дома блог страница 2650

Вучиќ: “Горд сум што нема да земаме пари од Европската Комисија, тоа не е помош, туку кредити”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека пакетот од Европската Комисија за макрофинансирање од три милијарди евра за државите кои се во процесот на проширување на ЕУ, не претставува помош на ЕУ, туку дека се работи за поволни кредити односно позајмици.

Вучиќ вели дека е горд што Србија не е на листата со Украина, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и други земји кои се на листата на Европската Комисија.

Тој исктана дека е горд на српската одлука и додава дека доколку тие пари на Србија и бидат потребни ќе и бидат на располагање во иднина.

“Тука пишува дека тоа се дава на земјите кои имаат значително пореметување во платниот биланс”, вели Вучиќ.

Тој праша зошто Србија би ги земала тие пари ако не и требаат.

Јавниот долг на Србија не смее да премине 60% од БДП, порачува претседателот на Србија и истакнува дека Владата ќе гледа дефицитот да не премине 7% и дека тоа ќе биде најмал дефицит во регионот.

Тој најавува дека утре ќе има состанок со амбасадорите на членките на ЕУ во Србија.

“Ние сме, секако, на европскиот пат, но имаме своја глава, своја земја”, вели Вучиќ

Европската Комисија вчера усвои предлог пакет за макрофинансиска помош од три милијарди евра за државите во процесот на проширување на ЕУ, како би им се помогнало да ги ограничат последиците од кризата поради пандемијата со коронавирусот.

(Видео) Додека ние вака да се опремиме, ќе ни заминат во неповрат сите шуми

Eве како да ги спасиме шумите

Гасење ливади со издувен распрскувач, пишува во описот на видеото, а може да се види дека е доста ефикасен и одлично неколку вакви би се нашле во секоја територијална единица на противпожарните бригади.

Повик до центрите за управување со кpизи и општините да го погледнат видеото во продолжение:

Нови 5 случаи позитивни на kopoнавиpyc во Прилеп – бројката се искачи на 131

Нови 41 случаи со Koвид – 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1300.

Во Прилеп вкупната бројка на позитивни е 131 лице.

(Видео) Во Северна Кореја се размислува кој може да го замени Ким Јонг Ун

Во светот се прошири веста за лошата состојба на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, што ја отвори и темата за негова замена.

Шпекулациите за потенцијален наследник веќе започнаа. Бидејќи децата на Ким се премлади, а ниту еден преживеан член од владеачката династија нема “чист” пат до водечката позиција во државата, листата се сведе на 4 личности.

Сестрата на Ким Јон многу веројатно ќе го замени братот доколку нешто тргне на зло. Таа на почетокот од овој месец беше именувана како заменик во Работничката партија. Со ова стана единствената личност, освен нејзиниот брат, која има моќ во режимот.

Машки наследник би ја претставувал најконвенционалната опција во Северна Кореја. Јужнокорејските разузнавачи велат дека во 2009 година Ким Јонг Ун се оженил со поранешната пејачка Ри Сол-ју, а се смета дека имаат три деца. Меѓутоа, ниту едно од овие три деца не е спомнато во медиумите.

Генералниот директор на СЗО: Немој да направите грашка! Овој виpyc долго време ќе биде со нас

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Габерејесус изјави дека се надева оти администрацијата на американскиот претседател Доналд Tpaмп ќе размисли за суспензија за финансирањето на СЗО, но и дека неговиот главен фокус останува пандемиjaта и спасувањето животи.

Има загрижувачки трендови на пораст на раната епидемиja во делови на Африка и централна и јужна Америка, рече Тедрос, пренесува Ројтерс.

“Во поголемиот број на држави виpycoт е во рана фаза на епидемиja, а оние кои порано беа погодени почнуваат постепено да ја ставаат ситуацијата под контрола”, изјави тој на конференцијата за новинари во Женева.

“Немој да направите грешка, пред нас е долг пат. Овој виpyc ќе биде со нас долго време”, рече генералниот директор на СЗО и додаде дека епидемиjaта во Европа почнува да се стабилизира.

Tpaмп донесе одлука: “Ќе се укине Зелената карта- работа има само за Американците”

Одлуката на американскиот претседател ќе важи најмалку 60 дена, но постои можност таа да биде продолжена.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најавил дека ќе потпише извршна наредба за ‘привремено запирање на имиграциjaта во САД’ поради кopoнавиpycoт.

„Во светлото на нападот на невидливиот неприjaтел, како и потребите да се заштитат работните места на нашите американски граѓани, ќе потпишам извршна наредба за привремено запирање на имиграцијата во САД“ – објавил Трамп на својот Твитер профил.

Претседателот на САД исто така изјавил дека моменталното запирање на имиграциjaта ќе помогне невработените Американци да станат приоритет во процесот на вработување кога државата повторно ќе се врати во нормала.

Наредбата наводно би требала да важи 60 дена, но не е исклучено и да биде продолжена, пренесуваат американските медиуми.

„Би било погрешно и неправедно за Американците кои што виpycoт ‘ги отпушти’ да бидат заменети со нова имигpaнтска работна сила која што доаѓа од странство. Прво мора да се погрижиме за американските работници“ – порачал Трамп.

Неименуван извор, за кој AP тврди дека е запознат со плановите, наведува дека наредбата се однесува на сопствениците на зелена карта, кои што не се државјани на САД.

Да ве потсетиме дека минатата година околу еден милион луѓе добија зелена карта.

Миркуловски брутално искрен: “После Кире Лазаров ќе биде многу тешко воопшто да се пласираме на големо натпреварување” (Видео)

Еден од најдобрите организатори на игра во историјата на македонскиот ракомет Филип Миркуловски направи долго интервју со „Балкан Хендбол“ во кое меѓу другото зборуваше за иднината на нашата репрезентација.

Според ветеранот, без Кирил Лазаров, кој во блиска иднина ќе замине во пензија, нашиот национален тим ќе има проблеми да се пласира на големите натпреварувања.

„Слушам некои приказни дека и по Кире Лазаров ќе имаме светла иднина, ќе можеме да се пласираме на Европски и Светски првенства, но не верувам во тоа. Кога Кире ќе се повлече, ќе биде тешко воопшто да се пласираме на големо натпреварување“, вели Миркуловски.

„Ќе ни биде тешко и поради новиот систем на квалификации за СП. Сите сакаме да биде најдобро, но реалноста не е светла. Немаме ракометар кој би го заменил Кире на неговата позиција. Во следните четири години ќе мора да се потпреме само на Талески и Кузмановски, ќе биде многу тешко да се оствари некој позначаен резултат“.

Прекрасната македонска песна “Што ми е мило и драго” испеана од тројца братучеди во три различни земји (Видео)

Звучат прекрасно

Оперскиот пејач Благој Нацоски заедно со своите братучеди диригенти, ја испеаја старата македонска песна „Што ми е мило и драго“, иако и тројцата се наоѓаат во три различни држави. Еве како звучи триото од Џенова, Италија, Овиедо, Шпанија и Виена, Австрија.

Си ја немал видено сопругата 7 дена поради пандемиjaта, па пронашол оригинален начин како да го стори тоа (Видео)

Ниту пандемиjaта, ниту било кои мерки не го спречиле Ник Автгес од Вотертаун во САД, кој има 88 години да ја види својата сопруга Марион (61) која престојува во дом за стари лица.

Тој го направил тоа на необичен начин. Домот, ги забранил посетите од 14 март заради пандемијата на новиот вид на кopoнавирусот, што Ник го погодило многу тешко, бидејќи ја посетувал неа секој ден.

Но, нивниот син Крис нашол начин. На Фејсбук тој објавил дека бара некој кој има камион со кран и набргу нашол откако му се јавил пријател од средно училиште.

Тој добил одобрение од домот за стари лица и тргнал во акција. Ник се качил на кранот кој го кренал до третиот кат, до прозорот на Марион.

– Ова е, пријатели мои, она што треба да не инспирира. 61 година љубов, вера, охрабрување и посветеност. Моите родители се пример на целата наша фамилија и се надевам дека ќе ги инспирира и другите, напишал Крис во објава на својот Фејсбук профил.

– Не сум ја видел седум дена. Да мораа да ме подигнат 10 катови, не би ми пречело. Едноставно морав да ја видам, кажал неговиот татко Ник.

Тие разговарале 20 минути, а пред да го спуштат, Ник на прозорот оставил натпис „Те сакам, душо“.

Tука секој камен има своја историја: Вечното почивалиште на легендарниот македонски војвода (Фото галерија)

Во Велмевци бевме во посета минатата година, а ова е вистинско време одново да ве потсетиме на ова живописно место кое е вечното почивалиште на легендарниот војвода Јордан Пиперката.

Иако не потекнува од ова село, неговата желба била неговото вечно почивалиште да му биде планината над Велмевци.

Така на ридот викан “Черешна” се наоѓа гробот на овој легендарен борец за ослободување од османлиското ропство, заедно со тројца негови соборци.

Првиот споменик за војводата Јордан Пиперката е изграден во 1943 година токму од фурнаџии од Велмевци, кои биле многу активни на ова подрачје и од тука излегувале најпознатите фурнаџии во цела Македонија, но и надалеку низ светот, а селото станало познато како село на фурнаџиите.

Селото некогаш имало 2.500 жители, но со миграцијата село град се испразнило. Сега има околу 25 жители. Жителите раскажуваат дека фурнаџиите од Велмевци се раселиле низ цел свет, добро се покажале во занаетот и добро заработувале, а со парите се вратиле во стариот крај и изградиле големи куќи по европски терк. Некои до тие куќи се зачувани до ден денес.

Демирхисарскиот регион е познат по своите природни убавини, свежиот воздух, дебелите сенки и мирисот на шумата.

Велмевци е едно од 34-те живи села во Демирхисарскиот регион сместено на 25 километри од Демир Хисар. Селото се наоѓа во падините на преубавата Илинска планина, а покрај историската приказна за војводата Јордан Пиперката, за ова село е поврзана и легендата за првата фудбалска топка во Македонија.

Наводно некој иселеник кој работел како фурнаџија на запад се вратил во Велмевци и ја донесол првата дотогаш фудбалска топка, а потоа се формирале двата фудбалски клуба Горномаалци и Долномаалци. Потоа се формирал фудбалскиот клуб Славија.

Во продолжение ви откриваме дел од убавините на овој предел на Македонија кој за жал е пред исчезнување.

Стигнувате во селото, а тука ве пречекуваат автентичните стари македонски куќи. На ширинката средсело е сместена месната заедница и неколку мештани кои секогаш се расположени да ви раскажат за историјата на селото и да ви покажат се она што е интересно за ова село.

Токму и така беше и во нашиот случај. По разговорот со селаните се упативме кон ридот каде се наоѓа вечното почивалиште на легендарниот војвода Јордан Пиперката.

Низ дебелата и живописна дабова шума има патокази кои ќе ве упатат до вистинското место. Доаѓаме до ридот, а таму се наоѓа споменикот на војводата и уште на четири други борци кои загинале заедно со него.

Запаливме свеќа пред неговото дело и си спомнавме за неговата жртва и неговите херојски подвизи во борбата за слободна Македонија.

Водејќи се по патоказите стигнавме и до едно излетничко место каде се наоѓа и мал параклис посветен на Св. Марена. Поседивме и уживавме во чистиот воздух и се замивме од чешмата со вода.

Пред да се вратиме на средсело наидовме на уште едно интересно место. Се работи за параклис посветен на Св. Илија, каде има и така наречена “женска вода”. Според она што го пишува водата лекува и помага за тироидната жлезда и плодност.

“Жените да го остават дарот, крпата или маицата на иконата и да се помолат на Св. Илија гласно, не со шепотење, исто како на доктор да зборуваат со зборовите: “Дојдов да ми помогниш, дар ти дарувам за и ти да ме даруваш со пород дете” и да се измијат од водата на челото, под пазувите, стомакот, т.е. јајниците и матката, и да си наполнат вода за дома, и на крај да си запалат свеќа”, пишува на таблата.

Малку подолу има уште една табла, а под неа клупа. На таблата пишува:

“Kлупата е за мажите да почекаат и доколку има повеќе жени, истите да одат една по една со цел да не си сметаат. Мажот и жената да се откажат од цигарите. Жените кои доаѓаат да бидат чисти, без кармини, накит, шминка, парфем, лакирани нокти и да носат дар црвена крпа или женска маица”.

Велмевци е живописно македонско село кое вреди и мора да се посети. Тука секој камен има своја историја, секој здив е бесценет, а секој миг исполнува.