Почина архиерејскиoт намесник на Прилепското архиерејско намесништво протоереј – ставрофор Благоја Станкоски

Од црквата Свето Благовештение во Прилеп соопштиија дека денеска се упокои во Господа, протоереј – ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво.

„Прими ја неговата душа Господи, да влезе во Небесниот Ерусалим, како што Ти влезе во земниот Ерусалим, на денешниот ден“, велат во кратката информација од Свето Благовештение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.