Обраќање на градоначалникот во чиј град има 75 заразени од Ковид 19 (Видео)

„После вчерашните 8, во општина Прилеп се регистрирани 14 нови случаи наnлица инфицирани со КОВИД-19, со што вкупната бројка се искачи на 72. Вчера,за жал, го имавме и првиот смртен случај во нашиот град. Оваа прилика ја користам да му изразам сочуство на семејството на починатиот, а на останатите членови од семејството да им посакам побрзо закрепнување“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Јованоски истакна дека последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина Прилеп, рапидно се зголемува. Од вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус во нашата општина, две третини се работоспособни, а другите се повозрасни граѓани над 60 годишна возраст, а инфицирани се и 4 деца.

„Заради прогресијата на новозаразени, барам воведување на дополнителни мерки за општина Прилеп. За таа цел, утре во посета на Општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со кои ќе разговараме за мерките кои дополнително треба да ги преземеме. Ќе побарам поголема вклученост на Армијата за спроведувањето на мерките и препораките од Владата и Министерството за здравство. Мора до го спречиме групирањето и гужвите пред банките и маркетите во градот. Исто така сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдени случаи на нивни вработени кои се заразени со коронавирус, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги активираат своите производствени капацитети, се’ додека не се создадат услови за работа, според проценките на стручните служби“, нагласи градоначалникот Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.