По повод денешниот голем христијански празник Цветници, црковните храмови во Прилеп одржаа литургии. Црквата Св. Кирил и Методиј, позната кај народот како Параклис, литургијата ја емитуваше во живо на Фејсбук, а литургија се одржа и во останатите црковни храмови.
Еве како изгледаа литургиите во празните црковни храмови:
(Фејсбук објава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски)
“Поминаа 8 години од еден тажен Велики Четврток кој Македонија ја зави во црно. 12 април ќе боли секогаш и ќе нѐ потсетува на грозоморното убиство на нашите сограѓани.
Но ќе нѐ потсетува исто така и на големиот монструм кој си поигра со судбината на семејствата на Филип, Цветанчо, Александар, Кире и Борче.
Заев е поголем монструм од убијците!
Ветуваше дека ќе се дознаела вистината за масакрот кај Смилковско езеро, а денес, после четири години, нема ниту еден осуден.
Лажеше за вмешани функционери од тогашната владт, а денес се правда како не поседува, ниту видел докази за такво нешто.
Се смееше, пиеше вино и си тераше седенки со Хашим Тачи, а еднаш не побара екстрадиција од Косово на убијците во бегство Демири и Дрпљанин.
,,Заев е поголем монструм од убијците” – се зборовите на родителите на жртвите кои ќе продожат да го сечат молкот на власта околу целиот случај.
Нема да има правда и нема да има мир се додека убијците не ја добијат заслужената казна.
Нема да има правда се додека не заминат во политичка историја , политичарите кои за ситни поени ја злоупотребуваа оваа трагедија”.
Да се потсетиме што се случуваше и каков е ставот на родителите на убиените момчиња.
Родителите на жртвите досега неколкупати апелираа до судијата Огнен Ставрев Заев да се најде на листата сведоци, за конечно да се соочат со него и со неговите лаги.
Таткото на Александар, Горан Наќевски, летото побара од Ставрев стражарно да го приведе тогашниот премиер, затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, го обвини Заев дека откако е склучена коалицијата со ДУИ тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.
-Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни, рече Наќевски.
Тој продолжи, во име на сите родители:
-Бараме претрес да се изврши во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме!
Во едно од ретките интервјуа, Наќевски за „Алфа“ вели и дека токму поради овој политички пазар, Заев е поголем монструм и од убијците.
-2015 друго ни ветуваше, сега друго прави. Револтирани сме и од Катица Јанева ни ветуваше дека прв случај ќе биде, ама молк и од таму како што гледате. Мислиме дека и таа е политички пазарена со СДСМ и ДУИ, рече Наќевски во октомври 2017.
Шоуменот Игор Џамбазов денеска преку социјалните мрежи од дојранското село Сретеново, реши со песна да го „избрка“ коронавирусот. „Иш короно, иш“, вели шоуменот.
На 11.04.2020 околу 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Девеани“ во Битола, непознато лице насилно влегло во трафостаница, сопственост на ЕВН Македонија и одзело електричен материјал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2020 околу 22.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Битола, непознато лице насилно влегло во магацин на фирма од Битола и одзело производи. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
“Њујорк пост” пишува за новиот симптом на коронавирусот кого го пријавиле повеќе од половина од пациентите кои имале потешка клиничка слика за време на заболувањето.
Споредниот симптом за кој пациентите сè почесто пишуваат на социјалните мрежи, е таканареченото зуење или шуштење во телото, што претставува нов мистериозен знак на коронавирусот.
Докторите за “Њујорк пост” објасниле дека овој симптом веројатно е последица на фактот дека телото се бори против болеста.
Еден човек на Твитер симптомот на зуење го опишал како „чувство на електрицитет на кожата“.
Тарана Бурки, позната како основач на движењето #MeToo, објавила дека нејзиниот партнер имал вирус и споменала дека имал чувство како кожата да му гори. Рекла дека поради тоа чувство користеле крема на база на алое, која инаку се користи за изгореници од сонце.
И инфлуенсерката Ариел Чарнаш објавила пост во кој пишува за „чувствителната кожа“ кога првпат почувствувала симптомите од болеста.
Докторите велат дека овој симптом не е многу чест, а го објаснуваат како дел од автоимуниот одговор кој влијае на нервниот систем на пациентот.
Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 24 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво според член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети не ги почитувале прописите и одлуките на Владата со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на заразната болест COVID-19, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
Можни се три сценарија за македонската економија и сите завршуваат со огромно зголемување на јавниот долг.
Добро е што владата делумно ги прифати мерките од уредбата што ја предложивме, но потребно е уште повеќе, да не се бара од корисниците да ја вратат помошта од државата, релаксирање на фискалната политика и државна помош и за месец март за работниците и компаниите.
Не се согласувам со кронизмот, профитерски да се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, што ќе донесе покачување на продуктите потребни за граѓаните.
Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На 11.04.2020 во 17.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во гаража на ул.„Никола Карев“ во Прилеп бил пронајден починат М.К.(66) од Прилеп.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 16.30 часот М.К. и неговиот сосед Д.С., започнале расправија, а Д.С. го испрскал М.К. со непозната течност.
Потоа М.К. влегол во гаражата и по кратко време, неговата сопруга В.К. забележала чад од гаражата, по што го пронашла М.К. паднат на подот, без знаци на живот.
Пожарот бил изгаснат, а од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.
Првично соседи за Маркукуле истакнаа дека починатиот самиот се полил и запалил.
Татјана Станимировиќ, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Прилеп на денешната прес конференција во Општина Прилеп, истакна дека порастот на заболени со коронавирус во општина Прилеп е очекуван и дека не станува збор за драматично зголемување на бројот на инфицирани.
„Треба да сфатиме дека епидемијата има свој тек. Ние само што ја поминавме првата фаза, сега се наоѓаме во втората фаза во која, како што кажа и министерот, сеуште очекуваме пораст на бројот на заболени. Се надеваме и сите работиме тој раст да не биде остар. Во Прилеп линијата на пораст не е остра, ако имаме во предвид колку заболени имавме на самиот почеток на епидемијата. Не е тоа остро, оди очекувано“, потенцираше д-р Станимировиќ.
Според зборовите на докторката Станимировиќ, од целиот регион кој го покрива Центарот за јавно здравје – Прилеп, а тоа се општините Прилеп, Долнени, Крушево и Кривогаштани, досега се тестирани вкупно 280 лица. Од нив, 75 се позитивни, а за 74 лица се чекаат резултати. Меѓу инфицираните се наоѓаат и шестмина здравствени работници.
„После вчерашните 8, во општина Прилеп се регистрирани 14 нови случаи наnлица инфицирани со КОВИД-19, со што вкупната бројка се искачи на 72. Вчера,за жал, го имавме и првиот смртен случај во нашиот град. Оваа прилика ја користам да му изразам сочуство на семејството на починатиот, а на останатите членови од семејството да им посакам побрзо закрепнување“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Јованоски истакна дека последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина Прилеп, рапидно се зголемува. Од вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус во нашата општина, две третини се работоспособни, а другите се повозрасни граѓани над 60 годишна возраст, а инфицирани се и 4 деца.
„Заради прогресијата на новозаразени, барам воведување на дополнителни мерки за општина Прилеп. За таа цел, утре во посета на Општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со кои ќе разговараме за мерките кои дополнително треба да ги преземеме. Ќе побарам поголема вклученост на Армијата за спроведувањето на мерките и препораките од Владата и Министерството за здравство. Мора до го спречиме групирањето и гужвите пред банките и маркетите во градот. Исто така сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдени случаи на нивни вработени кои се заразени со коронавирус, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги активираат своите производствени капацитети, се’ додека не се создадат услови за работа, според проценките на стручните служби“, нагласи градоначалникот Јованоски.