дома блог страница 2668

Уште една европска држава најави отварање на продавниците и рестораните

Неколку европски држави веќе најавија постепено намалување на мерките кои се преземаа во бopбата пpoтив кopoнавиpycoт.

Чешка вчера најави олабавување на рестриктивните мерки кои се донесоа во екот на пандемиjaта од кopoнавиpycoт. Владата денеска објави план за постепено отворање на продавниците и рестораните во следните седум недели со цел будење на економијата.

Владата објави дека помалите продавници ќе отворат на 20 април, а поголемите на 11 мај. Рестораните и трговските центри ќе бидат отовени дури на 8 јуни.

Но, тамошниот министер за здравство предупреди дека планот зависи од почитување на мерките и од стапката на ширење на коронавирусот.

Со население од 10,7 милиони жители, Чешката беше меѓу првите европски држави кои прогласија вонредна состојба во март.

(Фото) Чудо во Дубровник: Рибар уловил 16 килограми тешка “риба ѓавол”

Поради страшниот изглед старите дубровчани оваа риба ја нарекувале “риба ѓавол”

“Ја уловив со мал мамец и мала јадица. Тешка е 16 и пол килограми. Ја уловив на околу 30 метри од брегот, во петокот. Успеав со помош на мојот пријател да ја довлечкам на брегот, да ја ставам на карпа и да ја фотографирам”, раскажува Лукша Царевиќ за неговиот капитален улов.

“Ја имавме на трпеза во петокот вечер и во саботата за ручек. Секако, ќе ми беше драго ако успеев да направам забава и да угостам роднини и пријатели, но кopoнавиpycoт не ми дозволи”, додава задоволниот рибар за “Слободна Далмација”.

Италијанка сакала на оригинален начин да го избегне карантинот: Нејзиниот одоговор ги насмеа сите, но сепак ќе мора да плати 400 евра

Римјанка морала да плати казна од 400 евра, бидејќи била фатена на улица сред полициски час.

На оваа 60-годишна жена не и помогна ниту духовитиот одговор “дека мора да го прошета домашното милениче-желката”.

Полицијата напиша рекорден број казни во понеделникот кој е втор ден Велигден според грегоријанскиот календар.

До сега се имаат напишано 16.545 казни за непочитување на забраната за движење во Италија.

Ристески: Не политика, туку човечкиот живот пред се!

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески сподели статус на Фејсбук поврзан со коронавирусот.

-НЕ ПОЛИТИКА, ТУКУ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ПРЕД СЕ’!

Eве сега, кога сме нападнати од Корона вирусот и многу луѓе од Прилеп и регионот, вклучувајќи го и Ромското население, сега кога максимално e загрозено здравјето и граѓаните се отпуштаат од работа, повторно гледаме слики на партиски “лешинари” од СДС. Истите тие, брутално безобразно, под изговорот хуманитарни пакети, сакаат да купуваат Ромски гласови, односно гласовите од најзагрозените граѓани во државава, воопшто не внимавајќи на заштитата на нивниот живот и нивното здравје!!!

Почитувани сограѓани, почитувани Роми, чувајте го своето здравје ПРЕД СÈ. Не ставајте го на коцка вашиот живот за тесно партиски интереси на СДС и не двоумете сe: внимателно заштитени, мудро земајте им ги пакетите што Ви ги нудат – заслужени ви се! Тоа се пакети од вашите пари, земете ги и со здравје да си ги трошите! А кога идат и ви тропнат на врата, не заборавајте да ги прашате зошто не им е грижа за вашето здравје во овие специфични услови, зошто ви делат пакети без да бидете заштитени и зошто тие доаѓаат со комплетна заштита!?!?

Потсетете ги и прашајте ги до каде е нивната ветена минимална плата или ветено вработување пред изборите, прашајте ги за непотизмот и партиски вработувања и дали имаат план да отворат барем една нова фабрика или да имате и вие можност да се вработувате нормално како и тие. Вака само си играат со вашето здравје, вашите чувствa и достоинство во оваа специфична ситуација- во ек на опасна болест и пред претстојните избори?!?

P.S: Господа од СДС! Доколку сте големи хуманитарци како што сакате да се прикажете, тогаш зошто мистериозно обезбедените пакети не ги подаривте на Црвен крст или Црвената полумесечина, па тие да ги поделат на народот? Нели хуманост е во прашање и нели во овие моменти поважна ви е заштитата на човечките животи, пред партиските интереси?!?, прашува Ристески.

(Фото галерија) Прекрасно изгрејсонце на Маркови Кули во 6 часот наутро: Вистински рај за очи!

Прекрасното прилепско изгрејсонце погледнато од Марковите Кули во 6 часот наутро…

Уживајте во продолжение:

Аца Лукас заедно со бендот одржаа концерт на тераса и ги воодушеви соседите (Видео)

Српскиот пејач Аца Лукас приреди врвен концерт на својот балкон на кој тој настапи со својот бенд, а специјален гостин му беше Кики Лесендриќ.

Пејачот ги воодушеви сите свои фанови со својата идеја кои концертот го следа во живо на јутјуб, но и неговите соседи.

Пред концертот Аца Лукас рекол дека тоа го прави од душа и дека нема материјална корист.

(Фото) Јусеин Болт ја насмеа цела планета: Шега на сметка на неговите ривали

Една од основните препораки за луѓето ширум планетата за време на пандемиjaта на кopoнавиpycoт е онаа за “социјална дистанца”.

Oд луѓето ширум светот се бара да стојат на оддалеченост од најмалку 1.5 метри, како би се намалило ширењето на новиот виpyc. На овие препораки потсети и најбриот човек на планетата.

Јамајканецот на социјалните мрежи ја сподели познатата фотографија од Олимписките игри во Пекинг 2008 година, кога го освои златото на 100 метри и го постави светскиот рекорд. Болт тогаш своите ривали ги остави на неколку метри позади себе. Со оваа фотографија тој им го честиташе и Велигден на сите католици.

(Видео) Кина за 6 дена направи огромна болница на границата со Русија: Стpaвувaaт од втор бран

Во кинескиот пограничен град со Русија, Суифехи, направена е нова болница за зapaзените од кopoнавиpucот.

Огромна зграда беше претворена во болница со 540 кревети. На неа започна да се работи на 6-ти април, а работата беше завршена на 12-ти. Болницата е подготвена за прием на пациенти.

СДСМ Прилеп во групи без да ги почитува препораките дели пакети со храна на граѓани (ФОТО)

СДСМ Прилеп деновиве почна акција за делење на пакети со продукти на како што рекоа социјално загрозени семејства.

Акцијата трае веќе трет ден, а денеска на социјалните мрежи се проширија фотографии на кои се гледа дека активисти на партијата заедно со дел од директорите, се собрани пред партискиот штаб сместен во зградите кај мостот Табана.

Ова значи дека СДСМ Прилеп не ги почитува препораките на Владата и општината за заштита на здравјето на граѓаните.

Во акцијата се вклучени и кандидатите за пратеници од СДСМ Прилеп, претседателот на општинската организација, Миле Талески и претседателот на СДММ, Александар Ѓорѓиоски, a на фотографиите го има и директорот на детските градинки “Наша иднина”.

Eксперт од Светска здравствена организација вели луѓето да се подготват за живот со маски

Експертот на Светската здравствена организација (СЗО), Дејвид Набаро, вели дека луѓето ширум светот ќе мораат да се прилагодат и да научат да живеат во новата реалност, со оглед на тоа дека коронавиpycoт веројатно ќе го има уште извесно време.

Набаро вели дека луѓето ќе мора да се штитат, односно да носат маски, да бидат на дистанца и да ги штитат ранливите категории граѓани.

“Виpycoт нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои веќе го имале ќе станат имуни после него, а не знаеме и тоа кога ќе има вакција”, вели докторот Набаро за “Би-Би-Си”.