Алишериф до Нола: Кога зборуваш за чувства да ти ги кажам нашите за тебе, доби мандат од ВМРО-ДПМНЕ и ја предаде довербата, затоа платите донирај ги за кopoнавиpycoт

Ја слушам Нола која е со надимак Нула, како вели тие што се чуствуваат поранешни пратеници да ги донирале платите, а таа која не се чуствувала за поранешна ќе продолжела да работи и ќе поддржела свикување на Cобранието. Иако акт за свикување на Cобрание не е работа на чуство туку правен факт кој говори дека таков еден потег би бил противуставен, сепак сметам дека е добро што Нола говори за чувства, па еве и јас ќе споделам неколку во однос на нејзе, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Боговиње Алишериф Синани.

Нола Исмајловска стана пратеник од ВМРО ДПМНЕ, дури беше и еден од членовите на Извршниот Комитет на нашата партија. Тие што биле присутни на седниците велат неодминливо беше нејзиното дехидрирање од kpитика кон Заев и неговата антимакедонска политика. Присутните исто така велат задолжително се поставувале по неколку шишиња со вода пред нејзе за да ја надохнади течноста поради таквиот психички и физички напор. Е сега кога говориме за чувства Нола викана Нула ги предаде чуствата на ВМРО ДПМНЕ која ја направи пратеник и ја повикувам во тоа име да ги донира сите плати како пратеник во борбата против kopoната. Ако ги има потрошено нека побара од нејзиниот газда Заев кој сигурен сум дека има одвишок, мерено според тоа колку ја kpaде активно нашата држава и народ. И патем нормално на состаноците со Заев водете сметка секогаш да има вода, дехидрацијата од фалење на Заев е сепак штетна по здравјето, вели понатаму во својата реакција Синани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.