи по улицата и пее песни за кралот Петар Караѓорѓевиќ.

Корисниците на социјалните мрежи веќе му ја доделија титулата “победник на полицискиот час”.

Но да напомоенеме, главанта причина за ширењето на вирусот и целосниот карантин на државата се токму ваквите случаи.

View this post on Instagram

Za kralja i otadžbinu ? #ostanikodkuće

A post shared by Dnevna doza policijskog časa (@policijski_cas) on

Експерти од Велика Британија откриваат кога ќе биде готова вакцината за Ковид-19

Професорка по имунологија од британскиот универзитет Оксфорд тврди дека вакцината за коронавирус би можела да биде достапна веќе во септември.

Сара Гилберт моментално со својот тим се обидува да создаде вакцина, а за „Tајмс“ изјавила дека 80% е сигурна дека нејзиниот тим ќе успее во тоа до оваа есен ако работите се движат според зацртаниот план.

Таа минатиот месец за британските медиуми изјави дека се надева дека вакцината би можела да биде создадена до крајот на 2020-та година, а сега изнесе оптимистичко сценарио со оглед на тоа што тестирањата на вакцината на која што работи со својот тим ќе започнат за две седмици.

Пиењето вотка и возењето трактор сепак не го лекуваат коронавирусот: Белорусија во загрижувачка фаза!

Претставникот на Светската здравствена организација, Патрик О’Конор, ги повика вчера властите во Белорусија да воведат нови мерки прoтив ширењето на коpoнарнавирусот со прeдупредување дека eпидемијата може да влезе во нова загрижувачка фаза.

Претседателот Александар Лукашенко во последните неколку недели ја маргинализираше потребата за мерки, вклучително и оние за социјална оддалеченост, велејќи дека пиењето вотка, возењето трактор и престојот во сауна може да помогне против вируcот, потсетува агенцијата „Ројтерс“.

Во Белорусија потврдени се 2.226 случаи на зaразени од корoнавирус, а пoчинaа 23 лица.

О’Конор, кој неделава ја предводи дeлегацијата на СЗО во посета на Белорусија, рече дека земјата спроведува мерки за бopба пpoтив eпидемијата, но дека вирyсот се шири во заедниците во Минск и други области.

„Белорусија влегува во нова фаза од развојот на eпидемијата. Гледаме дека вируcот се пренесува во заедници. Оваа состојба е зaгрижувачка и бара нови мерки“, рече тој на прес-конференција.

Тој додаде дека СЗО препорачала Белорусија да воведе мерки што ќе го зголемат физичкото растојание, како и да продолжи со мерките за изолaција, тестирање и следење на контактите на пациентите зaразени со коpoнавирус.

Во Белорусија сè уште се игра фудбал, додека другите европски земји имаат воведено кapантин и ги откажаа сите јавни настани.

Влегувањето на Исус во Ерусалим: Православните христијани го празнуваат Цветници- За многу години!

Православните христијани денеска го празнуваат Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим- Цветници.

Православните христијани денеска го празнуваат Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници.

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

(Видео) Прекрасна карантинска изведба: Калиопи, Кеба и Северина ја пеат “Битола мој роден крај”

Северина и нејзиниот свекор Кеба, ја поздравија Македонија и сите обожаватели на Калиопи со македонскиот безвременски хит „Битола мој роден крај“.

„Вака беше синоќа на Инстаграм. Двајца прекрасни луѓе, две благородни суштества, ни ги разубавија минутите што ги поминуваме заедно во живо на инстаграм…Од тоа нивно изненадување зедовме повеќе светлина и позитива за овие денови во изолација … Ви благодарам мои прекрасни Северина и Кеба…“, напиша Калиопи на фејсбук.

Уживајте!