дома блог страница 2675

Ajде возачи: По кој редослед возилата треба да се движат низ раскрсницата?

Погледнете ја сообраќајната ситуација на фотографијата, па обидете се да дадете точен одговор за помалку од една минута.

На раскрсницата на која што сообраќајот е регулиран со сообраќајни знаци, се наоѓаат автомобил, трамвај и скутер.

Трамвајот и скутерот се движат право, додека пак скутерот врти на лево.

Дали моторциклистот е должен да ги пропушти автомобилот, трамвајот или пак двете возила одеднаш?

По кој редослед возилата треба да се движат низ раскрсницата:

1. Скутер – трамвај – автомобил;

2. Трамвај – автомобил – скутер;

3. Автомобил – скутер – трамвај.

(Фото галерија) Црквата на Кипар каде се чуваат моштите на Св. Лазар: Постои од 9 век и сведочи за големото чудо на Христос

Денеска е Лазарова Сабота, а на овој ден се сеќаваме на чудото кога Исус Христос го воскреснал од гробот починатиот Лазар.

Праведниот Лазар после своето воскресение, заедно со апостолите го проповедал христијанството. Тој отишол на Кипар, каде станал епископ.

Неговите мошти денеска се чуваат во градот Ларнака, каде Лазар живеел цели 30 години.

Ларнака е трет по големина град на Кипар и веројатно најстар град на островот. Градот се простира на местото на античкиот град Китион, кој според преданието е основан од еден од внуците на Ное.

Градот е наречен Ларнака во 16.век. Токму тука се наоѓа гробницата на Свети Лазар, позната во целиот христијански свет. Над гробницата во 9.век е изградена црква каде и ден денеска се празнува празникот Лазарова Сабота.

(Следете во живо) Света литургија во Бигорскиот манастир по повод Цветници

Бигорскиот манастир во живот на Фејсбук ја пренесува литургијата по повод утрешниот голем христијански празник Цветници

(Видео) Прекрасна македонско-италијанска изведба на Александар, Дац и тенорот Нацовски кој живее во Џенова

Музичка соработка на Александар и Дац со нашиот еминентен тенор Благој Нацоски кој живее и работи во Џенова, Италија.

-Заедно ја отпеавме УШТЕ МИ ФАЛИШ на македонски и италијански како порака на солидарност и љубов во овие тешки времиња низ кои минува светот, па и македонскиот и италијанскиот народ..

П.С. Голема благодарност до Оливера Јовановска и семејството за прекрасната идеја и спојка со тенорот Нацоски во реализацијата – стои во описот на видеото.

(Видео) Скопјани ќе беа Италијани ама некој ги пријави: Журката во Центар кратко траеше

Скопјани кои поради полицискиот час се зaглавени во своите домови најдоа начин како да се забавуваат. Во зградите карши Владата ечеше музика од терасите и станарите како да се натпреваруваат кој ќе пушти погласна музика.

Сепак журката кратко траеше, бидејќи на некој му сметаше гласната музика.

(Видео) Путин знае нешто што никој друг не знае? И покрај пандемијата не се откажува од парадата: Опозицијата ова го нарекува “идиотизам”

Русија одржува проби за својата парада за “Денот на победата”, закажана за 9-ти мај. И покрај коронавирусот Кремљ се противи на откажување на националниот празник кој има големо политичко значење.

Рускиот претседател Владимир Путин би требало да ги угости францускиот претседател Емануел Макрон и другите светски лидери на воената парада по повод 75-годишнината од крајот на Втора светска војна.

Но со 12 милиони луѓе затворени во своите домови во Москва и глобалан паднемија, подоготовките за парадата предизвикаа голема загриженост во Русија.

(Видео) Маж се самозапали во гаража на улица “Никола Карев” во Прилеп

Maж се потурил со бензин и се самозапалил во гаража на куќа на улицата “Никола Карев” во Прилеп. Настанот се случил нешто после 17:00 часот.

Според информациите кои ги добивме од очевидци кои биле сведоци на целиот настан, човекот починал на лице место.

Екипи на полицијата и територијалната противпожарна единица пристигнале на лице место.

Повеќе информации во текот на денот.

Страшен удар за германската економија: “Ова не ни се случило 40 години!”

Германија оваа година ќе биде во рецесија од 4.2%, а економијата најлошо ќе помине во второто тромесечие.

За другото трошење се предвидува дека бруто домашниот производ ќе падне за дури 9.8%. Се очекуваа најсилната европска економија следната година да порасне за 5.8%, но со ниски бази.

Така во пролетната прогноза предвидуваат пет економски институти кои ги зедоа во предвид и економските мерки на земјата.

Германија никогаш не доживеала толку длабок пад на БДП, каков што предвидуваат економситите за вториот кварта, од собирањето на тромесечните податоци. За последен пат ова се случило во 1970 година.

Оваа криза ќе биде за два пати полоша од онаа во 2008 година. Економистите проценуваат дека државата во првото тромесечие забележала пад од 1.9%.

Макроекономските броеви се уште полоши во останатите европски држави погодини од пандемијата на коронавирусот.

Свештениците осветија вода во црквата Св. Благовештение: Верниците ќе можат да земат со почитување на правилата

-Во нашиот храм, беше осветена вода, поради спреченоста да се изврши Велигденскиот водосвет, по христијанските домови во нашиот град. Оние кои сакаат, можат да си земат, почитуваќи ги редот и правилата на движење. Христос посреде нас – напишаа на Фејсбук од црковниот храм Св. Благовештение (Стара црква) од Прилеп.