дома блог страница 2669

Доктор од Прилеп предупредува: “Погрешно е постојаното носење на нараквици”

Д-р Јово Бурне преку статус на својот Фејсбук профил апелира:

“Погрешно е носењето на нараквици на раце постојано. Со едните исти нараквици што ги носите допирате се, фаќате пари, одите во пошта, во банка, на пазар, допирате прашина и нечистотија, и потоа со истите тие нараквици на кои има залепено нечистотија и потенцијални бактерии ќе појдите на доктор, ќе фатите документи, ќе го фатите вренгот од вратата, ќе доприте храна, ќе се фатите за лице, за очи и така несвесно ќе станите потенцијален ширач на нечистотија, зараза и бактерии и на себе и на други луѓе. Нараквиците се носат за еднократна употреба и одма се фрлаат, а не се носат непотребно по цел ден насекаде и се фаќа со нив се. Затоа е подобро да не се носат нараквици и редовно да се мијат рацете. Носење на заштитна маска ДА, носење нараквици НЕ”, пишува Д-р Јово Бурне.

Позитив на денот: Прилепско семејство даде пример за сите и донираше 500 евра во болницата

Семејството Керпичоски од Прилеп даде пример за сите граѓани кои се во можност да донираат онаму каде е најпотребно. Тие донирале 500 евра во општата градска болница “Борка Талески” од Прилеп, а од болницата јавно се заблагодарија.

“Во ова време кога нашата болница како приоритет ги стави сите свои ресурси во служба на превенција и лекување на заболените од Ковид -19, несебичен е гестот на дарување! Благодариме на семејството Керпичоски за донацијата од 500 евра на ЈЗУ ОБ “Борка Талески”-Прилеп”, напишаа на Фејсбук од болницата.

(ФОТО) Животот во Италија се враќа во нормала: Мирис на скара во воздухот- државата постепено се отвара

По повеќенеделната блокада поради пандемиjaта на виpycoт кој силно ја погоди Италија, од денес животот започнува да се враќа во нормала.

Од денес, освен прехрамбените продавници и аптеките, ќе работат и некои други продавници како книжари и бутици со детска облека.

Во Италија рестриктивните мерки за ограничено движење се продолжени до 3 мај, меѓутоа првиот чекор по римокатоличкиот Велигден, се однесува на обновување на одредени активности, а таа одлука одлука наиде на спротистванување од лидерите во одредени региони.

ТВИТ НА ДЕНОТ: “Многу убав гест на градоначалникот на Гази Баба”

(Твит на денот)

-Многу убав гест на градоначалникот на Гази Баба, што ги извадил партиските функционери од неговата сдс од станица после прекршување на полицискиот час! Мора да се знае дека законот важи за прости смртници, еве како Вас кои ова го читате, шерифите нема потреба да почитуваат закон!

Пратеничката од СДСМ позитивна на кopoнавиpyc: Во моментов се наоѓа во болница

Инфомакс дознава дека пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска е заболена од опасниот коронавирус. Нашата редакција ја контактираше пратеничката по што добивме потврда дека е тестирана и е позитивна на заразата.

Таа во болницата е сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но како што вели за “Инфомакс” сега веќе е подобра. Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво.

Смилеска посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа. На пратеничката и посакуваме да ја победи болест и што побрзо опорави.

Се чини дека Прилеп станува нов епицентар на епидемиајта во Македонија откако само денеска се регистрирани 10 новозаразени со што вкупниот број на инфицирани лица во Прилеп е 85.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје изминатите 24 часа почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во Прилеп.

Не планирајте летен одмор, советува Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека поради пандемијата на коронавирусот треба да се почека со правење планови за летен одмор.

-Советувам да почекате со таквите планови. За јули и август се уште никој не може да даде сигурна прогноза, вели Фон дер Лајен во интервју за германски „Билд“.

Нови 9 случаи со кopoнавиpyc во Прилеп: Во Македонија нови 54

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрирани се нови 54 заpaзени со коронавиpyc.

Во Прилеп дијагностицирани се нови 9 случаи на лица заболени од КОВИД-19, а има и уште еден нов cmpтен случај. Сега вкупната бројка на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 84 и три лица кои ја загубија битката со виpycoт.

“Важна вест за сопствениците на фирми во Прилеп”

Претседателот на Советот на општина Прилеп и кандидат за пратеник од СДСМ, Миле Талевски, пред неколку дена излезе со изјава за мерките кои ги донеле на совет, а со цел справување од последиците предизвикани од коронавирусот.

Меѓудругото, како една од најважните мерки беше истакнато намалувањето на фирмарината од 6.000 на 4.000 денари. И сето тоа ќе беше ОК, доколку знаеше дека фирмарината во Прилеп изнесувала 5.000 денари.

За ова се разви дискусија на социјалните мрежи, а се јавија и некои сопственици на фирми кои исто така беа збунети.

Инаку опозициската ВМРО-ДПМНЕ во мерките кои ги предложи, побара целосно ослободување на компаниите и дуќанџиите од плаќање на фирмарина.

РАДОСНИ ВЕСТИ ЗА ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ! Синиша Михајловиќ ја победи леукемијата

“Синиша не е човек, тој е ѕвер”, цели Хулио Рикардо Круз, неговиот соиграч од Интер, откривајќи дека се слушнал со српскиот фудбалер.

Во време кога слушаме само тешки вести, се појави и една убава вест. Синиша Михајловиќ ја заврши својата борба со леукемијата, тврди неговиот поранешен соиграч од Интер, Хулио Рикардо Круз.

Аргентинецот и Србинот две години беа соиграчи во миланскиот клуб, а потоа нивната соработка продолжи кога Синиша од теренот премина во стручниот штаб на Роберто Манчини, кој во тоа време го водеше Интер.

26-годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19 во Србија

Жител на Трешњевице, Парачин почина како последица на коронавирусот, соопштија локалните власти.

Тој на 26 е најмладата жртва на коронавирусот во Србија досега. Момчето било лечено во Белград, а имал и други сериозни здравствени проблеми.

Според српските медиуми, во оваа српска општина има 55 заразени со Ковид-19.