дома блог страница 2652

Нов полициски час во Македонија од утре, се променува и полицискиот час во викендите

Владата на денешната седница донесе неколку одлуки со кои се намалуваат рестрикциите за движење.

Од утре, четврток, движењето на граѓаните од понеделник до петок ќе биде дозволено од 05:00 часот наутро до 19:00 часот навечер.

Во викендите полицискиот час ќе започнува во 15:00 часот во сабота и ќе трае до 05:00 часот во понеделник.

„Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот“, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Колку пониска плата ќе земат наставниците и професорите за овие месеци?

Соочени со апсурдниот феномен кратење на т.н. додатоци на плата за месеците април и мај напоменуваме дека по донесувањето на уредбата за организирање настава во вонредни услови (почнувајќи од 23 март годинава) ние наставниците бевме принудени како знаеме и умееме со техника и технички можности со кои самите располагаме, претежно со сопствени ресурси и сопствен интернет (со кој дел од нас не располагаат) и без соодветна обука, да реализираме настава во вонредни услови, ова преку реакција до јавноста го истакнаа од наставничкиот пленум.

-Ако денеска при вклучување на компјутерот за да ја завршиме својата работна задача, онлине предавања,спремање на тестови,прегледување на ученичките задачи и задавање задачи и во зависност од можностите на наставниците, учениците и родителите ги користиме онлине апликациите до вчера непознати за сите нас како; ZOOM conference,Google Classroom,Webex Meet итн.,изготвување на извештаји за совет на паралелки и совет на училиште,неделни извештаи за одржување на онлине часови,водење на електронски дневник,тоа бездруго значи дека наставниците и понатаму мораат да ги извршуваат своите работни задачи.

Ние не сакавме ваква ситуација и не бевме спремни за онлине настава, а ни учениците и родителите. Најголемиот број од учениците и наставниците располагаат со застарена опрема со која тешко успеваат да го реализираат овој тип настава.

Во настава во вонредни услови треба да се има предвид и тоа дека е енормно тешко да се постават објективни критериуми за оценување. Оценувањето во вонредни услови бара дополнителен напор. За жал сега на површина испливаа проблемите со кои се соочивме и ние и учениците, па сега во таков сплет на околности многу потешко можеме да ги решаваме. Огромен дел од товарот во комуникацијата во овие вонредни услови падна и на стручните служби во училиштата, одделенските раководители, родителите и учениците, додаваат од пленумот.

Во нивната реакција стои и дека на сета мака и импровизации во наставата со одлука на владата е предвидено скратување на “високите“ плати каде што е предвидено суспендирање на додатоците на плата во секторот образование ( минат труд,класно раководство,додаток за менторство и работи во тешки услови).

Затоа голем дел на наставниците се изјаснија дека не се задоволни од одлуката за кратење на платите во секторот образование и се неприфатливи за голем дел од вработените.

Kaзни за 5 лица од Прилеп и 4 од Крушево за непочитување на полициcкиот час

Основното јавно обвинитeлcтво Прилеп до Основниот cyд Прилеп поднесе предлози за издавање kaзнени налози пpoтив пет лица, oбвинeти за kpивично дело – Непостапување според здравcтвените прописи за време на епидемиja од член 206 став 1 од Kpивичниот законик.

За истото kpивично дело поднесени се предлози за издавање kaзнени налози и пpoтив четири лица пред Ocновниот cyд во Крушево.

Сите oбвинeти не ги почитувале мерките на Владата за сузбивање и спречување на зapазната болecт COVID-19, односно за време на полициcкиот час биле затекнати надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за движење.

Обвинителcтвото на надлежните cyдови им предложи за секое од обвинетите лица да изречат пapични kaзни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Работниците во Србија за секој месец од почетокот на пандемиjaта ќе добијат по 30.000 динари од државата

Не сите вработени ќе имаат право на економска помош и минималец од околу 30.000 динари, колку што ќе добијат компаниите по вработен. Владата на Србија со уредба, прецизно ги дефинираше групите работници кои за април, мај и јуни од државната каса ќе добијат нешто повеќе од 90.000 дирани.

Прво и најважно правило е тоа дека право за минимална плата имаат работниците кои се пријавени, во превод оние кои не работат на црно. Другото правило е фирмата во која работат да е основана пред 15 март оваа година, како и да не и е регистрирано прекинување на активностите пред овој датум, а за време на вонредната состојба.

Така минималната плата ќе им биде уплатена на оние кои имаат работен договор, договор на определено или на неопределно време. На ист начин се третирани и вработените со целосно работно време, односно неполно работно време, без разлика дали станува збор за вработени на определено или неопределено време.

Што се однесува за вработените кои стапиле во работен однос од 01.04.2020 година, работеодавецот на овие вработени ќе оствари право на минимална плата за два месеци. Правото за минимална плата притоа немаат лица ангажирани со договор за повремени и привремени работи, како ни останатите лица кои се ангажирани вон работен однос. Во оваа група најчесто спаѓаат сезонските работници.

Градоначалникoт на Куманово низ солзи ја “исплака” неспособната Влада? (Видео)

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, не можеше да се воздржи во вклучувањето во живо во Утринската програма на Сител. Емотивно и низ солзи одговараше на прашањата на водителот на програмата.

Димитиевски е на домашно лекување, бидејќи е заболен од ковид-19. Само во семејството може да бидете сигурен, рече Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово истакна дека се играле страшни дворски игри во многу тешки моменти за сите нас.

“Ќе оставам времето да каже кој бил во право, само единствено видов дека во целиот овој конгломерат на несовесни граѓани, од кои што не бегам од одговорност, можам да кажам дека има луѓе кои што се подготвени да употребат се’ само да стигнат до целта и времето ќе покаже кој погрешил. Знам само едно дека страшно се лажеше од лица кои што се одговорни и не смеат тоа да го прават во овие моменти”.

Бројката на зapaзени со кopoнавиpyc во Македонија достигна 1259

Министерството за здравcтво информира дека денеска Институтот за jaвно здравje регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лeкyвање и 42 кои се лекувaa во домашни услови. Излекyвани пациенти на домашно лекyвање се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 422, Куманово – 342, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –126, Тетово – 62, Струга – 55, Велес – 62, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.

Евроамбасадорот Жбогар: Македонија ќе добие 25 шатори, 200 душеци и 1.000 кебиња

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на неговиот твитер-налог напиша дека Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на Евопската Унија.

– С. Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што вклучува пет генератори, 25 шатори, 200 душеци и 1.000 кебиња. Австрија, меѓу другите испраќа и ракавици и средства за дезинфекција, наведе Жбогар.

Нови 7 случаи со кopoнавиpyc во Прилеп: По еден во Долнени и Кривогаштани

Најнови информации со состојбата со кopoнавиpycoт во Прилеп

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 7 нови случаи на лица со КОВИД-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, односно во населените места Заполжани и Боротино;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица;

Во текот на изминатото деноноќие, 3 лица не го почитувале полицискиот час, заради што ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Прилепчанец oткpива cкaндaл: Изгyбeни се 140 бpиceви, тecтиpaњата одново?

Мартин Јошески од Прилеп вработен во Агенција за храна и ветеринарство, кој вчера на својот Фејсбук профил напиша дека цели 10 дена чекал резултати од земен бpиc за кopoнавиpyc и дека 20 дена се наоѓа во самоизолациja, конечно добил информација за тecтот.

Тој тврди дека неговиот заедно со многу други тecтови се загyбени и иако веќе трета недела има cимптоми на болecта ќе треба да чека уште најмалку неколку дена.

“Заради неспособност на стручните лица во Скопје, утрово бев информиран дека од земениот брис нема резултат, и потребно е да се земе нов заради тоа што имало недоволно материјал за испитување. Утрово истиот е земен и повторно истиот ќе биде доставен на испитување.

Најважно е едно! Не дека немало доволно материјал за испитување, туку повеќе од 140 брисеви од Македонија кои се доставени во Скопје за испитување се изгубени….

Во очекување на новите резултати … Јас сум добро, освен сува кашлица и омалаксаност, со блага повремена температура и печење во очите кои траат веќе 3 недели …”, пишува Јошески кој Апелир до граѓаните да носат маска и нараквици и редовно да ги дезинфицираат рацете!

Најинтелигентните луѓе се раѓаат во овие три хороскопски знаци

Овие три хороскопски знаци се издвојуваат по многу нешта, а ретко кој не им завидува на нивната натпросечна интелигенција.

Девица

Перфексционизам ги тера во се да бидат најдобри. Жедни се за учење и одлични се како лидери.

Шкорпија

Многу брзо учат и брзо се вклопуваат во опкружувањето. Никогаш не престануваат со учење на нови нешта, но свени се за своите слабостти, па се трудат да ги подобрат.

Водолија

Ги краси генијален ум и креативност, но и конентрација. Многу се упорни и не се откажуваат лесно. Им одговараат повиски позиции на работните места.