“Важна вест за сопствениците на фирми во Прилеп”

Претседателот на Советот на општина Прилеп и кандидат за пратеник од СДСМ, Миле Талевски, пред неколку дена излезе со изјава за мерките кои ги донеле на совет, а со цел справување од последиците предизвикани од коронавирусот.

Меѓудругото, како една од најважните мерки беше истакнато намалувањето на фирмарината од 6.000 на 4.000 денари. И сето тоа ќе беше ОК, доколку знаеше дека фирмарината во Прилеп изнесувала 5.000 денари.

За ова се разви дискусија на социјалните мрежи, а се јавија и некои сопственици на фирми кои исто така беа збунети.

Инаку опозициската ВМРО-ДПМНЕ во мерките кои ги предложи, побара целосно ослободување на компаниите и дуќанџиите од плаќање на фирмарина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.