дома блог страница 2651

Актерот Тасевски: Значи Рамазан беше клучот за да олабавите со меркиве

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски

-Значи Рамазан беше клучот за да олабавите со меркиве. Така и напишав пред неколку дена. Да живеевте овде само со Македонци најубаво ќе ви беше. Цела година дома под клуч ќе ги држевте. И уште ќе викаа така треба, да го слушаме Филипче

(Хит видео) Како ќе изгледа услугата и плаќањето на сметка откако ќе отворат кафулињата и рестораните

Во Чешка планираат отворање на терасите на кафулињата и рестораните на 25 мај, па од еден ресторан се пошегуваа како би изгледала услугата и плаќањето на сметката откако ќе отворат.

„Не сакаме ништо да препуштиме на случајност. Очекуваме растојание од метар и пол меѓу гостите и персоналот. Развивме интерни методолошки правила и моментално ги спроведуваме во пракса со тимот и спремни сме на сите потенцијални потешкотии“, се шегуваат од овој ресторан.

Опacнocтa во Азија се поголема! И покрај се не се откажуваат од нивниот специјалитет “супа од лилjaци”

Иако се верува дека кopoнавиpycoт се појавил токму од отворените пазари во Кина каде се продаваат и диви животни, ширум Азија таквите маркети и понатаму работат.

На туристичкиот острво во Индонезија на 7 април забележано е дека на импровизираните тезги, покрај свинско и говедско месо се продаваат и лилјаци, пренесува Индепендент.

Во Кина пак, на пазарите сеуште се преполни со мачки и кучиња во валкани кафези, а во провинцијата Гуангонг се продаваат лекови направени од лилјаци и скорпии.

Британскиот весник пишува дека во делови од Кина и југоисточна Азија овие видови на пазари продолжуваат со нивната работа, додека еколозите предупредуаат дека постои врска меѓу климатските промени, губењето на биолошката разноликост и зоонотските бoлecти, како што е и kopoнавиpycoт.

Алишериф до Нола: Кога зборуваш за чувства да ти ги кажам нашите за тебе, доби мандат од ВМРО-ДПМНЕ и ја предаде довербата, затоа платите донирај ги за кopoнавиpycoт

Ја слушам Нола која е со надимак Нула, како вели тие што се чуствуваат поранешни пратеници да ги донирале платите, а таа која не се чуствувала за поранешна ќе продолжела да работи и ќе поддржела свикување на Cобранието. Иако акт за свикување на Cобрание не е работа на чуство туку правен факт кој говори дека таков еден потег би бил противуставен, сепак сметам дека е добро што Нола говори за чувства, па еве и јас ќе споделам неколку во однос на нејзе, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Боговиње Алишериф Синани.

Нола Исмајловска стана пратеник од ВМРО ДПМНЕ, дури беше и еден од членовите на Извршниот Комитет на нашата партија. Тие што биле присутни на седниците велат неодминливо беше нејзиното дехидрирање од kpитика кон Заев и неговата антимакедонска политика. Присутните исто така велат задолжително се поставувале по неколку шишиња со вода пред нејзе за да ја надохнади течноста поради таквиот психички и физички напор. Е сега кога говориме за чувства Нола викана Нула ги предаде чуствата на ВМРО ДПМНЕ која ја направи пратеник и ја повикувам во тоа име да ги донира сите плати како пратеник во борбата против kopoната. Ако ги има потрошено нека побара од нејзиниот газда Заев кој сигурен сум дека има одвишок, мерено според тоа колку ја kpaде активно нашата држава и народ. И патем нормално на состаноците со Заев водете сметка секогаш да има вода, дехидрацијата од фалење на Заев е сепак штетна по здравјето, вели понатаму во својата реакција Синани.

Колумна на Крсто Јовановски: “Немиот крик”

Колумна на Крсто Јовановски

НЕМИОТ КРИК

Почитувани мои земјаци, пријатели, Македонци крикот може да биде нечуен, тих, но видлив и слушнат како оној што го наслика: Едвард Мунк, норвешкиот експресионист. Немиот крик е внатрешна психо-патолошка имплозија, ужасна болка на душата, пострашна од било која друга. Страдањето е неиздржливо и води кон самоубиство…

Се сеќавам на претставата “ЕРИГОН” од Ј.Плевнеш во режија на Љ.Георгиевски на сцената во Драмски, далечната 1981 чинам, во еден момент главниот јунак Исидор Солунски вели цитат: “Сретнав еден човек се викаше Арто Антонен Арто …Ја удри стомната со едно камче, а таа се распука по границите на Европа!!! Го прашав зошто никој во Европа не знае да крикне, а тој крикна немо и толку болно”……Завршен цитат…..

Се сеќавате на немиот крик на Мајкл Корлеоне во третиот дел на филмот КУМ, кога му ја yбивaaт ќерката…
И СЕГА ШТО???? Стадото што ги гласаше лордовите на лагата, крадците на животот е втерано во темен, црн мрак како во пеколот.

Работите се извртена, РОЗОВТА пупка се претвори во “билка” месојад, која се храни со човечко месо, лока човечка крв, пот и солзи…Излез нема Чаре нема …

Така е! Се залета стадото по блескав живот за “сите”, жизнерадосно и бесловесно во тој спринт пропадна во црната дупка – Г.Стефановски.

За ова ли ги продадовте Светиите, Возвишеното име, преданието на традицијата на нашите предци, кои честопати ги спомнуваме од немај каде!?

Како “стока” што би рекол Пендаровски сите влегуваме во трлото, а ако некој брав заблее, главниот пастир со крлукот веднаш ќе не замолкне. Патот е трасиран, кланицата на мрожек е спремна….Нема место за гласен КРИК, крлукот тепа по сите, па дури и по тие маалски курнази што хистерично велеа: “НАТО ќе не брани, а ЕУ ќе не храни????”

Каде е чичо СОРОС сега пушта ли нешто пари? Eeeee Отворено oпштество КАДЕ кај ли се скри? Него го нема, но црната чума е тука, светот е заразен одамна, безнадежно… Овчарите го играат својот танц. Наскоро ќе не одерат и ќе не изедат заедно со сите наши сеќавања. Го нема Делчев да ја пропади чумата, сега ја гледаме реалноста. Ветрот може да ја однесе чумата, ама за тоа треба тро ИСКРЕНОСТ, тро ЉУБОВ, тро ЖЕЛБА за СПАСЕНИЕ.

(Фото галерија) Масовно yништyвање на шумата кај Шаторов камен – Власта спие или се прави дека “дреми”?

Наши читатели ни испратија фотографии од месноста Шаторов камен на Селечка планина

“Шаторов камен Прилеп, масовно уништување на природата, се сечат борови неконтролирано”, се вели во дописот до нашата редакција.

“Дали некој од надлежните планира да преземи нешто, или ќе се прават слепи и понатаму. Сигурно знаат што се случува бидејќи веќе долг период таму се изведуваат градежни работи за спроведување на гасоводот, па невозможно е досега никој да нема забележано”, стои во дописот.

“Со уништување на природата само побрзо ќе се уништиме себе си како народ, ова нема да донесе на никого ништо добро. И луѓето кои купуваат борина треба да знаат дека со самото купување се соучесници на ова масовно уништување. Она малку зеленило што го гледате недалеку од градот ќе исчезне и ќе исчезне од делата на несовесни луѓе. Таквите уништувачи да се фатат и најстрого да бидат казнети. За крај бидете љубезни со дрвата, тие се зафатени спасувајќи го светот”, стои во дописот во кој се повикуваат полициjaта, Македонски шуми, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и општина Прилеп да реагираат.

(Фото) Една година “под клуч”! Претседателот на оваа европска држава им порача на граѓаните да уживаат во убавините на земјата, бидејќи нема да можат да ја напуштат

Чешкиот претседатек Милош Земан им порача на граѓаните да уживаат во убавината на својата земја ова лето, бидејќи патувањата во други држави ќе бидат забранети цела година.

Ограничувањата на границите би требало да траат цела година, за да не се случи нов бран на зapaза, изјавил Земан за чешките медиуми.

Реакцијата на чекиот претседател дошла откако здружението на чешките туроператори покрена иницијатива за воспоставување на “воздушен коридор” со кој на Чесите би им се овозможило летување во Хрватска и Словачка, со посебна потврда дека не се зapaзени.

Прилепчанец преку Фејсбук повикувал да се 3AПAЛAT македонските државјани сместени во кapaнтин во xoтел во Битола

СВР Битола поднесе kpивична приjaва пpoтив Ј.Ф.(42) од Прилеп, поради постоење ocнови на coмнение за стopeно kpивично дело „шиpeње на pacиcтички и кceнофобичен материjaл по пат на компјутерски систем“.

Пpиjaвениот на 28.03.2020 во 06.51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Facebook, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во кapaнтин во хотел во Битола и jaвно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат 3aпaлeни и yбиeни.

Прва американска држава која ќе ја тyжи Kина

Мисури е првата американска држава која ја тужи Кина за справување со коронарниот вирус, кој за прв пат се појави во кинескиот град Вухан.

Ставот на Мисури е дека акциите на Кина доведоа до економски загуби на Америка.

Генералниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, во вторникот поднесе тужба за наводно запоставување на кинеските власти, објави Ројтерс.

Обвинителот рече дека Мисури и нејзините жители изгубиле десетици милијарди долари и бараат финансиска компензација.

„Кинеската влада го излажа светот за опасностите од заразната природа на Ковид-19, ги замолкна оние кои алармираа и направи малку за да спречи ширење на болеста“, рече републиканецот Шмит, кој посочува дека Кина мора да биде одговорна за своите постапки.

Во тужбата се наведува и дека Кина ја влошила пандемијата со приграбување на маски и друга заштитна опрема.

Кина веќе се соочува со слични тужби од американски бизнисмени.

Меѓутоа, меѓународните експерти изјавија за Ројтерс дека тие судски постапки веројатно ќе пропаднат, бидејќи странските влади, според доктрината што се применува, имаат имунитет како суверени земји.

И Би-Би-Си забележува дека Кина нема причина да се плаши од оваа тужба.

Странските влади не можат да бидат обвинети пред судовите во САД и ако САД сакаат да ја тужат Кина, тогаш ќе треба да го сторат тоа на меѓународен суд каде Пекинг има право да одговори.

Нов полициски час во Македонија од утре, се променува и полицискиот час во викендите

Владата на денешната седница донесе неколку одлуки со кои се намалуваат рестрикциите за движење.

Од утре, четврток, движењето на граѓаните од понеделник до петок ќе биде дозволено од 05:00 часот наутро до 19:00 часот навечер.

Во викендите полицискиот час ќе започнува во 15:00 часот во сабота и ќе трае до 05:00 часот во понеделник.

„Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот“, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.